март
к:купус деликти
с:станувајќи Ќелепур
-
Абе копиљ – му свикаа на малиот Казан тројцата рекетари од друштвото
„Тринити рекет компани“ маскирани во националисти во дворот на градинката.
– Оди ваму бе. Како се викаш? А? А? – агресивно, ококорен ко кокос и со
проширени зеници во зенитот на невозата запраша еден од нив. – Збори бе,
не ме глеј, да не ти збумбарам една, збитак еден!
- Казан.. Казанче.. – со очебиен уплав му врати малиот..
- Презиме бе копиљ!
- Казан.. Тефлонски..
- Тефлонски, а..? Одговарај!
- Епа Тефлонски.. – веќе детето беше бледолико ко пешкир од страв пред
викотниците на рекетарите.
- Ти бе копиљ Ќелепур да не си? Абе вие Ќелепурите државата ја ебавте бе,
ќелеш ќумуросан! – се разурлаа тие со уште позапрепастувачки тон кој
страшно потсеќаше на криковите на демоните во кошмарите кои обично ги
прогонуваат малите деца.
- Не.. не знам што е Ќелепур – веќе со насолзени очи, видно
истрауматизиран, пропетелчи Казанче.
- Абе ќерата ќелепурска, издаицо на народот! – свика првиот од рекетарите
и му залепи една жешка, жестока, жабарска преку лице. – Татко ти ќелав е
бе?
- Ама јас не знам што е тоа Ќелепур и татко ми не е ќелав.. – веќе липајќи
промумла малиот.
- Абе види си ги ќебапите од прсти бе, Ќемал Архи Ќелепур низаеден! – му
свика вториот и му удри тупаница во тилот. Казан падна на земи во
бессознание, косата му беше разбушавена ко зелка а на лицето имаше видни
белези од ударите.
- Шо ќењкаш бе? Абе вие Ќелепурите само ќењкате бе, ќепец, ќецаш. – промри
третиот, ама се сожали и го остави да лежи на милост и немилост на
мршојадците од сеирџичиња околу него.
Попладнето дојде помодрен дома. На мајка си, која беше шокирана од
глетката, не и` долови пластично за пламенитото пладне во училиштето, само
и` рече:
- Од денес јас сум Ќелепур.