т:темплум  


март

f:
fish-er


г:години:33
д:досега објавено:ништо забележително
e-mail: janes@mail.net.mk


с:
смрт за уводите
(...дел од увод)


...Не ми е намерата да судам, но аман бе, не се издржува, како еден да ги пишувал сите уводи! Па можеби и не сум далеку од вистината зашто веројатно сите цицале од ист извор, но не можеле да го видат тоа зашто за друго не ни знаеле.
И што сега?
Ќе згушам со некоја филозофија за тоа како едно води кон друго, како неможе или многу е тешко да се оттргнеш од коренот на твојата закоравеност, посебно ако си ги вшмукувал жедно до последна пот сите сокови од околната почва и така си растел и само така си гранел, па сега за да се смени нешто потребна е трансфузија. А групите на сокови потребни за трансфузијта, не се совпаѓаат со ниту една друга група освен со овоземните, а овоземните не ти се потребни зашто ти се во идентитетот, а токму тоа е она што сакаш да го смениш. Згора на сето тоа, антителата полипно се мрежат создавајќи вакум што изолира - изолира до крај, изолира од почеток.
И се така дури другиот од вистинската страна на листот не замине или не си го тргни ножот.
И што сега - од играчка плачка:
- дебатни сесии, анкети, колумни и какви уште не ќе измисли опшеството механизми (“за заштита на граѓаните”- молим ти се лепо) и се во функција за заштита на читателот или за контра удар на јадниот автор. Јаден ли е тој или не, најјадно во сето тоа е што за тоа ценат од јадниот појадните а не заминатите или во најлош случај закланите.
Во секој случај ебаниот останува ебан.
А како сега да му помогниме или да си помогниме?
Најдобро е самиот јадник и самиот заминат да седнат и да ја изанализираат целата ситуација, но проблемот е во тоа што јадник е еден а заминати безброј, е тука опшеството поставува сувопарни правила кои во никој случај неможе да се применат сега и овде зашто се едноставно сувопарни. Од друга страна пак, не сум сретнал досега некој да се заниша за ова, а мене ми изгледа толку страшно што почнувам да мислам дека или проблемот е во мене или “матрицата” си ја свршила својата работа речиси перфектно. За матрицата нека кажуваат “Ваховци” како екслузивци, а јас ќе кажам за болните уводи и бламирачко безличните описи кои следат потоа. Во сето тоа сивило незнаеш што е побезлично, дали начинот како е тоа кажано или монотонијата на истоста при изборот на зборови со која се користат јадниците.
                -Трешти во крик урбаниот копнеж.
                А околу само белилото од заслепената светлина
                успева да вирее бескорено,
                концентрирано од сенешто и единствено.
                Ветвата белина
                низ вечното белило се повторува.
                Безличните белини
                во вечното белило се уобличуваат
                а толку малку усеничуваат
                а толку повеќе се аморфни
                и исчезнуваат, а се забележуваат.
                Пласти белилото вечити сеќавања.
                Тежни белилото околу светлината
                заслепено од делот на својата бесконечна...
                Белост.

Сега види ваму.
Дали треба тука да престанам за да не се фатам во сопствената стапица или има уште нешто што треба да се каже?
Тоа е сигурно прашањето што си го поставувале сите пред мене.
А го одговориле ли?
.
                -Сега скрстен се думам да мижам
                и...
                Мижам!
                А што?
                Во думата е сонот.
                Сето арно ама јас мижам.
                А може ли да думам и мижам?
                А што ако во сонот е думата?
                Тогаш ќе мижам и думам.

Значи ли ова дека треба да легнам да сонувам или дека треба да седнам и да мислам.
А, да мислев сонувајќи или мислејќи да сонував?
Види сега беља.
Како и да е или ќе останам ненаспан или замислен, а јас само сакав да бидам незамислено наспан. Велат сонот уморувал. Е ако е така, тогаш кај да е јас ќе папсам.
Но чекај малку, ако сонуваш со отворени очи, како се рачуна тогаш?
Незнам што очекувам да ми кажат и кој тоа знае да ми каже.
Уморен сум или не?
Не сум!
Кој тоа нас сака да ни каже дека думата уморува?
Па истите тие појадни од јадните и ако прашаш што им е целта тогаш ќе ти кажам дека целта им е иста: - да не умртват во моментот на самата идеја, за да немаат понатаму мака да не преобратат.
Нас сеуште не има, значи не успеале!
...



в:во потрага по јан ман

А долината не беше цела негова.
Тој беше задоволен од неа, но не и од себе.
Исправен, но не и горд, тој се викаше Јан Ман.
На Јан Ман, никако не му се допаѓаше тоа што го гледа кога ќе се наведнеше, а се наведнуваше постојано откако го сретна Литро Пан. Распослан околу и постојано во журба, тој се викаше Литро Пан. Литро Пан неможеше да се изначуди што тоа се случува со неговиот компа и просто немаше капацитет да ја дефинира маката на својот (од некаде, а од каде и до каде сеуште не знаеше) придружник.
Немаше или несакаше?
Литро Пан со својата осредност оддаваше впечаток на меланхолично еднолична и најчесто посредна појава. Дотолку повеќе Јан Ман, иако окупиран со својата себенегација на моменти подзастануваше и огледувајќи се во својата придружба се прашуваше: зашто е тој оној што мора да го следи движењето на Литро Пан кога овој ни за момент не подзастанува, а згора на тоа и многу често му ја расипува перспективата иако знае дека тоа многу го нервира, можеби дури и повеќе од самото тоа што Јан Ман неможеше да ја реши дилемата за својата појава. Кога сме веќе кај тоа, неговата појава беше сосема нормална, само што Јан Ман несакаше да ја прифати реалноста на своите големи уши и сплескан нос.
Но, така се и започна...
“Ќе застанам” - си помисли.
“Се отепав од трчање”!
“ Па што ако останам сам”?
“Како да сум сам и сега”.
“Откако се сретнавме со Литро Пан ми нема проговорено ни збор, а кога ќе се навратам наназад му немам ни јас нему. А од каде тогаш знам дека се вика Литро Пан”?
Хм... чудно!?
“Ќе продолжам уште малку” - се премисли Јан Ман.
Во не толку далечната близина се вишеше рид, така поставен небаре е откапок од свеќа, а во неговото подножје се ѕиркаше не толку голем црн понор, кој со својата чистота повикуваше на предизвик. Замаен од тоа, за момент заборави на битката со себе во која во добар дел Литро Пан му одмагаше, ( кога и да погледнеше во него некако му се чинеше како да се гледа себеси дури и малку подискривен), или можеби му помагаше да се соочи со сопствената реалност.
Како и да е ...
На момент заборави на Литро Пан, но на понорот никако неможеше да заборави. Некако го влечеше да ја проголта неговата утроба што му се чинеше топла и трчаше кон неа иако сакаше да сопри. За момент се обѕирна околу себе барајќи одговор од каде доаѓа таа хипноза, но се што успеа да долови беше присуството на Литро Пан кој иташе кон истиот понор, со таа разлика што него како тоа и да му беше целта.
Не застануваа и обајцата
Едниот обезглавен, другиот потполно концентриран
... Бревтаа!
Литро Пан почна се повеќе да се распењува, а едновремено и да се шири и стеснува, се подаваше себеси како во транс, буквално се предаваше и повторно и повторно... Во занесот не ни забележаа дека се на самото подножје од ридот и на влезот од понорот кој сега на Јан Ман му се виде нестварно огромен и ладен но неможеше да сопре, а на Литро Пан удобно целен и несакаше да сопре.
Изгорев ли во сопствениот копнеж - помисли Јан Ман?
Но во моментот на нештата се случи необична појава. Од некаде свеж млаз на вода го заплиска влакнестото и младо лице на Јан Ман и тој се стаписа. Така вкочанет го виде последното нурнување на својот придружник кој сепак му бил пријател - заклучи подоцна. Не стасаа ни да се поздрават. Се сврти наназад како нешто да не му е јасно, а впрочем ништо не му беше јасно и тогаш се сети дека откако се сретнаа првпат се врти назад.
И.......што ќе види:?
Телото на Литро Пан распространо во несовршени виуги по целата долина.
Се насмевна.
Одеднаш се му стана јасно.
Го заобиколи понорот и се искачи на врвот од ридот без ников напор зашто неговите тригодишни копитца беа доволно јаки. Го насочи својот поглед кон широката река и во неа ја позна нијансата на нејзиниот син а негов пријател Литро Пан кој штотуку се беше сплотил со неа и кој од безгрижно поточе какво што беше додека се дружеа со Јан Ман стана моќна река. Горд на тоа што има толку моќен другар, Јан Ман ја свати целта на неговото патешествие, го свати молкот на Литро Пан през целото време, неговиот поздрав со оној свеж млаз што го одшемети, и надокрај - чистотата на нивната дружба.
“Но... сите ние продолжуваме по патот на сопствената судбина колку и да ни се чини дека на другите е подобра” - констатира Јан Ман.
Литро Пан понирајќи продолжи по неговата судбина, а Јан Ман се сврти среќен што не продолжи по Литро Пановата туку по својата.

    e:електролит конкурс
       
     
  а:актуелен конкурс   а:архива на конкурси
  р:рокови   д:досегашни конкурси
  п:праќање   н:награди
  а:автори   з:застапени автори
  р:раскази   з:застапени раскази
  н:наградени раскази   н:наградени раскази
  в:ваш избор   в:ваш избор
       
       
  д:други текстови   в:вон конкуренција
  п:праќајте ни други текстови (песни, есеи, рецензии...) кои не спаѓаат во рамките на нашиот конкурс...


 
 
     
  в:ваши предлози  
 

п:прашања


 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 





 

  д:дома