т:темплум  

 

април
к:
костадин голаков




 

ц:црви

  Јадев јаболко. Наидов на црв. Место да го згазам, го фрлив во твоето срце. Нека те јаде сега. Кога веќе не може да биде мамец за риби. Рибите имаат вкус. Не сакаат црвјосани срца.



д:допир

  Студени прсти. По лицето. Лазат. Бршлен. Се јазат нагоре. До очите. Ги нема. Пропаѓаат во дупките. Бараат. Ништо. Некој друг ја завршил работата пред нив.

 

д:двобој

  Обајцата дојдовме до таа точка кога треба да се реши. Кој ќе остане. Кој заслужува. Или кој сака да остане. Да живее. Повели. Помлад си. Потегни прв. Промаши. Што сега? Уморен сум од тебе. Ми здосади. Оди си дома. Не сакаш. Тогаш јас ќе си одам. Можеш да ми пукаш во грб. Слободно. Нема да те кажам дома. Нема да те натепаат. Денеска ќе поминеш без ќотек. Поздрави ја мајка ти. Пукај.




к:карти

  Ги претепав џандарите. Кецовите ги пратив да си играат со десетките каубојци и Индијанци. Им ги скинав главите на кралевите. Дами мои, останавте вие само. Која е првата? Останатите карти нека гледаат само. И така се воајери.




к:кодош

  Претпоставувам дека си човек. Како мене. Само различна физиономија. Јас сум повисок. Ти понизок. Јас чекорам исправено. Ти поднаведнато. Јас брзам само кога треба да ја земам ќерка ми од градинка. Ти секогаш трчаш. Јас живеам дома. И ти, исто така. Мојот дом го викаат куќа. Твојот дом глувчешка дупка.

    e:електролит конкурс
       
     
  а:актуелен конкурс   а:архива на конкурси
  р:рокови   д:досегашни конкурси
  п:праќање   н:награди
  а:автори  

з:застапени автори

  р:раскази   з:застапени раскази
  н:наградени раскази   н:наградени раскази
  в:ваш избор   в:ваш избор
       
       
  д:други текстови   в:вон конкуренција
  п:праќајте ни други текстови (песни, есеи, рецензии...) кои не спаѓаат во рамките на нашиот конкурс...


 
 
     
  в:ваши предлози  
 

п:прашања











 

 

 








  д:дома