2007:јули/август
општ
конкурс
о:оги синко
д:досега
објавено: необјавуван,
непечатен, невработен.
н:нешто
за себе: малку
читал, малку пишувал, многу шетал.
с:свадба
Беше свадба.
Широка, висока, климатизирана сала.
Келнери и келнерки.
Штиркани чаршафи.
Посребрен прибор.
На главната маса невестата и зетот со кумовите.
На кружните маси сите главни гости и уште една.
Секоја свадба ја прави свадба - музиката, гостите и девојката во бело.
Оваа свадба, на крај на летото, беше прилика, да се покаже гардеробата,
тоалетата и исунчаните тела. Се разликуваше тенот од Тасос, од Италија, од
Шпанија. Некој египетски, турски и од Јадран. Малку охридски и неколку
жетварски.
Невестата убава, едра. Пет бебиња да надои одеднаш. Штета што морала да
покрие пола од увезената бакарна боја.
Волани и шафрани. Разголено, припиено, кусо и покусо, свилени панталони,
танги во сите бои, напудрени, затегнати, силиконизирани, фризуросани,
накитени, воздржани, бизнис, естрада, политика.
Музиката?
На едно место, Чајковски, Брамс, Вагнер, Моцарт и Вивалди.
Ги слушаа неговите есен и зима, среде лето.Слушаа, можеби и разбираа?
Имаше и по некој Блуз. По желба. Некој од чалам.
Неизбежниот Штраус ја отвори свадбата. Зетот го бива. Невестата ништо
подолу.
”Бабата” воопште не е за фрлање. Ако бирам, би ја одбрал неа. Три пати се
пресоблече.
“Каков коктел ке нарачате”.
Што има друго.
Па се.
Јас би домашна, од онаа 30-ет годишната, што свекорот ја запечатил кога му
се родил единецот. Келнерот со одобрување ми намигна. За награда ми донесе
и пинџур со лук, за инает на скапите парфеми.
Пред да ја послужат кулата наречена свадбарска торта, од фоаето се слушаат
труби, а од микрофонот оправдувањето на “дедото”.
Ова е желба на мојот зет. Не можев да одбијам. Им се извинувам на вашите
уши.
Зетот напред, па невестата. По нив срамежливо скапите тоалети.
Месечина, Калашников, пајдушка, оптан-топтан, елено – моме, штипски чочек.
Се разлетаа едрите невестински гради.
До нејзините, мајчинските.
Се разрипаа високите штикли.
Издржаа скапите фризури.
Го снема грчот од фаците.
Музиката натера повекето гости, да се присетат на потеклото.
Во еден агол, на кружна маса, сеуште седеа едни други гости.
п:пет во еден
Коса
Бевме шесто одделение.
Се уште учевме во стариот хангар изграден после земјотресот.
Дуваше од сите страни.
Во школото се појавија вошки.
Директорот изрече наредба.Сите машки лустер.Сите женски кратко.
Нејзината црна, малку кадрава, коса и пагаше по грбот.
Беше чудесна.
Цел клас го препознаваа по таа коса.
Не помогнаа молбите на мајка и.
Не помогнаа молбите на класот.
Директорот беше упорен.Рецидив на едно време.
Сите останавме без убавата, малку кадрава, црна коса.
Мајка и ја запиша во друго училиште.
Не ја сретнав повеке.
Вечера
Мојата сопруга сум ја носел на вечера многу пати.
Последен пат, пред 20 – тина години.
Вечерва таа ме покани.
Во ресторан со музика и свеки.
Скоро сме заборавиле, колку заеднички теми имаме.
Се секаваш ли на ова. Се секаваш ли на она.
Да направиме вака, не јас мислам онака.
Свиреа песни од Наше време.
И подарив цвеке, нарачав песна.
Ја гледав како да е единствена на светот.
Станавме да танцуваме.
Времето, кога вежбавме во танцовата школа, се врати.
Душо, зарем не би можеле, еднаш месечно, да си посветиме време само за
нас.
Можеме. Ветувам.
Сакам да ме однесеш покрај некој брег.
Да лежам во лежалка, со книга врака и продолжено еспресо.
Ке те одведам.
Те молам да бидеш трпелив со мене, ти си ми единствена подршка.
Ке бидам ветувам.
Насмевката во нејзините очи, ми беше награда.
Случајна средба
Ја сретнав случајно на влезот од трговски. Со некоја брчка повеке, но се
уште убава.
Елегантниот костум, излезен од хемиско, светеше на рабовите.
Во транзицијава, повекето осиромашеле. Како и јас.
На прашањето, како си, сите одговараме, добар сум.. Жив - здрав. Децата
растат. Живееме некако. Сме знаеле и за подобро.
Таква беше и таа.
Положила правосуден. Станала адвокат. Предмети има, незнае да наплати.
Да одиме на кафе, предложив.
Да. Има што да си кажеме, прифати.
Срекна ли си, ја прашав.
Па знаеш.
Синот на факултет, сопругот зафатен со работа, јас на суд...
Знам, знам.
Се држевме за рака и прашувавме зошто ние двајца никогаш не отидовме во
кревет.
Има време, рече таа.
Има време, реков јас.
Тргна пешки накај дома. Заврна дожд. Завртев телефон да и речам да се
засолни некаде.
Скоро сум стасана, рече. Па да се видиме.
До следната случајна средба, помислив.
Школскиот прозор
Моето училиште беше големо. Најголемо на свет.
Првата учителка се викаше Вера.
Првата љубов Ѕвезда.
Првата петка ја добив за броење до сто.
Заврши школската година. Бев одличен.
Уште се секавам. Некој рече.
Кога ке биде одличен, ако не во прво одделение.
Дојде летото.
Во мал град, преку лето, баш и нема некој избор.
Сакав да си играм со братми и големите.
Не може, ми велат.Треба да направиш некое “големо дело“.
Треба да скршиш еден школски прозор.
Стравот беше голем. Желбата да ме играат поголема.
Зедов камен, завртев одзади и дојдов под мојата училница.
Замавнав. Звукот што уследи ме следи до денес.
Роза
Рано го научив урокот, на чупе за мажење, да не и давам лажна надеж.
На село, ке си бендисаш, обично комшивче и шеташ навечер по прашливата
улица.
Една вечер ја задржав подоцна.
Следната вечер не излезе.Не ја пуштил таткои.
По некој ден дојдоа моите.Стринами ја однела мајками на , кафе кај
комшиката.
Оваа со кафето, почнала да вади јамболии, веленца, јоргани … сиот чеиз на
Роза.
Спремно е девојчето, рекла.
Вечерта се собра ,,советот,, Стрико ми, стринами, брачед ми, брачедата,
моите.
Што мислиш бе суртук, ајде кажувај.
Не мислам ништо.Ние само шетаме.
Од утре да не шетате.
Се омажи за еден месец.
з:згазен
Високо во планината, има чудесна долина. Застанав на стената и извикав
едно име. Ехото ми врати. Еби се.
Не Брзај.
Зборовите на мојата изгубена невиност шепотеа.
Отвори ги очите. Начули ги ушите. Испружи го јазикот. Наостри ги сетилата.
Не мисли со курот.
Полека. Ке стасаме.
Не брзам.
Добро е, арно ама, па запирка. Е тоа, после запирката, обично не е добро.
Има правила на однесување.
Пак правила, пак стеги.
Малку се опуштиш и оп, по глави становника.
Чудно и наивно, од моја страна, дека овде, скриен зад превезот на
тајноста, ќе си бидам Јас.
Ситница. Една ебена ситница, те прави да се чуствуваш згазено. Размачкано.
Со истакнато предупредување „Пази плуканица“.
Ако не можеш да се снајдеш во Сајбер просторот, како се снаоѓаш во
реалниот.
Никако.
Географијата ми е појака страна. Спакуваш куферчето и, до следната
дестинација.
Кој избегал еднаш, ќе бега постојано.
Да. Бегам. Доктор сум.
Имам на себе толку пластови, што не се препознавам.
Се плашам дека и Мајка може да ме препознае.
„Парче душа продавам“.
Убава песна. Соодветна.
Се покажа дека претеран оптимизам, бил полош од песимизмот.
Познато ми е ова чуство.
Подготовка пред бегање, билет во еден правец.
Неколку адреси на блогов ми беа посебно мили.
Пази молим те Адреси.
А која ли адреса сум јас ?
Извинете, Ве молам, сте тропнале на погрешна адреса.
Адресата е таа, ама човекот не живее повеке тука.
Отуѓеност и слични срања.
Проблемот е во тоа што јас сум се отуѓил од самиот себе.
Верував, сега малку не верувам. До следното верување.
Проблемот не е дали некој ви верува вам.
Прашањето е колку вие верувате.
За почеток на самиот себе.
ч:читајте
други текстови од оги синко
►