април
f:fish-er
e-mail:
janes@mail.net.mk
е:ексхумација
од нехумана природа
Неговиот
череп ги задоволуваше неговите потреби, а тоа беа тие, тоа беше тој-“SS”-
овец, тиран од Аушвиц.
Едно мрачно пладне (какви што впрочем беа сите), трчајќи по тремот за да
не пропушти да им го даде оводневното следовање на проѕирните ветрушки- се
лизна и акна.
“Scheize”!- онака надуен истркала сочно од уста в уста (се ми се чини дека
вкусот му се бендиса, зашто се немаше плакнето уста бааѓи време) и низ
заби и се подзасркна.
Стана, а не се исправи.
Поднаведен и грабнат со рацете за колена се обидуваше да земе здив
и...-конечно успеа за негова несреќа. Од гасната комора, поточно од оџакот
кој беше низок и не беше по пропис иако германска градба, се смееја чадови
измешани од пискотници и градни анатомии, стравови за себе, роднини,
рабини и градови, а се клештеа немите оти го начекаа.
Омаен... падна на колена. Така наколеничен, “SS”- овецот нејќум ги вдиши
исклештените кои што од цијанид, што од јад го одродија од овотремното, но
пред да го ничкосаат и му ја спремат најновата унифорама и изгланцаните
чизми за вечна хоризонтала, му ја покажаа трагата од крв на која се беше
лизнал.
Се испули и акна...- сега безживотно.
Униформата и најновите чизми му ги поспремија и го фрлија гол.
Го струполија во јамите каде што ги накопуваа гетоарите кога ќе зазгниеја
од арост, зашто пцојсан им вредеше исто колку нив.
...-Оџакот престана да чади.
Дојдоа другите и ги откопаа јамите.
Родот од родосквернавените си ги презакопа остатоците во алејата, а него
го сетија дека е “SS”- овецот. Го сетија по здивот од кој наѕираше по
некое недоречено-искезено чадче што уште не можеше да му прости и кое
правеше излези-влези, дај и надеж на душата или што и да беше (многу души,
а не една таа беше зела) дека ќе ја пуштат, па земиија и така пинг-понг .
Сега го закопаа под тремот- кај крвта...- а крв уште капеше.
Крвта беше на Павел кој имаше 9 години и нешто, а беше од едно село близу
Краков и беше сирак.
Неговата грешка беше што е сирак, а твојата “SS”- овецу што не ја избриша
крвта која остана од дневното следовање.
Павел и ден денес е пинг-понгар.
ј:јас
(ли)
Комоцијата му ги диктираше неминовните природи.
Накиснат; абе каков накиснат - искиснат бев.
Заслепен; ма какви заслепен - слеп бе, ќорав - мрак.
Замислен; кој ти имаше време за мислење - давај лапачка ваму.
А тоа - што да ти кажувам: едно црево, провиснало и се стиснало и шиба ли
шиба, што алкохолно-никотинести непроветрености, што разни смесесто
недоречени сештости и што ли уште не.
А, малендав бев, јас.
Се бев или ништо, само глув не бев.
Еднаш наслушнав дека ме викаат Сутеф, а да не беше Тефус или така некако.
Не е битно, битно е да течи од тоа цревото, а да нî беше врвца ... ма кој
му ебе матер, што сакало било важно капеше, течеше, гргаше и се така си
повторуваше.
А и сам бев, јас.
Не дека се бунам, ама сам си е сам. Ми фалеше дијалог, од еднонасочни ми е
“преку кур”, чекај, чекај да се испулам подолу, уфф,уф...- добро е, не
било само фраза. Туку, немам сетено близина бе братче, жива душа не
поминува.
Еднаш еден ќелав така наврати за миг, ѕирна и фит фиделија фати. Не дека
го видов, ама го сетив. Како да имаше идено тука повеќе пати, се му беше
познато, ич не се збуни од околината, е сега, дали пред мене бил овде
задомен или колку за беља само праел влези - излези, незнам, ама сетив
дека само што ме виде, ја спрашти. Зинав да викам, ама веќе беше предоцна,
а и ништо од устава не излегуваше...
Де бе, зар и нем сум да му ебам мајката! - заклучив безнадежен.
Многу е мачно се сам да си откриваш и ете затоа не е убаво да си сам, а
посебно, не јас. Видов невидов иако слеп, зедов и си молчев во мисливе,
иако нем. Терав од тоа цревото и прчев курето којзнае уште колку време, се
дури не и се нажали да ме пушти надвор, па и јас свет да чујам, а не само
поблиска околина. Минаа така едно побааѓи темници и не само што и се
нажали, туку вика корни со солзи и кара врни, по мене ли или не...-
незнаев, ама ме разбуди.
Само шо кренав тоа главата, кога ме опна едно блескавило и таман си се
изначудив ќефлисан на мојот опул за кој мислев дека го немам, ко ме
зграпчи еден мајчин - море двајца беа, како со пипци или слично - не е
битно, знам само дека не беа како ќелавиот и...- молкнат ли молкнат.
Вака јас, за да се задржам се грабнав за тоа ѕидовите кај шо бев мижел
којзнае колку и...- гребам, тие молкнат, јас гребам споасувам глава, а
некој слушам плачи - јачи и се ми изгледа како да плачи од мене. Страв не
страв престанав да гребам ама замижав, не дека се небев навикнал на
светлото што ѕиркаше меѓу пипците па ми е страв да нé не го видам пак,
туку од страв за животецов мижев.
Престана да јачи.
Ме измолкнаа!
Абре - дебре, дури ми текна...- ШТРАК нешто и ми го скина цревото.
- Шо прам сега без црево?!
Сета автентичност на мојата колку-толку кумулативна (тогашна)
индентификација му ја должев на сега штракнатото црево, а сега наеднаш го
немам, се снемав или се сменив, ми се раздени или ми се достемни...
Во мигот од хаос, знаев дека добивам а губам, знаев дека штракот е крај, а
единствено не ми беше јасна неговата брзина, зашто мислев (незнам зошто,
можеби заради мојата дотогашна лежерност) дека големите нешта неидат
стихијно. Немав време за анализа, па се препуштив на инстинктот: анимлен и
краен, но и тој беше се предал завалијата.
Мојата немоќ иссилена со грч, крепаше...
Мрдав и грабав...
Цревото назад!
Овде студи, у пичку матер! - мислев да кажам, а од мене излегуваше само
пискот, неартикулирано грозна врева, па така, сиот ќеиф што не сум ниту
нем (од толку многу возбуди веќе ништо не ме изненади), а и за да не си се
избудалам од сопствениот вик - престанав.
Престана Се.
По некое време фрлив опул и видов еден голем со коса, коса - косиште, како
се ѕвери подзинато окезен во мене. Откако му се подиспулив (иако уште
гледав наопаку, а и бои некако слабо распознавав) со малку фантазија ми
заличи на ќелавиот.
Уште кога го сетив тогаш дури бев слеп, искиснат и нем, знаев дека и тој
има замешано нешто, но си реков - Ајде бе, грд е овој, кај е да го пуштиш
внатре за вистински...
Грд - негрд, тој бил и арно што бил, ако не бил, не ќе сум бил ни ЈАС...
во ЈАСЛИ.