т:темплум  


2007:октомври/ноември
општ конкурс


f:filmmaker


г
:години:19
filip_0000@yahoo.com





 

п:пау-пау, дел 1

Сега во оваа темнина потопен во крв, знам како сево ова почна. Прво нешто е на список, изгледа добро па го избравме богот-пари, Исус рекол “Ако добиеш по едниот образ сврти го и другиот”. Заеби го тоа срање.






 

п:пау-пау, дел 2

Тунелот

8 души во приколката од военото комбе и шоферот напред 9. Сите доброволци и со воља да ги уништиме непријателите, да ги распнеме и да ги нема. Најверојатно сите, освен мене бидејќи мојот константен запечатен гнев почна да испарува, жарот за мојата војна почна да гаси, затоа сега се плеткав во сопствените мисли барајки ја причината зошто го правам ова и не сакав да мислам на каење.
Бев сигурен во својата одлука која не е одлука туку тек на работите и знаев дека нема назад.
И во секој случај, не сакам назад-прозборе госпоѓицата храброст на пичката. Кукавица, пичка во душа. За момент почувствував огромна празнина и во тој момент помислив што барам јас овде-Лузерска света мисла.
Ги извадив цигарите од џебот на кошулата и ја почувствував фотографијата на својата сакана Ана. Сега воопшто немав потреба да погледнам во неа но кога излегував нешто ме натера да ја земам.
Не и кажав дека ќе одам ништо не и кажав. Едноставно ставив крај. Вербата во себе и во бог стана тенка бидејки знам дека на фронтот шансите се големи за секого да биде на погрешно место во погрешно време, ке го искористам празниот викенд и све ке биде во ред. Немав сила за зборови, све се случи брзо. Другари за девојка, никогаш не сум им кажал дека ја сакам, но тие го знаат тоа, никогаш не зборувам за нашиот интимен живот, не како сератор. Сега никој ништо не праша.
Зошто во вакви моменти не слетаат вонземјани и баш онака да личат на вонземјани и баш онака да започнат војна со луѓето, го сакам проклетиот театар.
Пушејки продолжив да трагам осамен како дете за кое никој не може да знае што му се врти низ глава барајки некаква си голема причина иако веќе знаев дека големите пари се клучот и дека само ја преминувам забранетата линија низ тунелот-”човек не може да му угоди” и чувствував мала грижа на совеста ради тоа, но не беше важно, никој не знае никој не ме спречува нели. Плитките вистини излегуваа на површина. Ради избрзувачкиот ебан респект!?. . . Не, не, не ти си дел од тоа и не одбиваш, нема избор тука. . . а не одбиваш ради кого, ради никого. . . ради самиот себе, ради сјајот на оружјето. . . господинот адреналин и заедничкиот ебан филм. Никој од нас не цвика, никој не е пичка, сите имаат срце а ако си храбар и имаш срце си јак и сите те поштуваат, никој не смее да писне никој не се осмелува. Значи не постои нешто што би се нарекло голема причина, воините верувале во својата причина, ние веруваме дека сме воини а немаме своја причина. Ра-тат-а-тау дш-дш пау-пау. Нашата голема причина е омразата а во нејзина корист парите. Посакувам да сум дома да гаѓам мети, заеби сакам да удирам во вреќата цела ноќ. Не, посакувам да сум на песочна плажа, сакам да сум со неа, таа ми го прави ова. . . разделбата. Јас сум сега рибата во аквариумот на која не и вреди да посакува слобода. Многу беше јако, супер беше кога се пукавме по шумите со куршуми со боја.
Другите во комбето се шегуваа и зборуваа. Јас лежев на креветот на спрат долу булејќи во даските.
“Многу е јака, леле да знаеш каква пичка се направила” рече Боб Ан.
“Многу смешни наочари носи, има два три пара рече Ножот, огромни се. ”
“Глумица. ”рече Мартин.
“Секси и стојат. ” Рече Секси.
Знаев, тој никогаш нема да престане да проценува нешто како “секси” зошто на пример кога некој за нешто вика “добро е” или “кул е” тој вика “секси е” тоа е тоа но не само тоа, пример и за скапо нешто може да каже многу е секси и за неограничената средина на многу работи што ќе му застанат на патот. Другарите уште во основно почнаа да го користат “секси” како локална шега но тој го зборуваше цврсто и на негов начин озбилно како негова сигурна проценка. . . па за се и сешто со исклучоци, другите се откажаа и заборавиа на глупоста како све што доаѓа и проаѓа а тој си продолжи како зачетник и стана секси, како белег од детскиот “секси” период.
“Се дружи со онаа хипи девојка што прави ланчиња и шарени ташни”.
“Ништо посебно не е таа”.
“Абе згодничка си е но не е убава”.
“Нема врска јас би и го закачил, перница на лице и нема проблем. ”се насмеаа.
“Во средно носеше црна гардероба. ”
Зборуваа за убавата, згодна со наочари за сонце.
“Ама во средно беше одвратна, носеше илјада беџеви и секакви крпчиња на неа. ”
“Ти текнува дека има носено и лампиони”,
“да бе и како кловн се има шминкано. . . вештерка. ”
“Ама многу знае да врати паметна е. ”
“Џабе и е паметот. ”
“Еднаш еден ја провоцираше и го дупна од заебавање го понижи вкрај незнаеше што да прави и почна да ја тепа ама и тој јаде неколку бокса многу се смеевме. ”
“Сега мислам дека држи часови по јога. ”
“Нее?. . . Се ебе таа?”
“Мислам дека има дечко. ”
“Убава е многу ама арогантна кучка е изгледа, не сакам такви женски”. рече Ножот
“Абе или е јака или нее, или се трти или не, нема филозофија тука. ”Се јави шоферот од напред. Сите се насмеаа.
“Секси секташка. ”
Еднаш една девојка почувствува одбивност кон секси за неговото секси и нафурана го праша: Знаеш да ми кажеш што е тоа “секси”?Тој ја погледна сигурно во очи и рече:Тоа сум јас. Таа не проговори а тој стави крај. Никој никогаш не му рекол доста е, зошто него никој не му се спротивил а ако му се спротиви “Крв ке моча” што одамна не го кажал зошто веќе имаше “образ”и никој не смееше да му писне зошто знаеше дека “Типот е луд”. Секси, секси, секси ебаниот нишан во неговата глава, додаток низ текот на кој не обраќаш внимание и не ти смета, а и девојки најверојатно се палеа на слушнато секси знаеш.
Спроти двајцата Скот и Мартин беа најгласни, зборуваа и и се смееа, многу беа напушени.
“Можам да фрлам палачинка 5 метра во воздух и без да гледам да ја фатам повторно во тавче” рече Мартин и прсна во смеа расположено како да слушнал добра шега а не како да кажал некоја вистина за себе, тој си знае. Правев палачинки и со тавчето низ соба шетав и ја вртев палачинката, Ана седеше на каучот со прекрстени нозе и пушеше цигара. застанав на сред соба до масата, ја гледав во очи, ја фрлив палачинката и таа се закачи на вентилаторот од лустерот, го направив тоа како шега и двајцата се смеевме. Палачинката вртеше, летна и се залепи за прозоророт, тоа беше стишувачкиот момент, палачинката полека се одлепуваше и тоа беше страствениот момент за двајцата и паднав врз неа и водевме љубов. . .
Џони театрално се насмевна (во смисол-ова е нештото што ќе ми ја смени свеста) и запали цигара, Боби кој седеше до него рече кажете дека се пуши и сите забавно и задоволно се поднасмеаа. Цигарата замириса на марихуана зошто беше наполнета со марихуана.
Џони го притисна копчето и викна на микрофонот “Еј” и шоферот врати од таму “Еј”
Комбето се паркира од страна, шоферот ја стиши музиката и ги отвори двете врати од назад влезе и ги затвори насмеан ја побара цигарата. Приметив дека Лаки шоферот носи јапонски влечки и му реков”Како можеш да носиш такви влечки, мене ми се многу незгодни да ми го двојат палецот од другите прсти, како нинџа желка. ”
“А и личи на желка по малце рече Мартин Еве ти убаво желче мое, абе знаеш кој носи такви влечки?”
“Кој?” “Оној што те ебев. ”
“Зошто во цигари сте мотале, нема ризли? Праша Лаки. “Нема. ”
“Па што не извадивте од фолија да направите голем џоинт?” “
“Боби наполнал 20 цигари вчера”.
“Немав што да правам”.
“Па дај запалете повеќе”.
“Не заебавај убиство е ова нема да можеш да возиш”.
“Абе уживај и пливај” рече Лаки.
Скот со вертикална лузна на челото над десното око што продолжува на образот под окото што си ја направил сам зошто по случајност знаеше дека нема да ја добие таа лузна а сакаше да ја носи
Рече “ОК пуши но немој да речеш да застанеме
да искулираме” му се обрати на Лаки. . . ”ке рече, да знаете дека ке рече”кажа обраќајќи се на сите и се насмеаа.
“Немам гајле, флај сум” рече Лаки како тоа да значеше баш нешто. Сите беа расположени, сите се знаевме и бевме другари одамна, . извадиа уште четири цигари наполнети со марихуана и без филтер и пушевме.
“Ова е јако срање, тешка прсканица” реков .
“Чиста хемија”врати Лаки. ”
“Да бе ова е спешл, зедовме 50 грама од ова, шибица за 500 даваат” рече Рики
“И за колку ви ја даде пеескава?” праша Лаки
“Ништо. ”
“Роберт частеше” рече Рики “Роберт растаманон, да Роберт циганон ќелав.
“Па нели е рапер тој” рече Џони
“Да бе ама си го поштуе Марлин. ”рече Лаки
“Марли”го исправи Боби
“Да бе Боп Марли, јас како реков”врати Лаки
“Марлин”
“Е добро де една буква повеќе, што”Се оправда дебелиот
“Абе не дека е добро или не ама ова е со нешто јако прскано, со нешто халуциногено, удира во глава” рече Боби
“Ова дење не се пуши”.
“Добро е бе што ви е, ќе халуцинираме дека одиме во војна” рече Рики со тон како да кажал некаква си глупост, пародиа или што и да е, тоа не се знае, исто како што не се знае дали натписот на неговата маица 1969 е пародиа на 69 или е годината на тешкото ебење.
Се смеевме. нешто не крена некоја заедничка другарска врска пиевме пиво, игравме карти и разговаравме.
Помина половина час и веќе никој со никого не зборуваше, сите бевме во својата погодна положба и како што изгледаше го пратевме текстот од песните на радио и од време на време ќе се насмеевме едногласно па и некој ќе повтореше или ќе прокоментираше а шоферот го слушавме занесен како пее како да е пијан и ги знаеше рефрените од повеќето песни.
“Еј ај пушти го цедето од Тупак!”
 





 

п:пау-пау, дел 3

Мртва важност

Стигнавме во хотелот каде ќе преноќиме и изутрина ќе продолжиме кон Планините.
Седевме во една соба сите. Пиевме, пушевме, шмркавме и го повторувавме истото.
Зборувавме за све што стигнавме и можевме за жени и за војна за тоа како ќе се штитиме, но во исто време знаевме дека можеби нема да бидеме ни близу до фронтот. Зборувавме за дупење пички и наздравувавме од време на време за животот и сите патетики во него. Сите се знаевме и се дружевме одамна освен полниот Лаки кој се дружи со уште една екипа други луѓе. Но се здружи и со овие пред некое време зошто се откачени а тој има пари и дозволува да биде искористуван а за возврат си дозволува да зборува и да се докажува.
“Добро ќе беше сега една стриптизерка да играше на маса”Рече Рики.
“Црнкиња” се насмеавме
“Одма ке ја спружам овде не се мислам јас” рече Лаки со вино во едната рака и крофна во другата и голтна.
Неговото име е-”се трудам да се наречам себеси мускули”обид за она што сите го знаеме -”Јас сум фаца-јас вака, јас така (ладен израз-кажи/стори нешто школа), дали веќе имам и јас нешто да кажам помислив, - лузерска света мисла.
“Еднаш во станон од Бади” (фацата од другото друштво-тој е Бади што на МСН ставил слика од амбалажа од протеини), голтна и продолжи “имаше едно курвиште и седефме вака можда десет души и ни играше стриптиз многу беше пијана. ”
Сите го слушаа, ја крена чашата и продолжи
“Го вадам јас на каучов како што седев и и викам пуши. . . ќе пуши што ќе прави. . другиве нека гледаат јас си уживам” Ја наполна чашата
“Не ја изеба”? праша Џони
“Ме мрзеше, не можев да мрдам “ врати дебелкото со образи поцрвени од вообичаено и голтна вино црвено и прдна намерно.
Се насмеав.
“Што се смееш”
“Ми текна на вицот за гомната што цепеле дрва. ”
“Леле ај кажи го”рече Скот.
Направив израз на лицето како мудрец кој кажува поучна прикаска на своите уценици
Скот задоволен бидејки почнав
“Си биле две гомна и цепеле дрва. . Дошол проливот и им рекол-”Дајте ми и јас да посечам малку” и тие му рекле-”Бегај бе ние сакаме само цврсти момци!”
Се смееа.
Исполегнати сите некои веќе спиеја, не ми беше грижа ни за неа ни за војната, станав од креветот.
“Абе Игор!Рече Мартин, лежеше и пушеше цигара. Знаеш чив е хотелов?” “Чив?” прашав
“Од оној што те ебев. ”
Влегов во купатилото и повратив во мијалникот, бев трезен но ми беше лошо. Се испрскав неколку пати со ладна вода по лицето и вратот. Некој оставил пиштол на казанчето. Без намера да се убијам си го вперив во слепоочница само за да се исфурам, колку е лесно помислив. Ги избришав рацете од косата, соблеков све од мене и го пуштив тушот.
Вечерта сонував “Ме остави, оди по ѓаволите. ” Рече Ана. Потоа го имаше предвиденото утро и убедливо зборував како не е крај на светот и ги сакам сите нив и дека независно од све треба да се вратиме.
 

 




 

п:пау-пау, дел 4

Егото на вампирот

Паѓаа гранати и фрчеа куршуми на сите страни. Бев оддалечен од “кланицата”. Долу зад езерото таму е комбето издржи нема уште многу. Се потпрев задишан со грбот на едно дрво. Вакви рафали и експлозии никогаш слушнати на нова година. Падна граната на гробиштата и парче мермерна плоча за влакно не ми ги згмечи нозете, имало господ за овој момент но така и да продолжи. Се молам за мир и цигара.
На неколку метра од мене меѓу дрвата, брзо како халуцинациа прелета црна силуета. Но не беше нити халуцинациа ни човек ни животно. Профучи брзо како филмски ефект и според вертикалната форма беше најблизу до некаков човек. Бев во паника но поверував во тоа што го видов. Ова е случајот кога ке видиш нешто надвор од границите на моралната цврстина помислив, за прв пат во мојот живот. Ја затворив устата се исправив, за момент потпрен со грб на дрвото вдишив на уста и почнав да трчам. Ќе и кажам на Ана што видов, да во сиот хаос, пеколни врисоци, јаките експлозии и огнови јас видов шумски демон, би можел и во трговски да го видам, Ана веќе не постои. Телото се опушти си ги сплеткав нозете и паднав, успеав да се задржам на раце но го забодев носот во кал се исправив на колена го избришав носот со ракавот и добив нагон да го издувам, го сторив тоа со рака и се избришав од кошулата. Нешто ме чепна од позади 2 пати како да ме вика да се свртам, се наежив на цело тело, не гранка не пушка, прст! О господе прст!Се исправив полека ги кренав рацете и се вртев полека со цело тело, моменти кога ке се соочам со тоа што е зад мене. Се свртев назад за 180 степени и немаше ништо, се наежив но не како првиот пат зошто повеќе сакав да верувам дека ми се причинало. Момент стоев со отворена уста следниот момент нешто флуидно ме тресна на земја ми тежеше на грбот и ми ја пиеше крвта од вратот. Проклетство, објект ми стоеше на грбот и ми ја цицаше ебаната крв!
Не болка како од било што забодено во вратот не како од човек или животно, ебана екстаза во овој вид болка. Нештото престана и ме сврте со грб на земја. Ми го извади ножот од појасот, се исправи и почна да длаби нешто во првото дрво. Лежев немоќен и погледнав во фигурата на млад бледо бел маж во црно со црни расти на косата, чизми до под колена со каифчиња што мора да ги изброиш ако сакаш да знаеш колку има, широки црни панталони пикнати во чизмите и црн широк џемпер со огромна капуљача - Модерен вистински вампир со некаков бројчаник на вратот личи на готска курва на ангел на педер. Го закачи ножот во дрвото. Се сврте клекна, се насмевна си ја пресече вената со нокт и ја стави врз мојата уста. Ебано нешто се случува!Ги стегнав забите но секако не одолеав на магијата на вкусот од крвта на вампирот. ”Доволно е” рече вампирот и тоа беше единственото нешто што го слушнав од него а него веќе без никаков компијутерски ефект го немаше. Лежев на земја и чувствував болка низ цело тело, полека па наеднаш болката престана и јас ја почувствував силата на вампирот, станав и погледнав со своите вампирски очи. Го немаше стравот веќе и се чувствував сигурен како во свој јасен сон- како светот да е мој. На дрвото пишуваше “чувајсе од сонцето” но наназад, но само што прочитав знаев што е, вампирот го направи тоа за да ми укаже за моќната перцепција “од старт”. Ножот беше забоден до пола но го извлеков лесно како од путер, вампирот ми укажа за силата “од старт”.
Се враќав смирен накај “густото”. Веќе ги немаше силните експлозии, заврши.
Само по некој рафал кој значеше победничко славење или смирено егзекутирање. Се враќав “мртов ладен”, споро и зачудувачки гледајки ја ноќта. Ги пројдов запалените гробишта. Го видов својот другар Рики распарчен и закачен на гранка дрво а под него неговата бара крв. Како воопшто да не ми беше грижа, не таа човечка грижа, чувствував нешто друго, знаев дека сум сосем друг. Многу тела многу масакрирани и фатени и убиени, грозно убиени и после смртта сечени, противниците се иживувале.
Боби обесен на дрво, нозете пресечени со се колкови од трупот и ставени на сопствените раменици, јажето проаѓа под каишот, добра идеја иначе може да падне. Ете го и дебелкото клекнат на колена го прицврстиле на кол како да клечи. Му ги исекле стапалата, едното му го заболе со прсти напред со се чизма од позади во вратот каде што се спојува черепот со вратот а другото му го пикнале во уста. Овој ѕверки начин на брутална уметност се вика “исечи му ги ушите и пикни му ги во уши”. На секој по нешто, нема некоја смисла, ѕверовите правеле све што им паднало на памет во моментот. Погледнав во тетоважата од Лаки на дланката над жилата во триаголникот од палецот и показалецот, детелина со 4 листа. Му ја истетовира братот на Рики, поткожна што трае само неколку дена, ако ти се исплаќа за малку болка и пари и за две недели ја нема, на пример за некоја журка можеш на врат да истетовираш а црвенилото се губи за сат време верувајте. Братот на Рики тетовира и пред некое време ја доби бојата. Лаки беше првиот и бесплатно. Шетајќи низ изложбата се повлеков во меморијата низ својот сонски монструозен механизам и такво нешто како грижа не постоеше, не постоеше ни мојот дотогашен живот. Дебелиот викаше веќе повеќе време дека ќе истетовира детелина со 4 листа, го викаат Лаки. Им кажувал некогаш на овие, му се смееле, викал дека има среќна ѕвезда, му се смееле, рекол “Па што секој има среќна ѕвезда” му рекле “Па кога имаме сите што мора да кажуваш дека и ти имаш, знаеме” и се смееле. Се потсетив на бившите другари но не онака човечки нити па другарски, ништо не беше важно веќе, меморијата не течеше низ познатиот филтер. И пред една недела истетовира да види како ќе му стои и кога ќе се врати ќе стави трајна. Веќе му беше побледела на неговата лева дланка.
Стриптизетата за која Лаки викаше дека му го пушела и уживал, не му го пушела, лажливец. Туку играла и си отишла и триесетина секунди по неа Лаки рекол морам да одам и станал. Бил многу пијан ја стигнал ја фатил за коса и и рекол”не се противи курво ке ти платам” и ја пикнал во кола и ја однел кај него дома да ја силува но никако не му се давала и ја исфрлил надвор. Дошол брат и и рекол “на кого ке платиш а”? И Лаки рекол “тебе” и со бејзбол палка му ја дупнал главата и братот на пијаната девојка која играла стриптиз за забава, лежел некое време во болница. Тоа беше вистинската верзија, ми се откри. Знаев однегде за случката но не знаев дека се работи за него, ми продре прецизно од негде во мојата вампирска глава. Ја кренав едната страна од устата обликувајки насмевка без да испуштам глас. Ова е најдобра дрога помислив, кур да пуши фурањето по журка. Извлеков две кратки сабји од бутината на еден од нашите и тргнав полека накај другите кои имаа запалено оган недалеку од тука. Се приближив и видов како противниците печат и јадат човечко месо како што и викаа дека ќе сторат. Победиа и ја земаат силата и духот на противниците. Ебан ритуал на останатите животни.
Ги убивав ги касапев како во ниеден филм. Викаа, пукаа, но никој не успеа да стори нешто, пребрз бев, ужасно умираа и не можеа да сторат ништо, како самиот ѓавол да им се симнал. Ги ранував, им кршев раце и нозе и ги фрлав во огромниот оган. Црнецот бегаше и врискаше. Го извадив ножот од појасот и фрлив, го погодив со рачката, цела рачка забодена во грб, падна на земја и крвареше од уста. Го кренав го фрлив и се закачи на шипката од сопственото знаме.
Ги немаше непријателите кои ја добиа битката за гомна пред да дојдам, ги немаше ни нашите ни моите другари. . . сите беа мртви. Ноќта почна да станува по плава. Многу тела околу мене. Стигнав до гробиштата и помислив да се пикнам под плоча од гроб пред да изгрее сонцето. Го отворив џипот и извадив дрвен сандак од мунициа. Го спуштив сандакот во ров. Небото од сиво накај плаво. Зедов батериска ламба од џипот. Зедов некој капут го здиплив и си направив перница. Легнав во ковчегот и го затворив капакот. Почувствував мир. Каков е овој мир после толку убиени луѓе. Ги прекрстив рацете и ја почувствував пластиката во левиот џеп од кошулата. Ме заболе срцето зошто не ме заболе, човечкото што го немаше во мене. Ја вклучив батериската ламба. Ја извадив фотографијата натопена во крв зошто и јас изгледав како да сум се бањал во крв. Ја забришав сликата и погледнав во неа. Видов дека не ја сакам како што ја сакав, дека ја немам човечката љубов во мене дека сум сенка и веќе не сум истиот. Не смеам да небидам. Немав солзи за каење ништо немав веќе. Прости ми господе незнам што правам но ќе го уништам злото, го турнав капакот и како молња летнав по ридот накај изгрејсонцето и се пресретнав со првите зраци.



Неразјаснетата битка историски стана позната како “Битка без победа. ”
Испеани се неколку народни песни како “Нити еден син не се врати дома. ”
Некој метал бенд снимил инструменталка интро со додадени врисоци се вика “Масакарот кај гробиштата на стравот” по истоимениот албум.
И никогаш нема да се сними филм за проклетството што се случило таму.


* коментар од авторот за расказот

    e:електролит конкурс
       
     
  а:актуелен конкурс   а:архива на конкурси
  р:рокови   д:досегашни конкурси
  п:праќање   н:награди
  а:автори   з:застапени автори
  р:раскази   з:застапени раскази
  н:наградени раскази   н:наградени раскази
  в:ваш избор   в:ваш избор
       
       
  д:други текстови   в:вон конкуренција
  п:праќајте ни други текстови (песни, есеи, рецензии...) кои не спаѓаат во рамките на нашиот конкурс...


 
 
     
  в:ваши предлози  
 

п:прашања




























































































































































































































































































































































































































































 

  д:дома