т:темплум  

 

к:крстевски ѓорѓи



т:турист

Турист
во сопствениот град

шетам
и разгледувам

по илјадити пат
ù се восхитувам
на грдотијата




љ:љубовни баналности

Јас те бла бла бла
а ти не ме бла бла бла
зошто бла бла бла
зошто бла бла бла




с:сеќавања

Налети на студен ветар
сеќавања
од кои ни се ежи кожата
 



н:над мојата глава лебди облак што постојано ми создава неволји

Чекорам меѓу илјадници изгубени луѓе
само мене ме врне дожд
 



п:последниве неколку години

На Маргарита В.

Трчањето по возот
што веќе заминуваше
од железничката станица
беше највозбудливото нешто
што ми се случило
последниве неколку години
последниве неколку здодевни години
 



н:никогаш

Секогаш
вистинските нешта
во погрешно време
погрешните нешта
во вистинско време
потоа
погрешните нешта
во погрешно време
никогаш
вистинските нешта
во вистинско време
никогаш
 



м:молк

Ставам прст на усните
Сè се стишува
Молк
Само штурците од мојата глава
се слушаат
 



е:ехо

Трчам гол во ноќта
и викам
гласно викам
моето ехо одекнува
во празнината
тешко е да си сам
тешко е да си сам
 



г:господ

Илјада лаги
една вистина
Илјада вистини
една лага
 



в:вљубеност

Така почнува тоа:
прво ја губиш едната рака
потоа ја губиш и другата
после ја губиш едната нога
а по неа и втората
потоа го губиш трупот
а на крајот
и главата

    e:електролит конкурс
       
     
  а:актуелен конкурс   а:архива на конкурси
  р:рокови   д:досегашни конкурси
  п:праќање   н:награди
  а:автори   з:застапени автори
  р:раскази   з:застапени раскази
  н:наградени раскази   н:наградени раскази
  в:ваш избор   в:ваш избор
       
       
  д:други текстови   в:вон конкуренција
  п:праќајте ни други текстови (песни, есеи, рецензии...) кои не спаѓаат во рамките на нашиот конкурс...


 
 
     
  в:ваши предлози  
 

п:прашања










































































































 

  д:дома