Тука можете да го посетите ПОРТФОЛИОТО или да ги видите книгите на Бранко Прља.
Доколку сакате печатено издание, пишете ни на kapka@kapka.com.mk
2003 За секого по нешто, за некого ништо (реиздание 2011)
2005 Вести во земјата на чудата
2006 Парите се отепувачка
2007 Вести од подрумот на баба ми
2009 Досие: Планета Икс (извадок на англиски)
2010 Вест од Несвест
2011 Досие: Ѕвезда Немезис
2012 Досие: Универз Ум
2012 Приказни обични за луѓе необични
2012 Атом и Ева
2013 Чадор без рака да го држи (извадок на англиски)
2013 Азбука за нефизичари
2013 Нина Прља Обоени приказни
2014 Азбука на игранка (со Нина Прља)
2015 Букви, во збор! (со Нина Прља)
2015 (Не)докажани приказни (со Нина и Иван Прља)
2015 Коњи, или прирачник за тоа како да станеш вистинска каубојка (со Нина Прља)
2015 3 минути и 53 секунди (Берт Стајн)
2016 Како да држиш чадор без рака
2016 1 час и 30 минути (Берт Стајн)
2017 Необични факти од животот на Алберт Ајнштајн
2017 Необични факти од животот на Никола Тесла
2017 Апокалипса.мк
2018 Јаболкото на Њутн (и други необични факти од животот на Исак Њутн)
2018 Реплика.мк
2019 Made In China!
2019 Неверојатниот живот на Стивен Хокинг
2019 Воскресение.мк
2020 25 факти за аерозагадувањето и начини како можеш да го намалиш (со Владимир Карер)
2020 Брадосани хипстери во карирани кошули се подготвуваат за зомби апокалипсата
2021 Мустаќлии кои го смениле светот (со Исак Сима)
2021 Вселенскиот пионер Јуриј Гагарин (со Нина Прља)
2021 „Од кој филм беше?“ – 150 сцени од познати филмови (со Берт Стајн)
2021 99.9 тотално забавни и сосема бескорисни факти… (со Исак Сима)
2021 Забавни факти за диносаурусите и други ужасно големи гуштери (со Нина Прља)
2021„Дај, не фрлај“ – од Фејсбук група до еко-револуција! (со Владимир Карер)
2021„Пекол“но добро дело на Данте! (со Нина Прља)
2022 „Шапката му ет арна, ама глаата му ет празна“ – 50 цитати и поговорки за образованието
2022 Еднаш Курт Кобејн тропал со лажици по куфери…
2022 Необични факти од животот на Алберт Анштајн (2 издание)
2022 Необични факти од животот на Никола Тесла (2 издание)
2023 3 минути и 53 секунди (графичка новела)
Некои од дигиталните изданија:
2009 Бранко Прља Случајот Ајнштајн
2011 Нина Прља Како да се симнеш додека стоиш
2012 Нина Прља Коцкасти луѓе во тетратка со коцки
2003 За секого по нешто за некого ништо
- импресум
- за делото
- преземи
Ако речете дека неговите раскази се постмодернистички или дека излегуваат од под големиот шинел на Данил Хармс – нема да згрешите. Ако минимализмот, збиеноста, едноставноста, бајковитоста и суптилниот хумор ги прогласите за упоришни точки на неговата поетика – исто така нема да згрешите.
Но, интересно е што кај Прља – како и кај секоја друга добра литература – значењата не се исцрпуваат туку-така. Како што вели Давид Албахари: ‘Она што самата приказна го знае, никогаш нема да се дознае’.“
Никола Гелевски
2005 Вести во земјата на чудата
- импресум
- за делото
- преземи
„Петок, 31 декември, 2021, година 1, број 1“
Измислени вести и раскази во формат на весник
Издавач: Темплум
26 стр.
илустр., 30 см
ISBN 9989-902-94-1
Станува збор за збирка измислени вести, куси приказни, имагинарни биографии на познати личности на сатиричен и хумористичен начин. Доминантна е играта помеѓу фактот и фикцијата. Влијанието на сатиричниот магазин „Онион“ е очигледно, но делото не застанува таму. Напротив, тоа оди понатаму од сатиризирањето на локалните и глобалните вести и политичките настани и социјални прашања.
Деконструкцијата на „вистината“ станува главна тема на делото кое се стреми да докаже дека вистината во модерниот свет е поим и концепт кој многу лесно се манипулира, а комерцијализацијата и консумеристичкиот начин на размислување и живеење се главните полиња на критика. Социјалниот ангажман е на прво поле во овие изданија и се надоврзува на сатирата и хуморот и настојувањето да се внесе уметнички дискурс во новинарскиот жанр се носечките елементи на овие дела.
2006 Парите се отепувачка
- импресум
- за делото
- преземи
„Вторник 25 април 2022, година 2, број 2“
Измислени вести и раскази во формат на весник
Издавач: Капка
20 стр.
илустр., 30 см
ISBN 978-9989-189-27-2

„Сабота, 29 септември, 2023, година 3, број 3“
Измислени вести и раскази во формат на весник
Издавач: Темплум
20 стр.
илустр., 30 см
ISBN 978-9989-189-26-5
Станува збор за збирка измислени вести, куси приказни, имагинарни биографии на познати личности на сатиричен и хумористичен начин. Доминантна е играта помеѓу фактот и фикцијата. Влијанието на сатиричниот магазин „Онион“ е очигледно, но делото не застанува таму. Напротив, тоа оди понатаму од сатиризирањето на локалните и глобалните вести и политичките настани и социјални прашања.
Деконструкцијата на „вистината“ станува главна тема на делото кое се стреми да докаже дека вистината во модерниот свет е поим и концепт кој многу лесно се манипулира, а комерцијализацијата и консумеристичкиот начин на размислување и живеење се главните полиња на критика. Социјалниот ангажман е на прво поле во овие изданија и се надоврзува на сатирата и хуморот и настојувањето да се внесе уметнички дискурс во новинарскиот жанр се носечките елементи на овие дела.
2009 ДОСИЕ: ПЛАНЕТА ИКС
- импресум
- за делото
- преземи
„Тајни документи од приватниот живот на планетите“
Кратка проза
Издавач: Темплум
Илустрации: Владимир Лукаш
173 стр. / 17 см
ISBN 9789989189630
Книгите од Астро Гном едицијата не се научни документи, нивната идеја не е да бидат егзактни, ниту содржат физички формули. Напротив, идејата е во играта помеѓу фактот и фикцијата да се создаде нешто што на западот се нарекува факција, а авторот го претпочита изразот едукативна проза.
Тематиката на првите три книги е макросветот и астрономијата, додека четвртата книга се занимава со проблематиката на микросветот.
Авторот ги десемантизира и ги разбива сите значења, сите фрази, сите синтагми и сите елементи на нарацијата, потоа ги ресемантизира. Во тоа постојано меша диспарантни поими. Најчесто се од областа на популарната култура и на современите комуникации, но во таа игривост, во таа зачудност и онеобичување, има и многу интелектуализам, како пристап својствен за него.
Роберт Алаѓозовски
2010 Вест од несвест
- импресум
- за делото
- преземи
Во 2005 година авторот ја објавува збирката измислени вести во форма на весник, со наслов „Вести од земјата на чудата“. Оваа серија на измислени вести во форма на весник авторот ја продолжува со изданијата „Парите се отепувачка“ од 2006 година и „Вести од подрумот на баба ми“ од 2007 година.
Книгата „Вест од несвест“ издадена во 2010 година е збир на повеќе изданија кои претходно авторот ги објавувал во форма на фиктивни весници, надополнета со 4-то издание во збирна книга.
Се работи за збирка измислени вести, куси приказни, имагинарни биографии на познати личности на сатиричен и хумористичен начин. Доминантна е играта помеѓу фактот и фикцијата. Влијанието на сатиричниот магазин „Онион“ е очигледно, но книгата не застанува таму. Напротив, таа оди понатаму од сатиризирањето на локалните и глобалните вести и политичките и социјални ситуации. Деконструкцијата на „вистината“ станува главна тема на делото кое се стреми да докаже дека вистината во модерниот свет е поим и концепт кој многу лесно се манипулира, а комерцијализацијата и консумеристичкиот начин на размислување и живеење се главните полиња на критика. Социјалниот ангажман е на прво поле во овие изданија и се надоврзува на сатирата и хуморот и настојувањето да се внесе уметнички дискурс во новинарскиот жанр и жанрот на книгата, како едни од носечките елементи на овие дела.
2011 Досие: Ѕвезда Немезис
- импресум
- за делото
- преземи
„Тајни документи од заверата за уништување на светот“
Кратка проза
Издавач: Готен
Илустрации: Владимир Лукаш
184 стр. / 17 см
ISBN 9786084625070
Книгите од Астро Гном едицијата не се научни документи, нивната идеја не е да бидат егзактни, ниту содржат физички формули. Напротив, идејата е во играта помеѓу фактот и фикцијата да се создаде нешто што на западот се нарекува факција, а авторот го претпочита изразот едукативна проза.
Тематиката на првите три книги е макросветот и астрономијата, додека четвртата книга се занимава со проблематиката на микросветот.
Авторот ги десемантизира и ги разбива сите значења, сите фрази, сите синтагми и сите елементи на нарацијата, потоа ги ресемантизира. Во тоа постојано меша диспарантни поими. Најчесто се од областа на популарната култура и на современите комуникации, но во таа игривост, во таа зачудност и онеобичување, има и многу интелектуализам, како пристап својствен за него.
Роберт Алаѓозовски
2012 Досие: Универз Ум
- импресум
- за делото
- преземи
„Тајни документи од најновиот светски поредок“
Кратка проза
Издавач: Готен
Илустрации: Владимир Лукаш
181 стр. / 17 см
ISBN 9786084625117
Книгите од Астро Гном едицијата не се научни документи, нивната идеја не е да бидат егзактни, ниту содржат физички формули. Напротив, идејата е во играта помеѓу фактот и фикцијата да се создаде нешто што на западот се нарекува факција, а авторот го претпочита изразот едукативна проза.
Тематиката на првите три книги е макросветот и астрономијата, додека четвртата книга се занимава со проблематиката на микросветот.
Авторот ги десемантизира и ги разбива сите значења, сите фрази, сите синтагми и сите елементи на нарацијата, потоа ги ресемантизира. Во тоа постојано меша диспарантни поими. Најчесто се од областа на популарната култура и на современите комуникации, но во таа игривост, во таа зачудност и онеобичување, има и многу интелектуализам, како пристап својствен за него.
Роберт Алаѓозовски
2012 Приказни обични за луѓе необични
- импресум
- за делото
- преземи
Авторот користи еден апарат на банализација, на разигрување на фразите и на спуштање на нивото, кој е наследство од авангардата, особено руската авангарда и дадаистите. Таа јазична и авторска маска ја користи, од една страна, со цел универзалните вистини да ги направи достапни и разбирливи за секој. Од друга страна, тоа е израз и на неговиот револт, неговиот интелектуален, да не речам политички, ангажман, но и еден ангажман против уреденоста на светот и тој тоа успешно го прави преку онеобичувањето на нештата.
Но истовремено, освен што е протест, тоа е и повикување на игра – ние да сфатиме дека и зад најбаналните поими може да се најдат некои нови значења и синтагми.
Роберт Алаѓозовски
2012 Атом и Ева
- импресум
- за делото
- преземи
„Историја на една материјалистичка љубов“
Кратка проза
Издавач: Готен
Колажи: Бранко Прља
157 стр. / 17 см
ISBN 9786084625230
Книгите од Астро Гном едицијата не се научни документи, нивната идеја не е да бидат егзактни, ниту содржат физички формули. Напротив, идејата е во играта помеѓу фактот и фикцијата да се создаде нешто што на западот се нарекува факција, а авторот го претпочита изразот едукативна проза.
Тематиката на првите три книги е макросветот и астрономијата, додека четвртата книга се занимава со проблематиката на микросветот.
Авторот ги десемантизира и ги разбива сите значења, сите фрази, сите синтагми и сите елементи на нарацијата, потоа ги ресемантизира. Во тоа постојано меша диспарантни поими. Најчесто се од областа на популарната култура и на современите комуникации, но во таа игривост, во таа зачудност и онеобичување, има и многу интелектуализам, како пристап својствен за него.
Роберт Алаѓозовски
2013 Чадор без рака да го држи
- импресум
- за делото
- преземи
Кратка проза
Издавач: Готен
Илустрации: Бранко Прља
64 стр.
17 см
ISBN 9786084625278
Во оваа проза ќе се сретнете со вивисекција на вжештеното електронско секојдневие, кое го турка човекот во виртуелниот свет, пропуштајќи го патувањето во сопствениот свет, од кој може да излезе со еден грст креативни идеи.
Книгата ја доживеав како една „капка“ од Универзалниот УМ, која слободно лебди и зазема секакви облици и форми и остроумно гледа низ различни призми: телесни, интелектуални, психолошки, социјални, физички и метафизички, релативистички итн., но
сепак суштината останува иста – непроменета и вечна потрага по вистината за животот и за меѓучовечките релации.
Од една страна го отсликува слободниот пад на овој цивилизациски миг, кој во неврат ита во немерливо длабоките амбиси на егзистенцијалниот вакуум, за кој нè опоменуваше Виктор Франкл. А од таму извира празнотијата на нашите животи – par exellence!
Но, од друга страна овие златни букви испишани од правот на реализмот потсеќаат и на зборовите на Рабиндранат Тагоре: „Судбината не нè ограби сосема!“
Марија Арсовска
2013 Азбука за нефизичари
- импресум
- за делото
- преземи
Дел од текстовите во Азбука за нефизичари се претходно објавени во книгите Атом и Ева (Готен, 2012), Досие: Универз Ум (Готен, 2012), Досие: Ѕвезда Немезис (Готен, 2011) и Досие: Планета Икс (Темплум, 2009), додека други за прв пат се објавени во ова издание.
Оваа книга може да се чита самостојно или како прирачник кон горенаведените книги.
2014 Азбука на игранка (со Нина Прља)
- импресум
- за делото
- преземи
„Прерано созреани зборови од кои едно детство требало да биде поштедено, а не било“
Кратка проза
Издавач: Капка
Илустрации: Нина Прља
80 стр. / 17 см
ISBN 9789989579912
Турбо-Фолк, национализам, политика, шовинизам, турски (сапунски) серии, кич, силеџиство, пренагласен материјализам… ова е само дел од поимите кои преку јазикот на литературата на повеќе или помалку сериозен начин се обработуваат во оваа книга.
Во транзициските општества и во тие општества кои допрва ги изградуваат општествените норми каде што се случува премин од еден систем во друг систем на вредности најголемите жртви се децата. Додека не се изградат вистинските вредности, децата се принудени да го голтаат се она што им се сервира преку медиумите и средината, а честопати тоа е негативно, ограничено, ксенофобично, примитивно гледиште на светот и реалноста.
Книгава е обид да се укаже на тие појави во општеството и нема илузии дека ќе може да ги смени, но луѓето може да се сменат, а децата ќе го следат примерот.
2015 Букви, во збор!
- импресум
- за делото
- преземи
Илустрирани термини
Издавач: Капка
Илустрации: Нина Прља
60 стр.
11 см
ISBN 978608658390-3
„Букви, во збор!“ е плод на соработката помеѓу Капка и Нина Прља и претставува креативен обид за создавање оригинална и невообичаена игра на зборовите и нивна визуелизација. Секој термин може да има повеќе значења, зависно од тоа како се гледа на неговата структура, внатрешно, надворешно, во зависност од возраста на „читателот“, неговите познавања, потеклото и, во крајна линија, отвореноста кон прифаќањето нови идеи и концепти. Оваа книга е експеримент и повик кон понатамошно експериментирање на самите читатели, кои и самите можат да откријат нови и скриени значења на зборовите.
2015 (Не)докажани приказни
- импресум
- за делото
- преземи
Раскази и илустрации
Издавач: Капка
Текст: Иван Прља / Илустрации: Нина Прља
60 стр.
11 см
ISBN 978608658390-3
„(Не)докажани приказни“ е заеднички труд на Иван Прља (2011) и Нина Прља (2005) во кој што Иван започнува некоја анегдота, забелешка или видување на светот, а Нина го визуелизира логичниот крај, или поставува прашање во визуелна форма кое што читателот треба да го одгатне. Ова е прв креативен ангажман на Иван Прља, а Нина Прља до сега има учествувано како коавтор или автор во книгите „Обоени приказни“ (Готен, 2013), Азбука на игранка (Капка, 2014) и Букви, во збор! (Капка, 2015).
2015 Коњи (прирачник за тоа како да станеш вистинска каубојка)
- импресум
- за делото
- преземи
Илустрации: Нина Прља
Едиција: Сакам да бидам…, Книга 1
Година: 2015
Формат: 15 см
Обем: 32 стр. (колор)
ISBN: 978-608-65839-2-7
Целта на едицијата „Сакам да бидам…“ е да ги истражи детските сништа и да создаде креативна основа за нивно понатамошно развивање и реализирање.
Првата книга од оваа едиција „Коњи,“ (или „прирачник за тоа како да станеш вистинска каубојка“) го проучува интересот на авторот, Нина Прља, за јавањето и коњите, нејзината посветеност, внатрешна борба и резултати кои ги постигнала на тоа поле, со фокус на љубовта кон цртањето и коњите. Овие два големи интереси на Нина се споени во креативен производ кој е интересен за читање како за помладата, така и за возрасната популација.