т:темплум  


март

г:
гацова кристина


г:години:22
п:професија/интереси:се занимавам со фотографија
д:досега објавено: досега немам објавувано уметничка литература

б:бенјамин

  Додека надвор дождот ги брише трагите од сопственото постоење и се обидува да се сети кога лешевите цветаат...
  Бенјамин стоеше на полуотворениот прозорец. Гледаше во дождот и се обидуваше со него да ги измие трагите од мастило што беа останати на неговите прсти.
  „Во ова мрачно попладне единствената светлина е небесното празнење, за чие постоење недостојни сме.” – изусти Бенјамин тивко, како за себе.
  „Слушаш Кло?” – рече тој.
  Немаше одговор.
  „Единствениот звук” – продолжи Бенјамин, „е ударот на дождовните капки врз клепките на слепата птица...”
Молк.
  „... незасолнета во вечната ноќ што стои.”
  „Да, Кло. Птицата е овде и со задоволство би ти ги исколвала очите... кога би можела само да те види.”
  Повторно немаше одговор.
  Бенјамин го затвори прозорецот, седна на масата за пишување, ја отвори мастилницата, го натопи перото.
  - Драга госпоѓо Мајка,
  Ве молам и преколнувам, о колку е тоа дрско од мене, но сепак, ве преколнувам ова писмо да го прочитате до крај, а неговата содржина да ја оцените како многу сериозна.

  Јас и Кло заминуваме. Вечерва.

  Со почит Ви се обраќа
  Вашиот секогаш мал
  Бенјамин

  Го избриша перото, ја затвори мастилницата, стана од масата за пишување, го отвори прозорецот. Гледаше во дождот и се обидуваше со него да ги измие трагите од мастило што беа останале на неговите прсти.

  Кло лежеше удобно врз купот перници и го лижеше своето крзно.


 

п:пренаменување

  Алберт Балберт го запали своето ноќно шкафче, ја зеде столната книга и почна да слуша. Откако ја заврши првата лажица ја преслуша набрзина и втората, потоа третата, па четвртата и се така се’ додека носот не го заболе. Потоа исецка еден лексикон и изеде две-три значења. Последното беше премногу горчливо па го поврати во еден тефтер на чиешто дно имаше мувлосана срж.
 

 

п:птици во земен лет

  Се нурна птицата во небото. И копаше, копаше, копаше дур не наиде на црв.
  Се згрози од црвот. Го напушти небото.
  Застана птицата на земјата. И леташе, леташе, леташе се додека не удри во палецот од моето лево стапало. Го колвна. Повторно го колвна. Продолжи да го колва.
  И сеуште го колва.

    e:електролит конкурс
       
     
  а:актуелен конкурс   а:архива на конкурси
  р:рокови   д:досегашни конкурси
  п:праќање   н:награди
  а:автори   з:застапени автори
  р:раскази   з:застапени раскази
  н:наградени раскази   н:наградени раскази
  в:ваш избор   в:ваш избор
       
       
  д:други текстови   в:вон конкуренција
  п:праќајте ни други текстови (песни, есеи, рецензии...) кои не спаѓаат во рамките на нашиот конкурс...


 
 
     
  в:ваши предлози  
 

п:прашања











































 

  д:дома