т:темплум |
в:велковска билјана
Меланхоличните луѓе живеат во агли. Сите што сакаат да
читаат живеат во агли. Вљубените живеат во агли. Оние кои имаат несоница
живеат во агли. Во средината останува бучна, шарена, циркуска толпа. Сите
рецитираат, сите голтаат пламен, сите се кротители, сите се кротени, сите
изведуваат акробации. Во исто време. Вистински тажно е што во циркуските
кругови нема агли. Моментот што ти се виде погоден да ме импресионираш со зборови како одговорност и должност беше моментот кога премолчев дека не те сакам поради нив, туку и покрај нив.
Запознавањето некого наликува на бришење на неговиот
портрет. Прво се замаглуваат формите, па контурите избледуваат и боите
испаруваат. На крајот останува само бело платно за проекции. Кога си замина таа, ја снема и радоста. Никогаш не најдов таква радост во ниедна друга жена. Всушност, не е радоста она што ми недостасува. Ми недостасува таа. |
e:електролит конкурс | ||||
а:актуелен конкурс | а:архива на конкурси | |||||
р:рокови | д:досегашни конкурси | |||||
п:праќање | н:награди | |||||
а:автори | з:застапени автори | |||||
р:раскази | з:застапени раскази | |||||
н:наградени раскази | н:наградени раскази | |||||
в:ваш избор | в:ваш избор | |||||
д:други текстови | в:вон конкуренција | |||||
п:праќајте ни други текстови
(песни, есеи, рецензии...) кои не спаѓаат во рамките на нашиот конкурс... |
||||||
в:ваши предлози | ||||||
п:прашања |
д:дома |