н:наградени раскази
февруари
. . .
. . . .
н.
а. г.
р.
а. д.
е.
н. и. .
р. а.
с.
к. а.
з.
и. . . .
. . . .
Првото место на расказот “Транзициска
басна” му го донесе пред сè неговата јазичка маестралност; пишуван на
кумановски дијалект, расказот нуди еден сочен, експресивен и прецизен
јазик базиран на одлично водени и мошне духовити дијалози. Но, расказот на
Пчински е повеќе од постмодернистичка игра со јазикот и со литературните
жанрови (во случајов, басната): тој едновремено е и снажна сатира,
креативна и ангажирана уметничка реакција на нашата мрачна општествена
транзиција.
Второнаградениот расказ “Макао”
на Лидија Каранфиловска ја нема јазичната сочност на “Басната”, но има
мошне фина, нежна поетичност, речиси совршено положена на едноставните
драматуршки шини: дечко и девојка играат карти; можеби постои
набљудувачот/писателот, а можеби и не, можеби сè се случува меѓу нив
двајцата, во играта со/без срца?! Скопскиот стан заличува на замок во кој
речиси незабележано влегува доцнапопладневниот пласт темнина, всушност
плаштот на нестварноста кој сè доведува во прашање...
Второто место со "Макао"
го дели “Скопска
приказна” од Ирена Цветковиќ,
еден од поуспешните обиди да се создаде психолошки
расказ, да се скицира односот помеѓу два лика, при што вториот лик, тој, е
даден преку свеста и вредносниот суд на таа, раскажувачот во расказот.
Додека односот на “него” кон “неа” е стагнантен, студен, нејзиниот однос
во еден кружен лак расне, се развива, буи. Неговата
рамнодушност е поттик за нејзината емоција. Воедно расказот е еден од
поуспешните обиди да се долови градскиот пејзаж, суров, сив, благо
ламентиран преку метафорични слики.
Третото место го поделија расказите “Зачмаеност”
од Драган Денковски и “Мртовецот
во мојот кревет” од Милко Бојковски. “Зачмаеност” од Драган Денковски
е можеби најдобриот љубовен расказ од пристигнатите, од кои повеќето се
љубовни :) Денковски веројатно го напиша и најдобриот почеток меѓу сите
раскази во конкуренцијата:
"Седеше
наспроти себеси, на растојание од три години и еден ѕид. Си рече дека
требало да дозволи искрата од нејзиното око да ги потпали вчерашните
галони. Но, биковите во неговиот крвоток ги престорија орлите во шакали."
Единствената слабост на Денковски можеби е малку пренагласената
метафоричност (“ѕидовите на черепот”, “браздите на денот”, “стампедото
како безнадежен лелек”...).
“Мртовецот во мојот кревет” од Милко Бојковски повторно е старата
романтичарска тема: буден сум ил' сонувам, но во
својата радикализирана варијанта: жив сум или мртов?! Иако не претерано
прецизно напишан, “аљкав” и шлајфувачки на моменти, “Мртовецот” во себе
има доволно литературна сила и доволно инвентивност за да се издвои од
другите раскази.
. . .
. . . . . . .
. . . . . . .
. . . . . . .
. . . . . . .
. . . . . . .
. . . . . . .
. .
о:образложение
н:наградени
раскази
м:меѓу
најдобрите
у:уште
неколку добри раскази
с:слабости
п:почетна