т:темплум  

 

мај
b:
bushy meat




г:глувчешка тртка

Од татко ми ја наследив желбата за патување. Повеќе сакав да го наследам имотот што остана по неговото простување со овој свет, меѓутоа во тој поглед судбината повеќе му беше наклонета на брат ми. Од покојната ми мајка ја наследив дарбата за почитување на убавото, но и одбивноста кон современата уметност. Таа секогаш го мрштше лицето кога ќе застанеше пред некое уметничко дело т.н. плод на модерното време. За време на мојот скорешен престој во Париз се сетив на нејзиниот намрштен израз кога патот ме однесе токму пред музејот за современа уметност, Жорж Помпиду. Ни самата не знам како завршив таму. Шетав по убавите улички, ги фотографирав старите згради, се обидував во фотографиите да ја доловам атмосферата на стариот Париз кога наеднаш пред мене се покажа футуристичкото здание, музејот. Околу зградата имаше многу народ, претежно млад свет. Го проверив списокот на знаменитости што треба да се посетат, музејот беше на самото дно, но штом веќе сум тука ќе влезам, си реков. Пред влезот изложуваа повеќе неафирмирани уметници, за мали пари ги нудеа своите дела. Не е лесно да си уметник, си помислив, можеш да ја насликаш и најдобрата слика ама ако не си забележан ништо не ти вреди. Во музејот имаше повеќе изложби. Почнав од најгорниот спрат. Додека се спуштав надолу од сите страни ме притискаше туѓ и бизарен свет на модерната уметност. Меѓудругото, видов мртва кокошка изложена во позлатен ковчег, чадор отворен во задник на крава, телевизор наместо перница во кревет, гениталии обесени на новогодишна елка. Изморена од виденото решив да приседнам, да си ги средам впечатоците. Луѓето околу мене со возбуденост коментираа и го фотографираа безмалку секој изложен експонат. Седев пред поголема стаклена маса прекриена со група експонати насловени “глувчешка трка”. Откако се одморив со поглед барав наоколу некое интересно дело што ќе влезе во мојот фото албум. Ништо не ми фаќаше око се додека не се загледав во своите обувки. Одеднаш нешто ме натера да го извадам чевелот. Кога незабележано го ставив на масата во мене како да проструи нов живот: чувствував како ја пробивам обвивката на просечноста - зарем и од мене се испилуваше уметник, современ уметник? Мојот експонат го поставив токму во средината на “глувчешката трка”. Фотографијата што ја направив ми се допадна. Изгледаше и другите посетители го мислеа истото; не помина долго време, пред масата застана поголема група јапонски туристи. Нивниот водич низ музејот ја посочи поставката “глувчешка трка” како пример за апсурдноста на животот во западниот свет. Чевелов го симболизира местото на жената во таквото потрошувачко општество, им појасни водичот. Требаше да ги почекам Јапонците да завршат со фотографирање пред дискретно да посегнам по својата сега веќе афирмирана обувка. Меѓутоа тогаш почувствував нечија тешка рака ме потчукна по грбот. Се завртев. Од високо ме меркаше официјално лице одговорно за изложбата. Се обидов да објаснам дека сакав само да си го фотографирам чевелот. Тоа како уште повеќе да ги искомпликува работите - бев обвинета за присвојување на чевелот што се уште ми беше на ногата; на крајот и тој заврши на масата, бев приморана боса да го напуштам светот на современата уметност.

    e:електролит конкурс
       
     
  а:актуелен конкурс   а:архива на конкурси
  р:рокови   д:досегашни конкурси
  п:праќање   н:награди
  а:автори  

з:застапени автори

  р:раскази   з:застапени раскази
  н:наградени раскази   н:наградени раскази
  в:ваш избор   в:ваш избор
       
       
  д:други текстови   в:вон конкуренција
  п:праќајте ни други текстови (песни, есеи, рецензии...) кои не спаѓаат во рамките на нашиот конкурс...


 
 
     
  в:ваши предлози  
 

п:прашања






























 

  д:дома