т:темплум  


март

к:
крстевски ѓорѓи

2:24 години
в:вечен студент
е:еден од тројцата автори во книгата со кратки раскази
'Не сакам да ви кажам ништо'
н:нешто за себе: не сум многу умен, ниту убав, немам девојка, не работам, имам доволно причини за да се нервирам
e-mail: sljokasljokovski@yahoo.com



з:зад завесата

Зад завесата сум. Ѕиркам низ едно отворче и ги гледам гледачите кои силно ракоплескаат и кои нестрпливо го очекуваат моето појавување.
Од обете мои страни одговорните лица со мафтање на рацете се обидуваат да ми укажат на тоа дека е крајно време да излезам на сцената.
Еден силен глас го најавува моето појавување, а завесата полека почнува да се крева.
Ракоплескањето се засилува. Се слушаат извици, свиркања.
Јас почнувам да плачам.
Вечерва треба да се родам. А не сакам.




т:телефонот ѕвони

Телефонот ѕвони.
Тој ја отвора вратата на ладилникот.
Телефонот ѕвони.
Вади едно шише.
Телефонот ѕвони.
Ја затвора вратата на ладилникот.
Телефонот ѕвони.
Зема чаша.
Телефонот ѕвони.
Се враќа во дневната соба.
Телефонот ѕвони.
Седнува на фотелјата пред вклучениот
телевизор.
Телефонот ѕвони.
Сипува пијалок во чашата.
Телефонот ѕвони.
Отпивнува.
Телефонот ѕвони.
Сипува.
Телефонот ѕвони.
Отпивнува.
Телефонот ѕвони.
Погледнува кон него.
Телефонот ѕвони.
Сипува пијалок.
Телефонот ѕвони.
Отпивнува.
Телефонот ѕвони.
Станува од фотелјата.
Телефонот ѕвони.
Се доближува до него.
Телефонот ѕвони.
Ја крева слушалката.
Ја спушта.
Се враќа назад и седнува на фотелјата.
Телефонот заѕвонува.
Сипува пијалок во чашата.
Телефонот ѕвони.
Отпивнува.



в:времето, времето

Будење, погледнување кон ѕидниот часовник во спалната соба, 7:10 наутро, воздишка, помислување на деловниот состанок во десет часот претпладне, исправање на лакти во постелата, внимателно наслушнување на птичјиот пој што доаѓа од работ на прозорецот, поглед во тој правец, надвор од затворениот прозорец почнува убав пролетен ден, станување од креветот и одење во бањата, огледало, одраз, миење лице, бришење со крпа, мочање, пуштање вода од казанчето, миење раце и случаен поглед кон малото прозорче во бањата, невозможно, надвор е рана вечер, свиреж на автомобил, лаење на кучиња, невозможно, избезумено излегување од бањата и чекорење кон дневната соба, таму ѕидниот часовник покажува дванаесет часот и осум минути, пладне, што се случува, надвор од прозорците е ден, на улицата има движење, можат да се видат и белите облаци на синото небо, една жена тресе постели од својата тераса, избезумено трчање во кујната, сонцето се приближува кон далечните планини, тоа може убаво да се види од кујнскиот прозорец, извик, што се случува, полудувам ли, страв, паника, вкочанетост и размислување истовремено, нешто не е в ред, и со мене, и со времето, што се случува, што, што, што, излегување на терасата, рано утро, така вели глетката пред нас, ах, исплашено вртење со главата на сите страни, страв од незнајното, некој ѕвони на влезната врата, трчање и отклучување, тоа е поштарот кој носи сметки, протрчување покрај неговиот збунет изглед, трчање надолу по скалилата што од петтиот кат водат кон приземјето и кон излезот од висококатницата, бос, по пижами, зачудени соседи и сосетки што го чекаат лифтот цела вечност, истрчување надвор, на отворено, прашање кон првиот случаен минувач што наидува, се извинувам, колку е часот, нашиот глас трепери, единаесет и пол пред полноќ, можно ли е ова што се случува, паѓање на колена, држење за глава и заплакување од немоќ, вчудоневидениот случаен минувач исплашено заминува, на ноќното небо светат многу ѕвезди со непознати имиња, ѓубреџиите го собираат ѓубрето со камион од полните канти, полудувам ли, во тој миг камбаната од блиската црква отчукува два часот попладне.

    e:електролит конкурс
       
     
  а:актуелен конкурс   а:архива на конкурси
  р:рокови   д:досегашни конкурси
  п:праќање   н:награди
  а:автори   з:застапени автори
  р:раскази   з:застапени раскази
  н:наградени раскази   н:наградени раскази
  в:ваш избор   в:ваш избор
       
       
  д:други текстови   в:вон конкуренција
  п:праќајте ни други текстови (песни, есеи, рецензии...) кои не спаѓаат во рамките на нашиот конкурс...


 
 
     
  в:ваши предлози  
 

п:прашања


 














































































 

 

  д:дома