Книги
Книги на Берт Стајн.
Според пребарувачот Google, 3 минути и 53 секунди е просечното траење на една модерна песна, а толку време би му требало просечно на еден читател да прочита еден расказ од книгава. Се работи за една историска анализа не само на музиката како рефлексија на општествените и политичките збиднувања во светот и кај нас, туку за една поширока општествено-културолошка анализа која оперира на три нивоа. Првото ниво е локалното, преку кое се истражува историјата на овие простори во конкретниот период и нејзината корелација со глобалните збиднувања, но и личните приказни на протагонистите во оваа книга. Второто ниво е глобалното, преку кое авторот се обидува да го анализира нашето место среде светските збиднувања и како тие се одразиле на нашата реалност. Третото ниво е индивидуалното, т.е. интимното гледиште на авторот за сите тие локални и глобални збиднувања, испреплетени со неговата лична историја.
Ова е листата на песни кои се споменуваат во делото „3 минути и 53 секунди“.
Линк до аудио книгата.
Берт Стајн повторно ги разбива конвенционалните методи на раскажување! Роман пишуван како сценарио или сценарио пишувано како роман? Ова е второ дело на Берт Стајн, и на некој начин продолжение, или паралелен универзум на тој прикажан во првиот роман, „3 минути и 53 секунди.“ Протагонистот влегува во „филм,“ а филмот ја следи неговата приказна. Овој анти-херој на пат да стане човек од крв и месо во потрага по самоосознавањето се сретнува со некои од клучните приказни од светот на филмот, анимацијата и визуелната уметност и ги филтрира низ сопственото искуство во една калеидоскопска слика која што ни ја прикажува на начин на којшто само Берт Стајн знае. Животот е еден нискобуџетен филм!