т:темплум  


март

ј:
јакимов цветан


г:
години: 21
п:професија: студент на електротехнички факултет, Скопје
и:интереси: филмска уметност, читање, наука и тако даље
д
:досега објавено: немам ништо објавено до сега. Ова ми е прв текст
н:нешто за себе: незнам што да кажам, ништо не ми текнува моментално... ако дојде до тоа, ќе кажам дополнително



ш:шпански серии

Во едно малечко градче си живејало малечко семејство. Таткото, глава на семејството, поголем дел од денот се обидуваше да обезбеди некаква егзистенција, така што чоекот ногу малку време си седеше дома. Мајката, проста женичка, со средно образование се мачеше колку шо можеше да помогне во обезбедување средства за преживување. Ќерката, девојка у најубавите години, (имаше едно 15-16 години) си го живееше нејзинио живот како шо си знаеше и умееше. Синот, мoмак на околу 21 година, припадник на една бедна класа луѓе шо у народо беа познати под името студенти или културно кажано академски луѓе, се обидуваше шо поскоро да си го заврши факултето. Се беше убо кај нив, си живееја срекно и весело колку шо можеа да си дозволат, се до еден ден кога почнаа да се случуваат чудни работи у семејството. Синот почна да забележува дека мајка му и сестра му у термино од 12 до 15 саато секој ден седеа пред телевизоро у лежечи став и се ѕвереа у него, со чудни воздишки и извици на секои 5 мин, али он не се замараше ногу со тоа. Но кога мајка му и сестра му почнаа да прават чудни муабети и да спомнуваат некоја си Ана Марија, Фернандо, Фелипе, Рамон, Кони, Беатрис и како Рамон и Ана Марија се сакале ногу али после испадноло дека биле брат и сестра па како некој се мажи се испотепале меѓу себе оти еднио сакал да му ја земе жената на другио реши да отркрие шо се случува. Утредента сино у термино коа мајка му и сестра му седеле пред телевизоро и он застанал да види шо гледаат. И шо да види, мајка му и сестра му гледале шпански серии и дошол до заклучок дека биле ногу опседнати со тие серии шо им немало чаре и се плашел да не напраат некоја беља оти имал слушнано како некоја мома која била заразена ногу од овиа серии сакала да се отепа оти дечкото ја оставил оти у некоја серија се имало дешено истото. Но друшките на таа мома ја кажале на татко и така она не се утепала оти татко и и го удрил стапо по газо. Сино решил сам да ги одвикне од овиа серии. Прво шо почнал да праве е да го крие далинското од телевизоро и како реакција на овој чин следеле моментални вербални пресметки со мајка му и сестра му али прекинале кога мајка му открила дека од копчињата на телевизоро може да се мењат програми па срекна заедно со керката пак си продолжиле со гледање. Двете биле ногу опседнати со овие серии. Мајката на секој 5 мин гледала на саато кога ќе и почне серијата, сестрата по 3саати киснела на телофоно раскажувајки ги сериите и предвидувајки шо ќе се случи у наредната со особа шо била на другата страна од телефоно највероватно исто така заразена со овиа серии, а и двете ногу пати у дено седеле и праеле муабет за овие серии така шо веке почнала да забегуаат од реалнио живот и да преминуваат у живот наречен “шпански серии”. Синот, кој бил ногу упорен дечко, не се откажувал лесно оти ногу ги сакал мајка му и сестра му и срцето му се кинело коа ги гледал такви и се нервирал ногу. Решил со зборои да и објасни дека не чини да гледаат такви серии оти били ногу лоши по здравјето на чоеко, ама јок бре и по 3 саати зборење, мајката и керката си останале на истото: они ќе си гледаат серии а он шо сака нека прае друго. На сино му пукнува филмо и зима ги затвара у собата дек шо се седеле а он си седнал у другата соба и чекал да помине термино коа ќе завршат сериите па да ги отклучи. Ама, бидејки и мајката и керката веќе биле у доцна фаза на заразеност од овиа серии, не можеле да се помират со судбината дека нема да можат да видат дали Родриго и Флоресита ќе се земат за маж и жена, почнале да кубат коси, да урлаат ко некој ненормални, да кршат се живо и диво низ собата па дури почнале и вратата да ја кршат и да лупаат по неа. Сино се исплашил од ваа реакција на двете жени и ја отворил врата на што следувало мавање ќотек од страна на мајка му и кубење на косата од страна на сестра му проследено со вербални изливи на емоции бидејки не виделе дали Родриго и Флосерита се земале.
Сино изнервиран ради изедениот котеќ и неколкуте влакна без кои останал, земал ножо од фиоката и го пресчел кабело шо му давал струја на телевизоро и избегал од страх да не изеде уште некој котеќ од мајка му ради овој чин на сечење кабел. После 5-6 саата скитање низ градо се врака дома и го пречекува татко му со урлање з’ш го пресчел кабело за струјата на телевизоро и он поради тоа не можел да гледа фудбал а плус тоа уплатил и спортска и не можел на телетексо да ги виде резултатите а дошло и до јадење на два шамара ради тоа.
Сино веке разочаран од ситуација у неговото семејство шо настанала поради овиа серии се откажал од неговата хуманитарна мисија да ги спаси мајка му и сестра му и се помирил со судбината шо ги снајдела мајка му и сестра му со надеж и желба дека еден ден ке се опаметат и нема да гледаа вакви срања на телевизоро и дошол до заклучок дека ако некој се зарази со шпански серии му нема спас оти тоа било полошо и од сидата,од сида може да умреш а од оваа немало умирачка освен ако не земеш сам да ги отепаш тие шо се заразени.
И така ова доскоро срекно семејство преминало у несрекно благодарение на Раул, Флоресита, Фернанда, Карлос и други.

    e:електролит конкурс
       
     
  а:актуелен конкурс   а:архива на конкурси
  р:рокови   д:досегашни конкурси
  п:праќање   н:награди
  а:автори   з:застапени автори
  р:раскази   з:застапени раскази
  н:наградени раскази   н:наградени раскази
  в:ваш избор   в:ваш избор
       
       
  д:други текстови   в:вон конкуренција
  п:праќајте ни други текстови (песни, есеи, рецензии...) кои не спаѓаат во рамките на нашиот конкурс...


 
 
     
  в:ваши предлози  
 

п:прашања







































































 

  д:дома