мај
д:дамески андреј
г:години:19
п:професија:студент, продуцент
и:интереси:музика, философија,
секс
д:досега објавено:ама баш ништо
н:нешто за себе:среќата не се
наоѓа, среќата е.
б:блог: muaddib.blog.com.mk
e-mail:
mu4ddib@gmail.com
с:среќа.
Вистинска среќа II
Пријатна музика свиреше во позадина, и се губеше во кабината. Само
прозорецот од левата страна ù даваше малку да излезе надвор. Тој возеше по
осветлениот булевар, од десна страна згради, од лева – дрвја па згради.
Неговата потсвест се хранеше од пријатните меланхолични звуци од музиката
која беше пуштена на средна јачина на неговото радио.
Неговата потсвест.
Произведе.
Идеја.
„А да свртам кон тој паркинг? Би било преубаво...“ секако, тоа беше само
свесниот резултат на мислата. Главната идеја на мислата лежеше некаде
закопана. Тој ја знаеше но не ја освести.
Право по булеварот, па десно. Право. Право. Автомобили стојат – црвено е.
Поткочува по малку за да не изгуби залет па да мора да кочи до крај и да
стави прва брзина, бидејќи виде дека се запали црвеното пешаче. Зелено.
Врти десно. Право. Десно.
На паркинг, скоро неосветлен.
Право. Право. Паркингот го води влево. Право. Право. Булеварот му е сега
од десната страна. Паркингот го води влево пак.
Пред него нејзината зграда.
Всушност, овде дојде полуочекувајќи да ја види. Сакаше само да ја види.
Таа беше една од малкуте личности кои беа свети за него.
Право. Паркингот води вдесно па влево. Поглед лево.
Гледа некој. Гледа некој сличен на неа, многу сличен.
Таа е! Се бакнува со некого. Гушната е.
Поткочува за да ја види подобро, и ја гледа маѓепсан. Таа изгледа
прекрасно. Не, не дотерано, нашминкано или наместено. Прекрасно. Во
надворешното визуелно поле му се појавува бел објект. Поглед напред.
Автомобил кој е во опасна близина на неговиот а се наоѓа во средната лента
на паркингот. Кочи и врти на полно десно. За малку не го удира. Продолжува
напред, а во себе помислува нема љубомора.
Нормално дека нема љубомора. Љубомората е болест.
Малку по малку осеќа радост, како што потсвеста ја обработува сликата која
предмалку ја виде. Паркингот го носи благо лево па десно, па право. Таму
застанува, го врти автомобилот во обратен правец, и тргнува назад. Сака да
ја види уште еднаш, да поужива во глетката. Оди назад по паркингот,
гледајќи на десно. Ете ги пак, уште се бакнуваат, како да се замрзнала
сликата кога се поставиле на таа позиција, и вечно да уживаат. Среќа,
вистинска среќа. Таа е среќна, и тој е среќен за неа.
Се насмевнува и продолжува по паркингот. Пак поткочува, да ги види за
последен пат, пазејќи да не го видат, бидејќи не сака да им го прекине
задоволството. Тој погледнува кон него, и овој, исплашен да не го видат,
забрзува по паркингот.
Неизмерно е среќен.
Оди на крајот од ова „право“ од паркингот, кај кривината што сега го носи
влево. Застанува пред неа и го вади телефонот од левиот џеб.
Пишува порака:
„Многу ми е мило што те гледам среќна, како го поминуваш времето со него
:) поздрави го и насмеј се“ и ¢ ја праќа.
Продолжува да вози кон својот паркинг во населбата која се наоѓа од
другата страна на булеварот. Стигнува на својот паркинг, а музиката, со
екстремно засилен ефект поради неговиот афект, сеуште му ја храни
потсвеста, овојпат повеќе од било кога. Останува во автомобилот уште некое
време, поради музиката. Поради неа. Поради Себе.
Среќен е. Не, можеби и не сте доживеале таква среќа, но еден ден ќе дојде,
верувајте. Тогаш можеби ќе ви текне на ова. Но не дозволувајте да ви го
прекине уживањето – го заслужувате.
Заклучува и тргнува дома. Се качува горе и се соблекува. И` се јавува на
девојка му, и неговото битие говори „Знаеш ли колку те сакам? Многу.
Премногу.“ Таа е среќна. Сите се среќни. Колку само малку треба, нели?
Само 19 години.
Оди до компјутерот и седнува да напише текст...
„Не, малите работи не те
прават среќен, туку големите
работи потикнати од малите“