април
д:дамески андреј
г:години:19
п:професија:студент, продуцент
и:интереси:музика, философија,
секс
д:досега објавено:ама баш ништо
н:нешто за себе:само научната
фантастика дава можност тој што не го напишал делото да биде некој што не
е.
б:блог: muaddib.blog.com.mk
e-mail:
mu4ddib@gmail.com
с:среќа.
Вистинска среќа.
Тој ден не
му одеа баш сите работи од рака. Имаше испланирано сè што ќе му се случи
во денот: прво доручек, па на работа, па ќе се види со девојка му, а потоа
ќе се оддаде на музиката и конечно, како и секогаш, во 2 часот по полноќ
ќе мастурбира и ќе заспие. Совршен план, совршени тајмирања. Обично му
успеваа. Не, не обично, туку најчесто.
Но тој ден не му одеа баш сите работи од рака.
Утрото кога стана забележа дека му трепка телефонот, што беше
знак дека примил порака. Пораката беше од една стара другарка.
„Еј, сакаш ли да се видиме вечер? Ќе каснеме нешто и ќе се шетнеме“ викаше
пораката.
Од тој момент почнаа работите да не му одат како што треба. Доручекот го
утна, стави премногу сол на путерот па се скиселуваше додека го џвакаше
лепчето.
Обилно се лигавеше.
Закасни на работа цели 43,7 минути а тој беше клучниот човек во проектот
кој неговиот тим од колеги требаше да го спроведе. Дури и кога се
обидуваше да ја поправи ситуацијата со екстра работење уште повеќе
забошотуваше. Само една мисла му се вртеше низ главата.
На работа остана подоцна од обично за да ја заврши пропуштената работа во
проектот. Затоа и закасни кај девојка му. Таа му беше лута, а згора на тоа
тој сакаше порано да си оди.
„Зошто сакаш да си одиш?“ нејзиниот лут глас играше кон него.
„Имам работа за утре.“ ù одговори.
„Работа? Каква работа? Или пак ме откачуваш за музиката, а? Само да знаеш,
ако отидеш, тоа ќе ти биде последно.“ изразот кажуваше дека е сериозна.
Оваа беше можеби најтешката одлука што ја имаше направено во неговиот
живот, која како да беше истргната од него.
„Морам да одам... извини душиче“ ù рече, тргнувајќи да ја баци во образот,
но таа одмавна со главата, разочарана, и се тргна. Се качи дома.
Тој ја сакаше својата девојка. А сега таа го напушти. Се чувствуваше како
да го удрил гром.
Тој ден беше крајниот ден од рокот до кога требаше да го предаде своето
најново музичко дело на натпреварот во кој беше сигурен дека ќе победи.
Наградата беше договор со една од најјаките продуцентски куќи на светот.
Но, место да го прати делото, тој влезе дома, се раскомоти и си даде 5
минути мислење. Мислење за сè што се случи денес... или поточно, сè што се
заеба.
Влезе во купатилото, се соблече и се истушира. Се среди и се облече, и се
намириса со парфемот кој начесто го користеше и на кој многу лица од
спротивниот пол стануваа влажни. Но не го ставаше за тоа, туку зошто му се
допаѓаше нему лично.
Часот беше 20:46.
Крена слушалка. Стисна неколку копчиња.
„Ало, еј, што правиш? Абе, важи ли тоа уште? Да бе. Така? Добро бе, во
девет сум кај тебе. Ај чао.“
Како што внатрешната рамнотежа му се враќаше така и неговото лице се
враќаше повторно во жива верзија. Претходно беше многу блед.
Само една мисла му се вртеше в глава.
Излезе. Беше тотално отсутен додека ја отвораше вратата од автомобилот.
Седна внатре отсутен. Го запали отсутен. Се возеше и се довозе отсутен.
Само една мисла му се вртеше в глава.
Се паркираше и излезе од автото. Пред него зграда. И познат влез.
Лифт. Добро познатото копче за добро познатиот спрат.
Лифтот одеше брзо но по малку поткочуваше додека се качуваше, како на
моменти да губеше сила, но пак потоа продолжуваше да се качува. Сè до
следното поткочување.
Вратата на лифтот се отвори и му го овозможи видикот на добро познатиот
спрат. Ништо не се сменило.
Мислата му остана.
Ѕвонче. Познат весел глас се приближува, а тој се озарува.
Вратата се отвора.
Таа му ја отвора.
Среќна е и таа што го гледа.
Се прегрнуваат. Тој се топи.
Влегуваат. Внатра двајца другари и една другарка кои и тој ги знае. Се
спремаат да си одат. Двајцата другари ќе бидат на истиот спрат во
соседниот стан, „кај една другарка“.
Си одат.
Од тој момент, сè му станува како сон. Ја гледа, разговара со неа.
Двајцата се смеат и се среќни. Среќни еден поради и заради другиот.
Седнуваат. Се прегрнуваат. Остануваат така. Сака да каже нешто, но се
предомислува. Гори од среќа. Се тргаат од прегратка. Таа оди да пушти
музика.
„Знаеш дека денес заебав сто работи за да дојдам овде?“ ù вели.
Таа се врти да му одговори. Насмевка спие на нејзиното лице.
„Знам.“ му вели.
Колку е слатка си помислува, гледајќи ја. Таа одбира диск и го става во
системот.
„Утрово си го заебав појадокот. Како да јадев само сол беше.“ ја гледа
дека се смешка и продолжуваа; „Потоа закаснив на работа. Изгледа ќе ме
отпуштат. Девојка ми ме откачи. А во моментов требаше веќе да ја праќам
песната на натпреварот, знаеш кој.“ Тага му го бои гласот.
Таа се врти и тргнува кон него, гледајќи го право во очи, носејќи ја
насмевката, таа пеќерно-слатка насмевка која кажува сè. Го прегрнува.
Мижат и двајцата, уживајќи еден во друг. Таа оди кон неговите усни, и го
бакнува. Тој, изненаден, се поттргнува, но набрзо се предава на својата
мисла која му ги заебува работите цел ден, и ја бакнува.
Мислата е:
„Ќе ја бакнам. Мора денес. Ми треба!“
Се гушкаат и се бакнуваат, се смеат безгласно и се гледаат во очи, среќни,
за цел живот среќни. Тоа е вистинската среќа.
Подоцна, касно во ноќта, тој се спрема да си оди. Не можат да се одлепат
еден од друг, сèуште смеејќи се, бескрајно среќни. Се бакнуваат по 10ти
пат за збогум, а секој бакнеж е пропратен со прегратка, секој пат за нив
пократка отколку што би сакале тие да трае.
Конечно, се одлепуваат, насмевки на нивните лица. Другарите веќе го чекаат
во лифтот.
„Чао!“
„Чао.“
Се качува во лифтот, кој крцка од неговата тежина.
„Што си така среќен бе?“ го зафркаваат. Тој не одговара, само си ја држи
насмевката на лицето.
Лифтот тргнува надоле. Почнува да крцка поинтензивно сега.
Одеднаш, тој се откачува од носечката сајла и почнува слободно да паѓа
надоле.
Се гледа стравот од смртта во нивните очи.
И паѓаат, паѓаат ...
* * *
„И, бабо, што се случи со него потоа?“
„Епа сигурносните сајли попуштија. Тој загина таму доле.“ Баба ù тешко
дишеше.
„Ова е многу тажна приказна бабо.“ таа се покри со јорганот и се намести
да легне. Тагата ù ја изобличи фацата.
„Знам, синко, знам.“ Не ни беше свесна дека скоро нечујно ù се испушти
„Проклет да си“. Внука ù ја свести.
„Што викаш бабо?“ таа го чу но не го разбра шепотот.
„Ништо синко. Сега спиј убаво, утре е голем ден.“ Утре беше нејзиниот прв
училишен ден во петто одделение. Ќе сретне нови професорки, нови предмети,
нови луѓе. Можеби и некое момче, кое ќе биде баш за неа.
Се заврте да ја види баба ù како си оди од собата. А таа се сврте кон неа,
светлината од ходникот оцртувајќи ù ги контурите. Солзичка светкаше на
крајот на нејзиното око.
Солза на одамна поминато време.
„Секое машко во својот живот има
една женска личност која кога било
да го повика, ќе дотрча по неа.“
-Една другарка