2007:октомври/ноември
општ
конкурс
с:станојески
данаил
г:години:18
п:професија/интереси:
студент
д:досега
објавено:
расказ
во Маргина 76
thebadabing@gmail.com
в:вошкар
Градска градинка, два
попладне, една загрижена мајка и една воспитувачка во единствената
канцеларија.
- Детето е за никаде... Ова, не е на добро, не е добра ситуацијата... Не
ме сфаќајте погрешно, јас сакам деца и има некои проблематични секогаш ама
тоа е се до родителска грижа. Ако не ги гледат многу дома се забележува
тука... Ние еве трет пат се гледаме госпоѓо. Али малиов продолжува да не
држи никаква хигиена.
- Дома арен е. Јас не ве сфаќам. Не слуша стално, ама добар е. Сигурно не
полош од другите деца.
- Но, имаше вошки.
- Добро, се дешава.
- Да има еднаш во ред е. Но, не да има па да ги пренесе на пола други
деца, да му се исчитат, пак да ги добие, да се крие од учителките при
проверка и да продолжи да си игра со сите и да раширува. Цела година, беше
расадник на вошки.
- Ма немојте вака. Син ми сигурно не кова заговор за ширење на вошки.
- Малиот си игра и со мрсулите.
- Молам!?
- Па, нели беше настинат долго време?
- Беше. И е уште... Малце.
- Го фативме како си игра со мрсулите. Не ги вртеше само со прстите или
слично. Не, не. Си праеше како градби. Ги собираше, ставаше и вода да не
се скроз исушат и си имаше комплекс. Од мрсули.
- Ви се молам!
- Што да праам?
- Ќ..Ќе го викнам маж ми. Во колата е.
Се врати жената со сопругот.
- Рече дека праел кули од своите...остатоци. Од носот - му објаснуваше
таа.
- Што!?
- Да, господине, малце е грозно ама тоа е тоа.
- Какви кули?
- За воља на вистината, беа повеќе како блокови. – продолжи
воспитувачката.
- Добро не е важно тоа. Горан, што да правиме? -прекина жена му.
- Има психолози, може да се прати малиот таму, јас не знам што му е, сме
се обиделе сите и не знаеме веќе што.
- А немирен е во останатото време?
- Не. Редовно си спие кога треба, јаде и се’ тоа. Ама вошкиве и мрсуливе и
хигиената не му се силна страна.
Ги погледна таа убаво родителите, фино облечени, чисти и средени. Се
запраша од каде навистина детето е такво.
- А може да го викнете сега. Што прават? Би сакал да го видам.
- Сега се спремаат за попладневна дремка.
- И јас сакам да го видам.
- Ќе го викнам.
Се врати држејќи за рака едно пет годишно детенце. Облечено во небесно
сини пижами, разбушавен во косата гледаше зачудено де во родителите де во
својата воспитувачка.
- Сине, - рече таткото - ја знаеш важноста на чистотата?
- Мхм. - тивко одговори детето.
- Знаеш зошто се капиме, миеме рачиња, внимаваме каде газиме кога шеткаме?
- Да.
- Сине, - почна и мајката - знаеш како вошките се лоши така? Памтиш колку
и беше тешко на мама да ги извади сите? Зошто си трчал да ги префатиш од
другите? Зошто правиш тоа што правиш? – и’ се насолзија очите.
- Не... Треба да спијам сега мамо.
- Ама важно е ова. Зошто правиш кули од мрсули? - го растресе таткото со
своите раце детето.
- Сакам да спијам!
- Најдобро ќе биде да спие. Сите сега ќе спијат.
Жената го одведе. Минута потоа се врати со растревожен лик.
- Си имате проблем. Дефинитвно. Еве не сакаат ни децата да спијат во
близина на неговото креветче.
- Што? - моментално се фрли мајката во збор.
- Па се плашат од вошки.
- Бегаат од мојот син? - повторно и’ се насолзија очите.
- Ништо страшно. Се дешава во групата да има црна овца.
- Црна овца!? Ох, моето дете! Мојот син! Црна овца. Зар тоа да биде нашето
дете Горан? - се сврте кон мажот.
- Не... Не. Секако не. Ќе го однесеме кај професионалци. Да добие навики
некои, како што треба. Јас не знам зошто дома не е ваков. Ја стварно не
знам.
- Ни јас! Ништо не ми е јасно.
Ги испрати воспитувачката родителите од својата канцеларија и потоа со
готвачката седнаа во дворот да пијат кафе. Децата дремеа во Големата Соба.
Вошкарот беше барем на метар од сите.