т:темплум  

 

г:гацова кристина

 

м:мало девојче и ној

  Ќе искубам пердув од опашката на нојот. Од крилото и од вратот.
  Ќе издлабам дупка во спомените на нојот. Една под крилото и под вратот.
  Ќе изронам семе диво во очите на нојот, во крилото и
во вратот.
  Ќе никнам ко р’кулец во утробата на нојот. Еднаш под крилото и еднаш низ вратот.
  Ќе живеам во клунот на нојот. Понекогаш под крилото, а понекогаш околу вратот.
  Ќе дишам со шкргите на нојот. Можеби со крилото, никако со вратот.
  Ќе те носам под ноктите на нојот. Од крилото до вратот.
  Ќе те чувам во цревото на нојот. Зад крилото далеку од вратот.
  Ќе те излачам како киселина во желудникот на нојот. Без крилото и вратот.

Чинам, премногу долго ја играм оваа игра. Семето е јалово, веќе не р’ти, крилото е скршено, вратот свиен, очните дупки се празни, шкргите мувлосани, ноктите искршени, цревата преплетени, киселините скиснати, спомените избришани. Нојот се тетерави под тежината на последниот пердув. Клунот се вкочанил не сака да исчезне.





т:
т’га за техно

Ех, едно такси ја да си земев
и во град ја да си идев
на наши места ја да си идам
да видам Аркадија, Паб да видам
да видам дали е музиката тамо
без веза како и вамо.

Ако как овде ме звук сретит
ако пак без веза музиката звучит
на п’т далечни ја ќе се стегнам
и в Скопје ќе си побегнам
к’де има диџеи добри
к’де забава има ногу.

Овде је мрачно и мрак м’обвива
и турбо фолк земја покрива,
кремчиња, сељаци и народњаци
Цеца и Драгана, грди фаци.





к:
кобно доба

вкус на метал и земја во устата
тежина од која не можам да го помрднам телото
студено е и мириса
мириса на гнило
на скапано
на изгниени лешеви

се прашувам дали твоето тело лежи до мене
сеуште ли сме заедно

прости но не ја видов твојата смрт
се обидов верувај ми
ги кренав очите високо држејќи ги во рака
не успеав

самиот не ќе си простам
ја видов смртта на илјадници луѓе
својата не ја доживеав
а твојата не ја почувствував

ќе речев дека боли
но што знам јас

премногу боли
само што јас не чувствувам

премногу долго сум овде
треба да заминам
да побегнам со тебе

дали си ти тоа до мене
никогаш нема да дознаам

подобро да заминам без тебе
никогаш нема да можам



ч:читајте раскази од кристина гацова

    e:електролит конкурс
       
     
  а:актуелен конкурс   а:архива на конкурси
  р:рокови   д:досегашни конкурси
  п:праќање   н:награди
  а:автори   з:застапени автори
  р:раскази   з:застапени раскази
  н:наградени раскази   н:наградени раскази
  в:ваш избор   в:ваш избор
       
       
  д:други текстови   в:вон конкуренција
  п:праќајте ни други текстови (песни, есеи, рецензии...) кои не спаѓаат во рамките на нашиот конкурс...


 
 
     
  в:ваши предлози  
 

п:прашања




































































 

  д:дома