т:темплум |
мај с:спирализирање Тој ден,
додека паразитирав на креветот, јас се замислив себеси како полжав. И
одеднаш, нешто ме преврти, соборувајќи ме на земја. Што се случува,
вриснав и се обидов да се подигнам. Но, не можев никако, по ѓаволите,
колку и да се обидував, јас не можев да придвижам ниту еден дел од моето
тело, ниту еден единствен прст. Единствено-очите. Погледнав наоколу. Околу
мене немаше ништо, освен сино платно со облаци за кое не знаев дека
воопшто го има во мојата соба. По извесно време јас сфатив дека сум
полжав, но дека сум заборавил при замислувањето да ја намалам тежината на
мојата двокатна куќа. н:ноќ на полна месечина Цигарата е
испушена. Автоматизираните инсекти иритирачки кружат околу испушокот на
денот, се додека конечно не ги смири смртоносниот бакнеж на уличните
метални дами за кои се лепат привлечени од нивната радиоактивно жолта
аура. Се е црвено од љубов и подготвено за испорака во локалната
месарница. Месарот ги остри своите мисли со нож, притоа отсекувајќи си ја
главата. Топката се стркалува низ лепливата крв оставајќи прекрасен црвен
отисок на скалите. Ми почнал циклусот, помислува една девојка. Зарем не е
малку рано?! Сигурно дека е. Месечината сеуште не излегла од
канализацискиот отвор. Исто и месечарите. |
e:електролит конкурс | ||||
а:актуелен конкурс | а:архива на конкурси | |||||
р:рокови | д:досегашни конкурси | |||||
п:праќање | н:награди | |||||
а:автори | з:застапени автори |
|||||
р:раскази | з:застапени раскази | |||||
н:наградени раскази | н:наградени раскази | |||||
в:ваш избор | в:ваш избор | |||||
д:други текстови | в:вон конкуренција | |||||
п:праќајте ни други текстови
(песни, есеи, рецензии...) кои не спаѓаат во рамките на нашиот конкурс... |
||||||
в:ваши предлози | ||||||
п:прашања |
д:дома |