мај
в:велковска весна
н:на
брат ми
Се враќав
од училиште. Одев пеш до својата куќа скоро петнаесетина минути. Одвај
излегував по угорницата. Од силна болка мислев дека ќе ми се распрсне
главата на парчиња. Ме болеше многу и одвај чекорев. Брзав за што побрзо
да стигнам дома и да легнам. Влегов дома и кога таму - гости. Се
поздравив, разменивме неколку зборови и се повлеков во другата соба зошто
повеќе неможев да издржам. Земав една крпа, ја натопив со ракија и ја
врзав на челото. Понекогаш истото го правеше и баба ми. Се надевав дека
помага и дека ќе ми помогне и мене. Ми беше криво што неможев да останам
подолго со роднините кои беа дојдени да го видат брат ми кој лежеше болен,
но главоболката ме спречуваше.
Бевме во истата соба, тој на едниот кревет јас на другиот. Го прашав како
е и легнав. Болката непопушташе. Неконтролирано почнав да плачам.
Највероватно се сожалував себе си а и брат ми во тој момент. Двајцата
легнати во постела, а на тие години човек би требало да е здрав, полн со
енергија и сила, што би рекол народот “земјата да крцка под тебе кога
чекориш”. Но неможеа сите да бидат такви.
Брат ми иако само со 25 години лежеше во постела, болеста го разјадуваше
секој ден се повеќе и повеќе, нозете веќе му откажаа послушност, неможеше
веќе ни да јаде, ни да пие, беше слаб и немоќен.
Можеби сето тоа ме натера да се расплачам уште повеќе затоа што мојата
болка беше моментална и знаев дека ќе помине истиот ден, а неговата беше
со години. А тој и покрај сите свои болки и јадови најде сила да ме теши и
смирува.
- Не плачи, ќе помине - го слушнав неговиот глас. Стани, написе еден
аналгин, преспи малку и ќе видиш дека ќе ти помине. Човек мора да има
надеж и верба и нетреба да дозволиш болката да те скрши - ми рече.
Ге послушав, станав се напив аналгин и легнав. Кога се разбудив
главоболката веќе ја немаше, па отидов и ја запрашав мајка ми што рекоа
роднините, дали можеби знаат некој лек или пак постои некаков начин што би
му помогнал да се излекува.
Лек за тоа сеуште нема и тешко во скоро време и да се најде, го слушнав
гласот на татко ми. - Ама, мора да се најде нешто, мора да постои некој
начин да му се помогне - одговорив.
Дај боже да е така, но многумина од таа болест не се излекувале, болките
од ден на ден само им се зголемуваат за на крај да завршат со животот во
пеколни маки.
Зборовите на татко ми ме потресоа. Зар тоа ќе се случи и со брат ми. Па
тој е толку млад, уште нема ништо видено од животот - ништо. А се надевам
дека ќе му помине, ќе оздраве...
Поминуваа денови а нему му беше све полошо и полошо, губеше од тежината и
не личеше повеќе на себе.
Едно утро се спремав за училиште и го отворив плакарот за да земам облека.
Ново одело закачено во него ми го привлече вниманието. Зар татко ми си
купил и не се пофалил - си помислив. Беше многу убаво, свечено одело. Го
извадив и се стаписав. Беше многу помал број од тој што го носи татко ми.
Не, не е можно да е за него. Зошто го купиле? За што ли се спремаат?
Солзите почнаа да ми течат низ образите. Липтав на цел глас. Мајка ми
исплашена дотрча и кога ми го виде оделото во раце и стана све јасно.
Зошто, зошто сте го купиле прошепотев. - Мора да ја прифатиш вистината ма
колку и да е болна ми одговори мајка ми. Лекарот вчера ни рече дека не се
знае уште колку ќе издржи - ден, два а можеби и помалку.
Цел ден бев како во транс, оделото ми беше цело време пред очи.
Кога се вратив од училиште осетив некаква одбивност кон плакарот. Нозете
сами ми се врќаа назад. Неможев повеќе да го отворам. И реков на мајка ми
да ми извади неколку мои работи за да ги префрлам во другата соба. Ме
погледна со некој чуден поглед но ми ги донесе. Можеби неможеше да свати
што се случува во мене - но ме послуша.
Вечерта неможев да заспијам до касно во ноќта, и ми се причини дека само
што сум задремала кога слушнав некакви гласови и раздвиженост во собата
кај брат ми. Го погледнав часовникот. Беше 4 и 10. Само што сакав да
станам кога слушнав како се отвора вратата од плакарот. Веќе све ми беше
јасно. Него веќе го изгубив засекогаш. Несв есно ја тргнав завеста и како
да очекував да го видам како ми мавта за последен пат пред да замине на
далечниот пат - пат без враќање. Но, се разбира - надвор немаше ништо.
Станав и тргнав накај собата. Но мајка ми ме врати. Каде? - ми рече. Врати
се на спиење. Што се случува мамо - ја запрашав. Видов дека одвај ги
задржува солзите. Не сакаше да ја видам како плаче. Брат ти повеќе го
нема. Знам дека ти е тешко, но подобро е сега да не влегуваш во собата.
Се вратив назад и незнаев што да правам од болка, место не ме држеше. Се
обидов да наслушнам што прават и зборуваат, но зборовите што ги слушав
само уште повеќе ми го параа срцето. Ја ставив перницата на глава и
испружена на креветот плачев долго жалејќе за човекоат што веќе го нема а
толку многу ми значеше и го сакав со сето мое срце и душа.