f:filmmaker
Коментар за расказот „Пау-пау“
Некогаш сум размислувал да пишувам расказ каде нараторот е губитник.
Некогаш ми паднало на памет да пишувам за вампири но го исфрлив тоа и
ископирав нешто. Сум сакал и за војна да пишувам но јас незнам ништо
интересно за тоа освен кога бевме мали и игравме со пластични пушки и
пиштоли. Иако мене никогаш не ме привлекувале и не сум играл со нив. Јас
играв со G.I. JOE – си (пластични акциони фигури на кои им се движат
зглобовите). И денес кога би држел две од нив, дијалогот ќе почне. Еден од
нив војник со депресивен израз на лицето ми даде основа за овој расказ. Па
да кажам нешто за расказов. Воведниот дел е монолог кој би требало да биде
дел од крајот на расказот. Звучи оштро и глупаво. Но на лик кој стигнал до
тука да сака да убива, се разнежнил ради својата љубов за наеднаш да
прогледа низ проѕирноста на работите и станал вампир за повторно да
заборави на све и да го даде својот бесчувствителен максимум и случајно
допирајки ја фотографијата да се сети на љубовта која веќе ја нема – може
да му светне тоа. Така вика писателот. И мене ми имаат кажано “Љубовта
прави луди работи“. Во секој случај ова е нереален треш расказ да речеме
дека е напишан во еден здив. Љубовта на нараторот е пародично патетична
(шпанска серија). Ликовите се измислени. Некои од дијалозите постојат.
Некои лаги што сум ги слушнал, ѓаволски ме поттикнале да пишувам ваков
расказ и да создадам лик како Лаки. Додека слушав некои познаници мислев
морам да напишам вакво нешто. Сакам да кажам дека сум седел со идиоти,
сигурно и ти си сретнал некои. Тешко е некогаш да ги промашиш. Ги сместив
во сопственото воено комбе и одиме да правиме партали како да одиме на
журка. Создадов лик кој се самоуби зошто е таков. И за крај ќе ве молам не
им кажувајте за ова ако ги видите. Знам дека нема да се самоубијат нити па
мене ќе ме убијат. Незнам нема муабет да ми прават. А многу ќе ми е тапа
ако не ми зборуваат. Зошто што повеќе другари имаш тоа подобро. Ќе ти
притребаат за било што. Јас имам грб. Јас кај и да одам другари имам.