т:темплум  

 

април
м:
мицковски иван



г:години: 16
г:интереси: пишување, филозофија, психологија, уметност, графички и 3D дизајн
г:
досега објавено: The Gream Reaper, The Final Chapter (www.everything2.com) Nick: Psychotic
г:нешто за себе:
г:мото: "Незнаењето е блажено"

 

о:оплаканиот череп

Пролет, 4079 година на кучето. Небото се обидуваше да се обои во боите на зајдисонцето за да ги голтне во ноќта неговите зраци, тревата танцуваше со нежниот ветер кој често скиташе по рамнината во ова време од годината.
Младиот Ченг Су се шеташе надвор од градот. Тој беше изморен од целодневното изведување со неговата група на улични забавувачи, и ја искористи оваа прилика за да биде сам со својте мисли. Шуштењето на тревата под неговите нозе се повеќе му звучеше на приспивните песни кои неговата мајка му ги пееше кога беше мал. Тој здогледа една врба чија сенка лебдеше по земјата и се упати кон неа. Кога Ченг Су се најде под широката крошна на врбата, тој забележа еден светол, тркалезен предмет под коренот на врбата. Се наведна и го зема во својата рака, погледнувајќи го повторно. Тага го обвзема младиот уличен забавувач кога заклучи дека во својата рака држи череп, изеден од времето. Тој го сврти стариот череп накај себе и го погледна во неговите празни очи, очи кој некогаш не биле многу различни од неговите. Ченг Су долго време го гледаше черепот, оплакувајќи ја неизбежната судбината на сите луѓе, тагувајќи за крајот на сите световни работи.
Зраците на месечината веќе продираа низ густите гранки на врбата. Ченг Су беше преморен, тој го положи черепот врз тревата и легна, користејќи го како перница за својата глава. Завесата врз очите на Ченг Су се спушти и тој се разбуди во своите соништа. Како што спиеше, во сон му се појави стариот череп. “Ти си будала штом ги оплакуваш мртвите!”, му се обрати черепот на Ченг Су со остар глас. Ченг Су вчудоневиден од зборовите кои ги слушна го праша черепот: “Ако ја имав моќта да ти го вратам животот, нели би сакал да го сторам тоа?” Черепот и понатаму изненаден од глупавоста на Ченг Су му одговори: “А од каде знаеш дека е лошо да бидеш мртов?”

    e:електролит конкурс
       
     
  а:актуелен конкурс   а:архива на конкурси
  р:рокови   д:досегашни конкурси
  п:праќање   н:награди
  а:автори  

з:застапени автори

  р:раскази   з:застапени раскази
  н:наградени раскази   н:наградени раскази
  в:ваш избор   в:ваш избор
       
       
  д:други текстови   в:вон конкуренција
  п:праќајте ни други текстови (песни, есеи, рецензии...) кои не спаѓаат во рамките на нашиот конкурс...


 
 
     
  в:ваши предлози  
 

п:прашања

















  д:дома