т:темплум  

 

н:наградени раскази

февруари:2006

Петчленото жири (Искра Гешоска, Никола Гелевски, Роберт Алаѓозовски, Владимир Јанковски и Бранко Прља) на следниов начин реши да ги распредели наградите од првиот месец на континуираниот конкурс Електролит:

За најдобар е прогласен расказот “Транзициска басна
” на Никола Пчински. Второто место го поделија расказите “Макао” од Лидија Каранфиловска и “Скопска приказна” од Ирена Цветковиќ. Третото место исто така го поделија два раскази: “Зачмаеност” од Драган Денковски и “Мртовецот во мојот кревет” од Милко Бојковски.

Меѓу најдобрите истакнуваме уште пет раскази (кои заедно со претходните пет) ќе бидат објавени во априлскиот број на списанието Маргина: “Повик” од Ѓорѓи Крстевски; “Портрет” и “Агли” од Билјана Велковска, “Звуци” (па и “Подрум”) од Дарин Ангеловски и “Три точки” од Никола Пчински.

Ѓорѓи Крстевски од “Темплум” ќе ја добие наградата за првиот испратен расказ на конкурсот Електролит!

Наградените своите награди можат да ги подигнат во културниот центар Точка (Илинденска 38, Скопје ; 02 3215494).

Погледнете ги досега објавените Маргини и прозни книги од едицијата Магма.


о:образложение
     н:наградени раскази
     м:меѓу најдобрите
     у:уште неколку добри раскази
     с:слабости
 

:::м:а:р:т:о:в:с:к:и::к:о:н:к:у:р:с:::

Ете, толку за првиот месец. Радува, повторуваме, што повеќето раскази го надминуваат аматерското и средношколското ниво. Уште еднаш ви благодариме за одзивот и ве покануваме во конкурсот да учествувате и следниве месеци. Оние автори што не беа добро оценети при следните конкурирања можат да се пријават и под псевдоними, доколку сметаат дека на жирито може да влијае лошата импресија од некој стар расказ. Од наша страна, ние ќе се потрудиме повремено да внесуваме и нови луѓе во жирито, колку да се задржи свежината и ентузијазмот.

Во март ќе останат истите услови за конкурсот: ограничувањето е 9000 карактери или околу 5 страници. Од април ќе почнеме и со тематските конкурси (еротика, трилер, хорор, политика, ГЛБТ теми итн.) Најдобрите мартовски раскази исто така, како и февруарските, ќе влезат и ќе бидат хонорирани во првиот број на Маргина за 2006 година! Среќно, храбро и со усул!

    e:електролит конкурс
       
     
  а:актуелен конкурс   а:архива на конкурси
  р:рокови   д:досегашни конкурси
  п:праќање   н:награди
  а:автори   з:застапени автори
  р:раскази   з:застапени раскази
  н:наградени раскази   н:наградени раскази
  в:ваш избор   в:ваш избор
       
       
  д:други текстови   в:вон конкуренција
  п:праќајте ни други текстови (песни, есеи, рецензии...) кои не спаѓаат во рамките на нашиот конкурс...


 
 
     
  в:ваши предлози  
  п:прашања





























 
  д:дома