т:темплум  

 

ноември
з:
заревска драгана

 


р:разговараат Либретото и Музиката

Лежат две нежни тела во бедна студентска соба. Македонија е во хаос. Љубов во време на војна.

- Душо, ајде ти биди либрето, а јас музика. После ќе ги смениме местата. Ти музика, јас либрето. Ти од долу, јас од горе.

- Не може така мила..-се смее ...Ти се гледа филм бејби ?

- Не.

- Сакаш да ти читам? Ќе ти читам од “Адам Гајст “, еве ја тука, до глава ми е.

- Не – видно незадоволна и како да чека да биде прашана што ја мачи.

- Што ти е бе мила?

- Утре.... Ќе ја даваме “Тристан и Изолда” од Вагнер.

- Е и? – ја погледнува тој – па знам.

- Остаревме... - вели таа со нежниот глас, и една солза и капнува на неговото хартиено тело. – До кога ќе живееме во оваа дупка ???

Е тој навистина не знаеше што да и одговори. Го облеа набрзина една нервозна пот, стана, пушти ТВ. Рамковниот договор го потпишуваа, а времето утре ќе биде умерено облачно со повремени врнежи.

    e:електролит конкурс
       
     
  а:актуелен конкурс   а:архива на конкурси
  р:рокови   д:досегашни конкурси
  п:праќање   н:награди
  а:автори   з:застапени автори
  р:раскази   з:застапени раскази
  н:наградени раскази   н:наградени раскази
  в:ваш избор   в:ваш избор
       
       
  д:други текстови   в:вон конкуренција
  п:праќајте ни други текстови (песни, есеи, рецензии...) кои не спаѓаат во рамките на нашиот конкурс...


 
 
     
  в:ваши предлози  
 

п:прашања







 

  д:дома