т:темплум  


март

м:
минов марјан


г:години:20
п:професија/нтереси:моментално студира историја на уметноста во Скопје и е втора година, пишува и поезија и проза
д:досега објавено:учествувал на бројни конкурси и добил доста награди, а застапен е и во неколку броеви на алманахот Мугри при филолошкиот факултет.
e-mail: marjanminov@yahoo.com



а:анална фиксација

  Тоа утро господинот К. повторно се наоѓаше во својата канцеларија, каде го пиеше своето утринско кафе, ги разлистуваше весниците и ги читаше писмата кои тоа утро беа оставени во неговото сандаче. Два рекламни листа му оставија посебен впечаток: “Запознајте се подобро самите себе си” и “Во 21-ви век сè повеќе луѓе умираат од рак на дебелото црево”. Неговото внимание беше насочено кон комбинацијата од двата наслови и возбуден, отиде во тоалетот и застана пред огледалото. Ги собу панталоните и го сврте својот задник кон огледалото. Долго обидувајќи се, конечно успеа да си го види анусот, иако за кратко. Беше засрамен од глетката.
  Во тој момент, во канцеларијата влезе неговата секретарка, носејќи го распоредот на состаноци за тој ден. Со бледо лице К. излезе од тоалетот.
  - Ми се слоши. Изгледа ќе морам да си отидам дома. Ве молам, презакажете ги сите состаноци за некои од наредните денови.
  - Дали можам некако да ви помогнам?
  - Не, сега за сега, не! Ви благодарам!
  Нервозен и со брзање, К. излезе од фирмата во која работи, влезе во колата и си отиде дома. Во неговата глава наизменично поминуваа двата рекламни листа и глетката што ја виде во тоалетот. Стигна дома. Брзаше кон тоалетот. Набрзина се соблече гол и повторно се обиде да ја види истата глетка од пред некое време. Огледалото беше поголемо од онаа во неговата канцеларија, па така, без поголем напор успеа во намерата. Беше воодушевен. Се претстави:
  - Здраво, јас сум К.
  - Здраво, јас сум твојот анус. Сакам да се дружиме!
  Во тој момент К. дозна за присуството на нова личност во неговиот свет. Не се грижеше повеќе за ништо друго. Тој отвор скриен помеѓу неговите бутови од кој зрачеше огромна топлина, му влеа сигурност на К. Тој посака да може да им го претстави на своите колеги, пријатели, да го однесе на вечера, на плажа, да му го покаже животот со преголема доза на светлина.
  Во наредните денови К. не правеше речиси ништо, освен што го проучуваше неговиот најнов пријател. Ги избрича влакната околу отворот за да може подобро да го набљудува. Не излегуваше од дома. Во станот се шеташе гол и му раскажуваше на пријателот за своето детство, за младоста, интимните моменти. Му покажуваше дури и фотографии. Но сето тоа пријателот многу добро го знаеше. За да ја докаже неговата љубов, од своето јадење му даваше и на пријателот. А навечер пред спиење, се милуваа.
  Единствена пречка во нивната врска е тоа што анусот мораше да ја исфрла сварената храна од телото на К. Затоа К. беше незадоволен од тоа. На секакви начини се обидуваше да го спречи во намерата. Се трудеше да јаде што е можно помалку и тоа јадење да го зачува во себе. Но, еден ден добиваше сè поголеми болки поради неговото нередовно исфрлање на храната. Анусот се бунеше и сакаше истата што побрзо да ја исфрли од себе. К. Беше прем,ногу лут.
  - Залудни беа моите напори од тебе да направам човек. На крај, за тебе, сè се сведува на изметот!
  Налутен, К. стана од креветот, отиде во кујната и зеде шампањско. Го отвори и тапата ја стави во својот задник. Тој беше разочаран затоа што беше изневерен. Легна на креветот и испушташе цела ноќ крици поради преголемите болки во стомакот…
  По неколку дена, господинот К. беше пронајден во својот стан мртов. Лежеше гол на својот кревет со доста смирено лице. Неговиот задник беше целиот облеан во крв, а тапата од шампањското беше надвор од него, исто така облеана во крв. Аутопсијата покажа дека господинот К. умрел од внатрешно крварење во дебелото црево.

    e:електролит конкурс
       
     
  а:актуелен конкурс   а:архива на конкурси
  р:рокови   д:досегашни конкурси
  п:праќање   н:награди
  а:автори   з:застапени автори
  р:раскази   з:застапени раскази
  н:наградени раскази   н:наградени раскази
  в:ваш избор   в:ваш избор
       
       
  д:други текстови   в:вон конкуренција
  п:праќајте ни други текстови (песни, есеи, рецензии...) кои не спаѓаат во рамките на нашиот конкурс...


 
 
     
  в:ваши предлози  
 

п:прашања
















































 

  д:дома