2009 ДОСИЕ: ПЛАНЕТА ИКС
„Тајни документи од приватниот живот на планетите“
кратка проза
Скопје, Темплум
173 стр.
илустр., 21 см
ISBN 9789989189630
Книгите од Астро Гном едицијата не се научни документи, нивната идеја не е да бидат егзактни, ниту содржат физички формули. Напротив, идејата е во играта помеѓу фактот и фикцијата да се создаде нешто што на западот се нарекува факција, а авторот го претпочита изразот едукативна проза.
Тематиката на првите три книги е макросветот и астрономијата, додека четвртата книга се занимава со проблематиката на микросветот.
Авторот ги десемантизира и ги разбива сите значења, сите фрази, сите синтагми и сите елементи на нарацијата, потоа ги ресемантизира. Во тоа постојано меша диспарантни поими. Најчесто се од областа на популарната култура и на современите комуникации, но во таа игривост, во таа зачудност и онеобичување, има и многу интелектуализам, како пристап својствен за него.
Роберт Алаѓозовски
2003 ЗА СЕКОГО ПО НЕШТО ЗА НЕКОГО НИШТО
2011 реиздание
раскази
Скопје, Готен
64 стр.
илустр., 17 см
ISBN 9786084625100
Ако речете дека неговите раскази се постмодернистички или дека излегуваат од под големиот шинел на Данил Хармс – нема да згрешите. Ако минимализмот, збиеноста, едноставноста, бајковитоста и суптилниот хумор ги прогласите за упоришни точки на неговата поетика – исто така нема да згрешите.
Но, интересно е што кај Прља – како и кај секоја друга добра литература – значењата не се исцрпуваат туку-така. Како што вели Давид Албахари: ‘Она што самата приказна го знае, никогаш нема да се дознае’.“
Никола Гелевски
Фонт#1 Нина
Фонтов е направен според ракописот на Нина Прља на нејзина 8-годишна возраст и користен во дизајнот на книгата „Азбука на игранка“ во издание на Капка, 2014 година.