март
б:букарски алекс
б:блог:
Buka®o
FaKing F1k$n
л:луѓе на кои не им се отвара
падобранот
Во сајберот беа карневали. Почнувајќи од вработениот Пеце Д Шит кој беше
слабичок, исцицан, забите напред му беа вештачки и жолти, другарите го
земаа “наудолу“ велејќи му дека изгледа ко да лапнал краешник. Прекарот го
добил кога се поздравил со некој и му рекол Пеце, а овој го прашал Пеце
кој? Пеце наприцкано ни пет ни шест му вратил Д Шит, и оттогаш му останало
прекар.
Од инвентарно значење беше еден Ром во доцните дваесетти со прекар
Макаренко. Беше осуден во КПД “Идризово“ на 6 години за 8 убоди со нож на
баба која не му ја давала својата 12 г. внука за жена. Одлежа 4 год. и
нешто фазла. Сега Макаренко беше добар продавач. Шиткаше кујнски ножеви на
пазарче.
Шанкурињата кои доаѓаа во “Cyber World” или Сајберот како што си го
викавме, не правеа ништо особено. Вадеа слики од некои искомплексирани
штукчиња кои исто ко и нив беа напалени а не беа во состојба да си најдат
партнер во 3д-реалноста. Шуштеа наоколу - видија брат оваа, видија брат
онаа. Масовно се слегуваа клипчиња со ебење иако газдата имаше испечатено
лентичка со натпис забрането слегување на икс, икс, икс филмови.
Денски работеше еден стар роднина на газдата. Чиче со бела коса и наочари.
Екс-раководител во фабрика за сточна храна. Чичето на сите им се обраќаше
со “Вие“. Култура да го ебам. Беше намќор. Седеше покрај печката и си
решаваше крстозбори. Подоцна го проваливме дека ирца под шифра СексиТи.
Се кажуваше ко 17 м. Бт, и правеше сајбер-сексови. Беше фкрај уфилман да
си иби пелената. Го дупчевме од друг Сајбер со женска шифра. Ирцашка
класика. Ебачкиот вокабулар му се состоеше од зборови како да ти го
грицнам коковчето и квази романтичарски фрази да ти долетам до креветот,
погледни ме в очи, плус некои други од на дедо Ное времето.
И Макаренко ирцаше исто. Шифра Дејан. Едно, две научи да пиши asl,pls.
“Кажи срц голташ или плукаш?“
Му беше втора и последна реченица на “Дејан“.
***
Со денови, додека јас листав електронски библиотеки, енциклопедии,
википедии што ли не, и се самообразував колку-толку, Макаренко држеше
предавања за пичињата.
“Клецкам бато јас клецкам. Не си играм играчки. Шо се вели Клецни ваму,
клецни таму не остана време за тинкање! Вчера на една шо и го втерав. Абе
ја искиснав од дупење.“
“Алал да ти е.“ – кусо одвраќаше газдата и гледаше како се кршат кичми на
клипчиња со ултимејт фајт борби.
“А не ко ова тркалото овде. Еј, море ти учен си ама џабе ти е тоа. Не
знаеш ти со пичињата како. Ќе им зазбориш некои зборој, зборој појма бе шо
немаат. Ќе те глеат ко зелен. Шо дрви бе овој? Со пичињата треба да
умееш.“
“Во право си. Малиот по улица не знае да оди. Тој тоа шо го збора пичките
нема шанси да му го сварат“. – му одговараше газдата а мене ми намигнуваше
со окцето.
Макаренко се женеше со девојките на по една недела, две, максимум три ко
ќе заработеше некој денар од некоја ситна кражба. Демек невести, ќе се
жени типот. После ги враќаше на клоци дома.
“Дали знаеш шо е најакото? Да си со пиче, да си на топло, да си во
кревет...да има музика...и да има кикирики.“
“Подобро бадеми бе Макаренко.“ - му дофрли еден хроник кој седеше на
6ката.
“КОИ БАДЕМИ МОРЕ? ЗА ТИЈЕ ПАРИ ЌЕ КУПАМ ЕДНА КОКОШКА...ЕЕЕЕЕБАТЕ ЉОКОТО!“
Газдата вообичаено мрмореше:
“А, бе за овие ебиветри, Алан Форд може канти гомна да јаде!“
***
Пичиња наминуваа се поретко и поретко. А што кур да идат кога шанкуриња
гледаа клипчиња со зоо секс или со исклучиво дебели фуфици какви што
преферираше Пеце Д Шит. Беше тоталка непријатно за девојката во тие пет
минути да прегледува ел. пошта, додека глаучите одзади и се ѕверат во
деколтето.
На пример како да не се плашеше од 42 годишниот шофер со шифра Alone42 кој
преку интернет бркаше младо месо. Со вебкамeра. Често ме викаше да му
преведувам на англиски.
“Пиши и бато, АЈ ЛАЈК ЈУР ПУСИ!“
I like your pussy yeah!
“Тоо брат. Леле бе да знаев колку тебе ти англиски имаше пичните жили да
им ги превртам на пичињава!“
Наеднаш низ сајбер-просторот никнаа домашни порно видеа на многу естрадни
ѕвезди. Ебена атракција. Го вртеа филмчето на една цицлеста пејачка по цел
ден. Макаренко се правеше пичлеме пред другарите.
“Брат, вии ја бе ова во пичката. Сета шума е!“ – се чудеше еден од младите
Роми мислејќи на пејачката која не ги имаше средено “срамните“ влакна.
Макаренко со поза на белобрад академик, ладнокрвно претпоставуваше дека:
“ФИЛМОТ ИЗГЛЕДА Е 90та СНИМЕН!“
Најкрваво беше кога Макаренко еден ден дојде наполнет со многу кеш. Беше
празник. Водици. Макаренко заработил 50тина евра шетајќи се со крстот низ
градот. Ние се чудeвме, се туфкавме...
“Добро Макаренко не заебаваш? Си играш со нас?“
“Не бе луѓе. Башка шо ете и крстот го набавив за 180 динари а уште не ми е
платен.“ – се курчеше Макаренко во кабадајски манир.
***
Пеце Д Шит се сушеше од ден на ден. Џокаше ко сунѓер.
“Дечки до кога работите?“ – ќе прашаше некој муштерија час, два по полноќ.
“До бинго!“ – одговараше Пеце.
Другарите пијандури му идеа на гости и локаа на мермерното шанкче.
“Ние си пиеме онака за ќеф. Оние старине во продавничка сте ги виделе бе?
Мооооре хроници еј. Џигерот им виси ебаго“ – збораше еден матен тип Бале
кој не дознав што фактор е ама Пеце го опишуваше како “чоеко шо за нова
година бос рипна од втори и немаше ич гајле.“
“Газдата има швалерка, оти па и јас да немам? Шо сум јас подолу?“ имаше
навика Пеце да се правда за блудничењето кое го вршеше со една дебељуца ко
трафика. Ја коеше силно долу во визбичето каде имаше билјард маса. Покрај
неа имаше обични маси, пепелници, звучник, пластични столици и секако
ѕидови. Чојата ја кинеа, топките ги крадеа, масите и столиците ги кршеа,
звучникот беше издупен, семки и ѓубре тони и тони, ѕидот беше ишаран со
потписи, пепелниците ги крадеа... само затоа што просторијата не беше
посматрана од вработениот кој седеше горе кај компјутерите.
Билјард масата исто така му служеше ко ебачко место на Пеце. Ебеше секакви
да го којам. Мара, Жането, Блага Кривата... Некои од нив ни на луѓе не
личеа. И правеа реденка со Макаренко на една која имаше криви очи. Неа ја
викаа “Снајперот“.
***
Имаше и други ликови од кои доаѓаа во Сајберот. Ама споредни. Претежно
доаѓаа од населбите Баир, Генимале... тоа беа триесетгодишници со оскуден
работен стаж, со стомачиња, со промашени тикети за спортска прогноза, со
скршена судбина.
Беа таксисти, келнери. “Што може друго да се работи во овој ебан град?“ –
велеа.
Идеше и пијан или дрогиран кој ти знае, Златко Морисон некогашниот
рокенрол цар во околијата, кој некогаш беше фронтмен на групата “Кактус“.
Последните две години свиреше турбофолк по кафани и народно по свадби,
родендени и крштевки. Велеше:
“Со себе секогаш си носам огледалце. Среде некоја песничка од Саша Матиќ,
го вадам и во него се гледам. Се прашувам - Злате ти ли си бе овој чоек?
Не бе, не сум јас..појма немам кој е типов...ова е некој друг...“
Имаше и еден средовечен ќелав наставник по историја кој си бараше женичка
преку интернет. “Ми прекурчи“, викаше, “учениците на секоја матура да ми
ја пеат Ерген одев.“Имаше два-три педери, по некоја лезбејка кои беа
прилично параноични на секое врткање околу нив. “Дечко, има ли тука
некаква приватност?“
Три четири 13,14 годишни клинци баратаа со крадени кредитни картички. За
тоа знаеше и Филипче еден млад џандар, кој симнуваше малолетничко порно и
им викаше да немаат гајле.
“Хехе купете ми дрес од Ливерпул, ако сте толку јаки хакерчиња“
Сепак по неколку месеци се појави надркан:
“Еј, тоа шо беше со пиздариите беше. Појќе такви работи не...“
“Зошто?“
“Од пред неколку дена, станав инспектор за интернет криминал“
Навечер доаѓаа наркомани со усти полни пења. Паѓаа во кома и спиеја на
тастатура. Ќе се јавеше Пеце или газдата “Бато пали патиките и иди ваму да
изнесиме една будала.“
“Кревај, кревај ајде...покроце...пази да не го чукнеме..а, бе не ми е
гајле за него...лом ќе ми направи на плочките...“ – даваше инструкции
газдата.
Ги остававме на тротоарите откарши “Cyber World” пред една туристичка
агенција. Таму наркоманите, спиеја, сонуваа, патуваа...
“Еј, глеј намини ноќеска да го покриеш, оти може немирно типов спие и се
отскрива.“ – ќе речеше газдата.
***
Во сајберот имаше и услуги за телефонски разговори за странство.
Битола, битолско е печалбарски крај, секој има по некој стрико, вујко,
баба или дедо во странство. Денски доаѓаа селани од околните села, и тоа
“шиптари“,“ѓупци“, “торбеши“, “каури“, секакви... Во пазарни денови се
создаваа редици за јавување. Всушност од тоа газдата највеќе заработуваше.
Без разлика кој на која националност и припаѓаше, мотивот на сите им беше
да исценкаат по некој долар од роднините во странство.
Од сите кои молеа најубедлив беше еден џуџест Турчин со виолетови
(“лилави“) тренерчиња, по име Тасим Вампирот.
Неговите сеанси започнуваа со тивко цифкање кои потоа преминуваа во
хистерично вриштење во импровизираната (од лесонитни парчиња склопена)
телефонска кабина. Кукаше да му пратат 100/200 евра. Лекови за неговата
болна кутра мајка, на брат му ќе му ја сечеле ногата? Совесните роднини му
праќаа пари а Вампирот се пустеше во кафулето со аквариум, пушеше
“Mарлборо“ и честеше се живо и диво. Одеше на комар, фрлаше зарови. Парите
ги арчеше за неколку дена. Потоа одново пак во кабината молеше и колеше...
Газдата ми раскажуваше дека е фкрај манат. Дека вратите и прозорците,
лавабоата, болјерот се има испродадено од станот. Мајка му се плашела да
му го препише...
***
Сајберот го затворија како резултат на некои санитарни недостатоци
утврдени од инспекцијата. Официјално. Неофицијално причина за затворањето
беше смртта на Тасим Вампирот.
Тасим Вампирот еден вечер дошол да испрактикува една од своите спонзорски
сеанси. Баздел километарски на алкохолни киселини. Со кеш стоел - слабо.
Долго зел да се набедува со Пеце кој пак се консултирал со газдата по
телефон и добил одговор “ако плати“.
Тасим викајќи тргнал накај излезната врата. Се нишал. Стигнувајќи до
вратата полека ги губел чекорите. Пред да ја отвори, наместо чекор напред,
направил чекор лево та почнал да се тркала по скалите кои водеа до
визбичката со билјард. Некој викнал “Еј, а, бе Вампирот ги фрли чевлите“.
Пеце пијан најнормално, се затрчал да види што се “дешава“. На Вампирот
главата му била сплесната за ѕидот, течело реки крв.
Луѓето кои биле таму го прашале Пеце, “Што се случи?“
Пеце Д Шит, го извадил краешникот, и низ лудачка смеа одговорил:
“А, бе на Вампирот се чини овојпат НЕ МУ СЕ ОТВОРИЛ ПАДОБРАНОТ!“