о:оги синко
б:бегалец
На каменото
пристаниште, исправени молкум, стоеја сите.
Ја очекуваа Баркасата со бегалците.
Во далечината татнеа топови.
Експлозиите наближуваа.
Сите со стегнати срца, во единствена мисла, дали испловиле.
Зад Рт-от се зададе точка.
Тие се. Сите ли се?
Баркасата наближуваше.
Два Галеба, со челични крилја, надлетаа над собраната толпа.
Сарделите, инчуните и буквите се залетуваа на брегот. Како и тие да го
изгубиле внатрешниот компас.
Пискотниците, смеата и солзите се измешаа.
Стасале да се евакуираат навреме.Сите со по едно врзопче в раце.
Тој остана последен.Надица го почуствува неговиот изгубен поглед.Неговото
премислувањe.
Нејзин врсник.
Не го чекаше никој.
Јас сум од прифатниот центар – му рече.
Неговите сиви, влажни очи и се насмевнаа благодарно.
Надица затрепери. Ја плени. Потона во нив. Се зацрвене.
Госпоѓице, ке се снајдам јас.Ви благодарам.
Се заврте и зачекори.
Застани.
Внатрешниот глас ке ја задушеше.
Сопри го, измисли нешто, стори нешто.
Со втренчен поглед во неговиот грб, не се помрдна од местото.
Тенката висока фигура, сврте на аголот и исчезна.
Часовникот на Катедралата отчука 12 и пет.
м:моето
семејство
Кај нас работи
единствено Тато, а дома сме четворица.
Неговата плата е 11.000,оо ден. Не е голема, ниту мала. Затоа мојата
задача е многу одговорна. Го следам извршувањето на месечниот финансиски
план.
Приходот и расходите се однапред распределени.
Мојата “креативност“ се сведува на пополнување општи уплатници и плаќање
сметки. Трошоците ја преминуваат платата на тато, па затоа тој, секогаш,
кога може, работи кај други.Често пати и бато оди да му помага.
Мама ме научи, па ние двете месиме разни специјалитети.
Немам дечко. Затоа бато фатил девојка. Ми го призна тоа дента, кога целата
своја заштеда ја дал за патики. Многу се израдував. Колку убаво му
“лежеа“на нозете. После два дена ги продал за пола цена.
Мали, ми рече, неможеш да се натпреваруваш со технологијата, најмалку со
другите ученици во облекување, освен во учење. Убавината е во срцето,
запомни.
Тато е најсрекен кога му раскажувам како сите училишни предмети ми се
лесни.
Тато и мама никогаш не се караат. Понекогаш шепотат и престануваат кога
некој од нас ке влезе.
Мама има мигрена и често ја боли главата. Тато на шега вели дека е луксуз
да се разболи било кој од нас. Деца, ке рече некогаш, да го отплатиме
станов, да ве видам вас здомени, да ги вратиме долговите, е после, јас и
мајкави ке седнеме да одмориме.
Бато од другиот месец ке почне да работи во кафуле. Ке собира пари за
компјутер.
Имаме и кола, ама тато не ја вози, а не му се продава за 100 евра. Сега
бато учи да вози на неа.
Се грееме на дрва. Оваа зима беше топла, па од купените шест, заштедивме
две метра. Имаме ТВ и фрижидер. Немаме микроталасна и фрижидер за длабоко.
Храната од нив не е здрава. Месото на есен го солиме во каче. Целата
зимница ни трае до мај. Понекогаш тато носи Козјо сирење. Тогаш редовно
готвиме макарони. Тато не пуши (се откажа) и не пие пиво ни вино, освен
кога ке ни дојдат гости. Но откако мама остана без работа се поретко ни
доаѓаат.
Многу го сакам моето семејство. Ја сакам и мојата симпатија. Кога прв пат
се набелив и нацрвив, мама ме посоветува да не ги затворам порите. Твојата
убавина е во твојата младост, ми рече. Дозволи душата да ти се гледа преку
очите.
Седејки кај тато на колено, го слушам како разговара со бато. Синко, ке му
рече, ако те затворат за идеи, ке те пуштат. Ако те затворат за криминал,
образот се губи. Ниедна држава на светот не прибира криминалци.
После случката со патиките, бато почна да чита, за мене, неразбирливи
книги. Мали, ке ми речеше. Тоа што не го гледаме и неможеме да го
докажеме, не значи дека не постои.
Вчера мама и тато за малку ке се скараа. Мама инсистираше да се изнесат
саксиите со цвеке од подрум.Тато рече добро, ама за десет дена пак ке ги
враќаме.
- Ама види колку е топло времето.
- Да, ама сеуште е месец март. Мама попушти. Мислам повеке од респект,
одошто беше убедена.
Тато е најсилниот човек. Неговите очи секогаш се смеат.
Вие деца само учете. Еден ден и ние ке имаме дворче со трева и на
средината чадор.
Ти Јано ке ми свариш кафе, а јас ке ги учам вашите деца како се прават
вртелешки и свирчиња од врба.
н:не
буди ме
Не буди ги
бесовите во мене
кога сум во пристаниште и кроток
Не повикувај ветришта, во срцето ми
Не си играј
Не си играј со огин.
Со моите надојдени плими
Oставиме во спокој.
Ме разбудиш ли, ке зажалиш.
Ме разбудиш ли, ке биде страшно.
После, нема како да избегаш
Ке го сменам годишното време во очите
Ке подигнам води и бранови
Ке те удавам со бакнежи
Додека не потонеш во мене
Ке се печеш на огновите на страста
Ако посакаш да заминеш, ке те запрам.
Ке откорнам патишта да заметнеш трага.
Не ги повикувај бесовите во мене
Кога се смирив со осаменоста,
немој, ранет сум.
Не ја буди љубовта во мене,
кога заборавив што е љубов.
Немој, ке те зароби
Ме разбудиш ли. Ке зажалиш
Ме разбудиш ли, ке биде страшно.
а:ане
Mеѓу Цавтат и
Дубровник, на 5 км од брегот има островче.
Некој словенец го земал под концесија и од него направил ресторан.
Таму одевме на подводен риболов и банчење. Крајот на Октомври баш и немаше
многу туристи.
Ме прашува словенецов. Македонец, следната недела ми доаѓаат четири
гостинки од Загреб.Јас морам да отсуствувам. Ке сакаш ли да останеш и да
им готвиш. Ке ти помага Ане.
Ане беше садомијачка и собарка. Некаде од Херцеговина. Целата плата ја
пракала дома.
Океј, реков.
Останаа пет дена.Четири девојки и јас.Две од факултетот за драмски
уметности и две лезбејки.
Ги испративме.
Вечерта останавме сами. Ане беше неугледна девојка со рошаво лице, рамна
ретка коса, куси дебелки нозе, тело без струк и изразено газе.Фаца што ке
се скрие секаде.
Ме замоли да одиме на пливање.
Јас исцеден, сакав да си легнам.
Само да се натопам, вели.
Ајде, процедив преку сила. Месечина. Водата вака-така. Повеке ладна од
топла.
Се соблековме голи.Ја гледав како брат да ми е.
Попливавме малку и јас излегов прв.Не и подадов ни рака.
Се изненадив колку тенки, а шилести цицки има. Во облик на крушка. Како ли
само стоеја така исправени.
Се лизна и пресече на стапалото.Ја извлеков.До колибата имаше дваесетина
метри.Ја дигнав на раце и понесов.
Се тресеше во мојата прегратка.Ладно и е , помислив.
Ја оставив на дрвениот, тврд кревет и реков ке побарам ханзапласт.
Не ги одвои рацете од мојот врат.Напротив, ја долепи главата на моето
рамо.
Ја помилував по грбот. Под прстите, мускулите и ,,играа,,.Кога сакав и
градите, само повеке се впи во мене, испуштајки звуци налик на кучешко
цвилење.
Помислив дека сум и можеби прв. Излезе дека сум бил полу-прв.Мојот
претходник бил некој варен морков.
Нејзината желба и невиност ме обзедоа.Ме потсети на раните љубови, кога
при бакнување ни се судираа забите.
Го снема уморот.Никаде не брзав.Ја водев полека и нежно од оргазам во
оргазам.
Нејзините сокови имаа вкус на ванила и лимон.
Тоа утро зората ги помилува гушнатите љубовници.
Само тогаш.
л:лујза
Лујза ја запознав
на едно поетско читање.
Беше надарена поетеса – аматер.
Излеговме неколку пати. Беше многу нежна. Ранлива.
Го одложував сексот со неа, да не избрзам. Да не ја исплашам.
Сакав да шетаме по месечина и зборуваме за љубовта.
Значењето на нејзините зборови and dont go soft on me now ги спознав
подоцна.
Тој ден ручав во Пивница.
Некаде околу десертот дојде Борис и ме викна вечерта кај него на
специјална журка.
Што да донесам, прашав.
Ништо, рече.
Вечерта, околу 21 заѕвонив на вратата.
Ми отвори Алек, Вториот пријател.
Седнавме во дневната. Борис послужи пијалок .
Слушајте, рече.Во спалната лежи девојка. Ја запознав пред некој ден.
Преубава е.
Ја донесов дома. Ене ја на креветот. Ке направиме групњак, но има правила.
Таа ке биде со врзани очи, а Вие со врзани раце. Нема зборување.
Се што ке сака, како ке сака и колку ке сака ке си земе самата. Тоа се
нејзините услови.
Нема проблем, рековме ние, секогаш расположени за игра.
Го допивме пијалокот, се соблековме и Борис ни ги врза рацете со ефтини,
пластични ; лисици ;
Кога очите ми се навикнаа на придушената светлина, на креветот, ја
препознав - Лујза.
Очите и беа врзани со црн превез.
Беше облечена во црвено свилено Сари. На челото имаше и жолта точка.
Се дружев со Лујза уште некое време.
Не и кажав дека таа вечер, мојот Стојко, го вовлекувала во сите отвори.
Не и купував повеке цвеке.
Нашиот секс стана див. Животински. Без предигра.
На разни начини и необични места.Секаде . Штом се сретневме.
Не ми пречеа нејзините естравагантности.
Ми пречеше што повеќе не шетавме по месечина.
п:патот
на душите
Велат, кога
ке почнеш да евоцираш спомени,
значи дака си остарел.
А што ако ги заборавиш и спомените?
Беше еден од
посебните.
Со генерaции модификуван да зрачи љубов
Светкањето на централниот мозок, означуваше пребарување.
Сектор 232 / 7. скалтас - jk
Неговата сродна душа беше одредена, класифицирана и подготвена.
Започнуваше вечната игра, со феони неизменета..
Средба, мирисање, воведување во ист ритам.
Пулсираа совршено.
Секое нивно треперење, здружено со другите избрани, ја доловуваше
пролетта.
Годишните времиња беа избришани од сеќавањата, но називите на промените,
што сетилата ги перцепираа и абсорбираа, беа задржани.
Беа врежани во колективната свест.
Пулсирање - хармонија. Допирање - светлина. Насмевка - музика.
Секоја вљубена двојка пулсираше во „својот“ сектор, со посебен ритам.
Од нивната љубов зависеа многу.
Се беше однапред предвидено.
Траеше строго одредено.
Почуствува како се оддалечува. Се одвои од него и почна да се движи по
друга траекторија, додека сосема не се изедначија во друга паралела.
Никогаш повеќе да не се сретнат. Никогаш пресечат.
Ја изгуби.
Започнуваше фазата за која беше одгледуван. Фазата на болка.
Споменот за изгубената љубов, поттикнат со посебна програма, се засилуваше
до болка.
Набрзо ке бидат спротиставен на друга болка, родена од омраза.
Советот на мозоци, имаа доволно време да изнајдат друг извор на енергија,
пред нивната ѕвезда да згасне.
Изворот на новата енергија никогаш нема да пресуши.Ќе има секогаш љубов и
омраза.
Дури и после крајот на светот.
Требаше само да изнајдат начин, како таа огромна енергија да ја
контролираат и акумулираат.
Време е.
Во специјално изградената свера, еден спроти друг, седнаа тој и причината
за неговата изгубена љубов. Тој исполнет со љубов и спомени генерирани до
неиздржлива болка. Другиот исполнет со презир и омраза, кон сите што ја
вкусиле љубовта.
Блесокот беше заслепувачки.
Двете души во сверата се испразнија.
Спомените исчезнаа.
Исчезна и болката.
ж:желба
Многу беше
заљубен.
Подолго од потребното.
Подолго од предвиденото.
Љубовта е болест што се лекува.
Затоа одбраа да ги инфицираат со неа.
Ја прележаа сите, освен него.
Чекаа времето да го излечи.
Без него неможе да продолжат.
Секој требаше да принесе жртва.
Ја одбраа љубовта, како најнепостојана.
Преку неа, да стасаат до целта. Исполнување на една желба.
Чекајки го, долго разговараа за нивните желби.
Беа разумни и остварливи.Сите, освен неговата.
Рецепторот упорно ја одбиваше како нереална.
Го убедуваа и разубедуваа.
Нека одбере вечен живот, како повекето од нив.
Нека одбере свое парче земја, со вистинска трева.
Нека одбере било што.
Тој упорно опстојуваше на своето.
Да ја сретне неа, пред преобразбата.
Да ја сретне „на време“.
На цветна ливада, каде малиот водопад се нурнува во тиркизното езеро.
Одбра да живее само десет години.
Програмата го одбиваше барањето.
Никој повеке не се сеќава кој ја напишал и како може да се измени.
Ке ја чекам, одговараше.
Имам право на желба и одбрав.
Ке ја чекам мојата љубов.