н:наградени раскази
март:2006
Во март добивме 53 раскази од 39 автори (во февруари односот беше: 48
раскази од 26 автори). Просечното ниво на испратените раскази беше малку
пониско од претходниот месец, но со својот квалитет сепак се издвоија
десетина раскази. Петчленото жири (Искра
Гешоска, Никола Гелевски, Роберт Алаѓозовски, Владимир Јанковски и Бранко
Прља) на следниов начин реши да ги распредели наградите:
За најдобро оценет го прогласивме “Луѓе на кои не им се отвора
падобранот” од Алекс Букарски.
Второто место го делат Ирена Поповска (“Зимски ден”)
и WORM (“Лопатар”).
Третото место го доби расказот “Облици на осамата”
од Ирена Цветковиќ.
Меѓу подобрите раскази, кои ќе влезат и во првиот број на списанието
Маргина за 2006, се издвоија следниве: “Подводен воајеризам”
од А. Арбреров, “Бенјамин”
од Кристина Гацова, “Станувајќи Ќелепур”
од Купус Деликти, “Во потрага по Јан Ман”
од Fish-er и “Пак”
од WORM.
Би сакале да укажеме и на уште неколку посолидни раскази; “Човекот со црв”
од Анета Василева, “Зад завесата”
од Ѓорѓи Крстевски, “Анална фиксација”
од Марјан Минов, “Трите погреби на совеста”
од А. Арбреров, “Шпански серии”
од Цветан Јакимов...
Наградените своите награди можат да ги подигнат во културниот центар Точка
(Илинденска 38, Скопје ; 02 3215494).
Погледнете ги досега објавените
Маргини и прозни книги од
едицијата Магма.
о:образложение
н:наградени
раскази
м:меѓу
најдобрите
у:уште
неколку добри раскази
с:слабости
:::::а:п:р:и:л:с:к:и::к:о:н:к:у:р:с:::::
Ви благодариме
за одзивот и ве покануваме да учествувате во конкурсот и следните месеци.
Оние автори што не беа добро оценети при следните конкурирања можат да се
пријават и под псевдоними, доколку сметаат дека на жирито може да влијае
лошата импресија од некој стар расказ. Од наша страна, ние ќе се потрудиме
повремено да внесуваме и нови луѓе во жирито, колку да се задржи свежината
и ентузијазмот.
Во април малку ги менуваме условите за конкурсот: ограничувањето е 5.400
карактери или околу 3 страници. Најдобрите мартовски раскази исто
така, како и февруарските, ќе влезат и ќе бидат хонорирани во првиот број
на Маргина за 2006 година! Среќно, храбро и со
усул!