Ова е избор на некои од книгите кои сме ги дизајнирале во изминатите 10 години за повеќе клиенти.
Издавачка куќа „Готен“
Едицијата „Alcazaar“ се занимава со објавување дела со историски мотиви, со фокус на митологијата, архетиповите и легендите на словенските народи. При дизајнирањето на едицијата се водевме од тие појдовни точки и создадовме визуелен идентитет кој асоцира на нешто старинско и архаично.
За едицијата „Contemporanea“ се решивме за посовремен дизајн со потенцирање на фрагментираноста и шареноликоста кои се едни од основните елементи на современото живеење и ги пронижуваат романите од оваа едиција. Се инспириравме од јасните бои на поп-арт движењето во уметноста и ги преточивме во дизајн на модерна и впечатлива едиција.
Во едицијата „Enfant Terrible“ е застапена експериментална литература од помлади автори. Во духот на едицијата дизајнот е нестандарен, а кориците печатени во само една боја врз моден картон во боја.
Едицијата „Lanterna“ содржи теоретски книги и согласно на тоа дизајнот е геометриски и поедноставен, со јасни обоени површини и јасна визуелна симболика.
Едицијата „Кулиси“ е специјализирана за драмски текстови, како и едицијата „Milenium moderna“ и некои други експериментални изданија.
Издавачка куќа „Темплум“ и други издавачи
Избор од нашата работа за повеќе различни клиенти.
И секако примери од некои од нашите изданија…