т:темплум  

 

мај
к:
крстевски ѓорѓи




с:свеченост

Се доближуваш до огледалото и ја погледнуваш својата уредно испеглана облека. Потоа ја погледнуваш својата исчешлана коса, своето свежо избричено лице, својата прикриена радост.
Од малото ормарче ги вадиш чевлите кои се светнати од чистење и ги спушташ на подот. Погледнуваш во своите нови чорапи. Сè е во најдобар ред.
Ги облекуваш чевлите и почнуваш да ги врзуваш врвките. Сето тоа го правиш бавно, со извесна свеченост во движењата.
Кога завршуваш со врзувањето, се исправаш задоволен, ја отвораш влезната врата и излегуваш од дома, затворајќи ја вратата зад себе, за потоа, од првиот случаен минувач што ќе го сретнеш, да дознаеш дека веќе си умрел.




н:нешто убаво

Има нешто убаво во тоа да се разбудиш некој понеделник и да не појдеш на работа, туку да останеш да се излежуваш во постелата.
Има нешто убаво во тоа да не се избричиш тој ден, да не ја исчешлаш косата во патец, да не се намирисаш со скапиот парфем.
Има нешто убаво во тоа целиот ден да го поминеш во своите истуткани пижами, да ги гледаш цртаните филмови на  телевизија што отсекогаш си сакал да ги гледаш, но не си  имал доволно време, двапати да го прочиташ својот омилен  дневен весник.
Има нешто убаво во тоа што за време на тие дваесет и четири часа мислиш на нешта што те засегаат само тебе, лично тебе и никој друг.
Има нешто убаво во тоа што полниш четириесет и осум  години, што жена ти одамна не те привлекува, што твоите деца веќе со години не ти обрнуваат внимание, како воопшто да не постоиш, впрочем, како што не ти обрнува внимание и никој друг.
Да, има нешто убаво во тоа да се разбудиш некој понеделник и да не појдеш на работа. И да го скршиш празното винско шише од ѕидот во кујната на крајот од тој понеделник, и да останеш спокоен на врескањето на сите оние што ги делат тие шеесетина метри квадратни со тебе.
 




ж:животот на Фросина

Извод од матичната книга на родените детска градинка кукла велосипед алергија на јагоди основно училиште прва љубов свидетелство средно училиште странски јазик втора љубов диплома приемен испит факултет трета љубов возач ка дозвола патување во странство четврта љубов уште една диплома сообраќајна незгода болница петта љубов вработување шеста љубов седма љубов брак дете летување на море нова куќа домашно милениче гости соседи прељуба упатст во за приготвување колач со вишни одгледување цвеќиња во дворот свадба на ќерката внуци летување во бања пензи ја смрт на сопругот погреб дури да трепнеш игла од инфузи ја во вената кревет вести на телевизија старечки дом на кра јот од градот на крајот од светот на крајот



ч:читајте други текстови од Ѓорѓи Крстевски

    e:електролит конкурс
       
     
  а:актуелен конкурс   а:архива на конкурси
  р:рокови   д:досегашни конкурси
  п:праќање   н:награди
  а:автори  

з:застапени автори

  р:раскази   з:застапени раскази
  н:наградени раскази   н:наградени раскази
  в:ваш избор   в:ваш избор
       
       
  д:други текстови   в:вон конкуренција
  п:праќајте ни други текстови (песни, есеи, рецензии...) кои не спаѓаат во рамките на нашиот конкурс...


 
 
     
  в:ваши предлози  
 

п:прашања











































 

  д:дома