к:крстевски ѓорѓи
2:24
години
с:студент
е:еден
од тројцата автори во книгата со кратки раскази
'Не сакам да ви кажам ништо'
н:нешто
за себе: не сум многу умен, ниту убав, немам девојка, не работам, имам
доволно причини за да се нервирам
е:еден ден потоа
- Каде беше вчера? - ја праша сипувајќи си
силен пијалок во чашата.
Таа ништо не му одговори и од ладилникот
извади шишенце со млеко и пакување мар-
гарин. Потоа зеде и леб од преградата.
- Каде беше вчера?- го повтори прашањето
после испиената голтка.
- Што ти е грижа! - грубо му одговори таа, не
гледајќи во него. - Каде е проклетиот нож? -
нервозно извика откако не го најде во фио-
ката со приборот за јадење.
- Во мијалникот, - и рече тој - со останати-
те неизмиени вилушки и чинии. Каде беше
вчера Соња, те прашувам, каде беше вчера?
- Во театар - му рече таа и самата не поверу-
ва во тоа што го кажа.
- Лажеш! - вресна тој, а чашата се тресеше
во неговите раце. - Лажеш!
- Што ти е грижа, пак, тебе! - му рече Соња
и почна да сече кришки леб, не гледајќи во
него.
- Како тоа што ми е грижа? Па, сопруг сум
ти или не?
- Па, како што тргнало, изгледа тоа второто-
рече Соња и се загледа во пластичната кути-
ја со маргарин.
Извесно време молчеа обајцата. Тој отпивну-
ваше од пијалокот, а таа мачкаше маргарин
на тенките кришки.
- Те видов со него, Соња...- изусти тој и
погледна во неа.
Соња одгриза од кришката и отсутно гле-
даше во масата.
- Соња...- почна тој, но таа го прекина:
- Ајде, не биди патетичен, не сум била со
никого вчера.
- Па тогаш, кој беше тој што те држеше
за рака?
- Никој не ме држел за рака!
- Лажеш! Видов со свои очи!
- Којзнае кого си видел пијаницо една! -
му противречеше Соња, не гледајќи во
него.
Потоа отпи од млекото.
- Колку време ме изневеруваш? - ја праша
со растреперен глас. Соња беше жената во
која тој се заљуби пред четири години и от-
тогаш не можеше да престане да ја сака. По-
следниве две години од нивниот брак беа
многу тешки. Тој работеше прекувремено
и пиеше во слободното време, а таа се по-
веќе исчезнуваше од неговиот живот. Немаа
деца.
Соња молчеше и гледаше во шишенцето со
млеко.
Тој си сипа уште ден силен пијалок во чаша-
та, овојпат до врвот.
Соња стана од столчето и се доближи до про-
зорецот во кујната. Гледаше некаде неопре-
делено во блиските згради.
- Соња... - рече тој. - Соња, погледни ме,
по ѓаволите!
Но таа упорно го избегнуваше неговиот
поглед.
ч:четириесет години
Четириесет години се будеше во истиот кревет,
покрај истата жена.
Четириесет години ги јадеше истите јадења, ги
гледаше истите вести на телевизија, го пиеше
истото пиво.
Четириесет години ги среќаваше истите луѓе
на истата улица по која одеше на работа, под
истото сонце кое секогаш заоѓаше на запад.
Четириесет години седнуваше на истата маса,
пред истите хартии што требаше да се препи-
шат.
Четириесет години се чувствуваше исто.
Бесмислено.
Четириесет години заспиваше на истиот
кревет, покрај истата жена.
п:повик
Станувам од креветот и одам кон претсобјето,
поточно, кон масичката на која се наоѓа теле-
фонот. Некој упорно ѕвони иако е седум часот
и неколку минути наутро.
Кревам слушалка.
- Да?
- Ѓорѓи Крстевски? - прашува еден глас што
многу ми се чини познат.
- Да.
- Роден на 10 декември 1981 година?
- Да?!!
- Од татко Веле и мајка Донка?
- Да, - велам. - А, од каде знаете вие толку
за мене? - прашувам.
- Еее... - вели истиот глас. - Туку, не прашу-
вај. Имаш и сестра, Љубица? Така?- прашува.
- Да - потврдувам.
- Нејзиното момче, Јовица, вози такси.
- Да.
- Немаш девојка...
- Еј!- го прекинувам. - Ова е претерување!
- Не си вработен. Студираш...
- Да! - веќе нервозно потврдувам. - Ако
не ми кажете кој сте, веднаш ќе ви спуштам
слушалка!
- Во ред, не лути се - смирено ми вели однекаде
познатиот глас.
- Чекам! - велам.
- Вклучи ја светилката - ми заповедува гласот.
Зачуден сум од каде знае дека не ми е вклучена
светилката во претсобјето, но сепак, го послу-
шувам.
- Сврти се- ми вели.
Се вртам.
На ѕидот зад мене има големо огледало. Мојот
одраз држи слушалка во десната рака. Со лева-
та ми мафнува во знак за поздрав.
Ја спуштам слушалката и се доближувам до не-
го. Во неговите очи гледам потсмев.
а:автори