ноември
b:владо шрибски
к:кажи нешто
Една црнокоса, носеше панделка
на зглобот на стопалата на истата плажа на која одевме ние, вчера под тој
пешкир, таму кај што се растрга тоа реката од темни бисери – си го истурив
млекото, сум заспал на црното сонце, или сум преспал па ми е уште се’
бајато, вчера си го истурив млекото оти ми го расипа овој безобразен
август ...
... во еден август бабичката која му подгрејуваше млеко на еден што го
викаа Кантарот почна да паѓа покрај умивалникот (од дискретниот шарм на
прозата и поезијата на нашите читатели ) .
- Ти реков да ги облечеш сандалите на малата ...
И реков да ги облече сандалите на малата, а таа безумно мафташе наоколу со
иљада и едно крпче, како да е четиринаесет .
- Што мислиш ...
... ми вели и ми покажува со некој знаци, што веројатно и самата не ги
разбира повеќе од мене, ама знам што ми вели сепак ,
- Ти велам, и јас ја забележав, може оти е баш типична, темна и поспана,
може потсеќа на тебе, барем кога се обидуваш да отвориш шише скопско...
- Ја не пијам скопско, кај си ме видел ја да отворам скопско – скопско –
беровско – оди по ѓаволите ...
- Додека седиме вака по горештинава, ти велам Гаго, не можеш да замислиш
колку луѓе паѓаат , во кома, во транс, во септички јами, ако продолжи да
врти вака светот сите ќе испопаѓаме, не мораш да цимолиш па, у кафана сме
...
- Не сме у кафана и не цимолам за баба ти, плачам оти ми е убаво – сељак,
на плажа сме.
Покасно откако дознавме дека баба ми е у кома, ја се изгубив цели два
дена, и тоа ќе каже – не знам кој што правел во мое име. Гага веројатно се
муваше наоколу со црнката тие денови, ја скапував во Иглени Уши под
хотелот – ниски таваници, некој распуштен филм, не знам кој ме довлечкува
горе во хотелската соба ... веројатно овие бугариве, ги предвиделе тие
срања – си ебале мајката .
- Ама ние не знаевне дека онаа препознатлива старица што се истури вчера
пред влезот имала гости ...
- Ооо, таквите гости, џинови, самураи, уличари ... тој Вардарот – Самарот
... нешто не се сеќава на годината ...
- Кантарот, мајко – ја поправа малата (како у изманипулиран буџет на
радиодифузија )
- Мајко, мајче ... мајчице, кажи нешто ... (не ја знам македонската
актерка која ќе го изглуми ова, посебно не – кажи нешто)
Мислам да не влегов во собата тогаш со нешто повеќе од буќет јаглики, и
двете ќе ме изедеа како сирење на влашка свадба .
- И ако сум добил покачување тоа значи ќе ја однесам мајка ти за русија ,
ти текнува, русија – црвена како циганска крв – што и да значи тоа .Ама
Гага ти е добро дете – чувај си го грбот, или подобро жена ми – јас, мајка
ти, Еее ...
- И твојата комшика баш не е со сите ... гајле немаш .
- Да
- Добро е тоа за бандата од улица, а?
- Да
- А за кој друг е добро тоа ?
- За комшијата чичко Кантар ...
И реков да заебе се, оти комшијата и е комшија и не и е чичко, и патем ја
прашав како е чичко и, а она нејќеше да зборува, си го покри лицето и
заеба у својата соба ...
Во ред се мали деца што цимолат на заеби.
- Заеби ми вели жената, не ти требаше овој расказ, и влегува во вода..
н:на крајот на
опашката на измислен глушец
Стоеше една не толку измислена
бабичка – и го подгреваше вчерашниот ручек за малото дериште на спратот.
Малото дериште на спратот го расипуваше телевизорот. Глушецот на
стартицата и го теглеше ластикот околу коленото додека таа го подгоруваше
ручекот легната неподвижна на подот. Тогаш дојде соседката, но од задната
врата, низ нејзиниот двор, си го подигна шарениот фустан и се качи
треперејки и бесшумно по скалите.
На телевизија белокоса старица си ги средува ноктите, бавна и постојана.
Јагликата на телевизорот не беше навадена со денови речиси почна да се
суши, ајде да ја распарчиме јагликат на дваесет и четири дела .
Прво малиот никогаш не успеа да го расипе телевизорот, а зошто ? Од спроти
неговото поткровје стоеше на тремот на плавокосата соседка – друга
јаглика.
Смрдеата го нагризувасхе полека долниот кат, и тоа дури комшивските
јорговани почна да жолтеат, ручекот се ширеше како мрсна флека на ново
палто. Измислениот глушец умисли да ја однесе скршената старица во шупата
и го теглеше ластикот дур не го скина, и тогаш како во црно сновидение му
се виде и дека старата глувчешка – колку е пожешко сирењето – толку повеќе
мириса ( повкусно – заб. на преведувачот ), не секогаш може да ти го смири
стомакот – не дваесет и шест минути пред да се запали куќата.
Смрдле и ја отвора вратата на ладата однатре на плава жена во нејзините
четириесети, може сосем малку уплашена со цигара во тенките усни ја отвора
вратата и влегува, го поткрева фустанот и вади деветка, Смрдле и ја зема
бавно и ја става у фиоката. Ја става раката врз уморните очи со двоумење.
Смрдле ја пали ладата и тргнува, додека измислениот глушец во кујнат се
тресе и вика по газдата. Надвор е студена ноќ.
- Тамам си комшивке, не си стара и вели Смрдле, тамам става у втора и,
кочи!
На патот стоеше џиновска коцка сирење – и ако се обиде некој да ја
заобиколи ќе се претвори во неонска реклама за погребално предпријатие.-
уплашената толпа околу ладата тоа го повторуваше. Пред дванаесет часа на
телевизија објавија пречудна снимка, која во недоумица ја остави земјата
целиот ден, и трудовата инспекција (веројатно институтот по ветерина),
тешко се пробиваше до Штип тој ден, некој мрсулави будали одозгора ја
ангажирале и војската...
- И посрале верувам - со тенковите се, по патот – додаде Смрдле, повеќе
како за себе, излезе од ладата го зеде пиштолот и испука во воздух колку
да е смири спобудалената толпа. Комшиката, како да е четиринаесет си ги
затна ушите и ги подигна веѓите во чудење со блага насмевка на лицето.
Смрдле се подаде од прозорецот да го попушти радиото .
- Измишљотино, и ти најде сега да се заебаваш со твоите со твоите
илузионистички портрети на божественото?!!, јави се пуфкар – повторуваше
на радиостаницата, пусто, Смрдле .
Измислениот глушец убиен од трчање околу старото пувало што се свиваше на
подот го подигна врвот од опашката и почна да вреска на Смрдле додека е
врти ладата у рикверц. Будала, ќе ја запали куќата со тие игри.
- Не ти го купија нишкиот телевизор директно од Ниш куќата да ја запалиш,
или бабати да ја отруеш со плин – потенцијална паштето!
Измислениот глушец стоеше со вжарена опашка во прстињата – си ги бришеше
капките пот – лут, лут ! Додека Смрдле брзаше назад по автопатот 666, по
Чероки планината, по брегот на Гоа...
Малиот Смрдле постојано, дури доволно постојано да ја извади од памет и
мајка му , таа блага спокојна жена, ја буцка со ладата што му е донесоа
минатиот ден на благодарноста од Русија (тогаш СССР), а ќе му здосади за
пет минути и ќе ја фрли играчката , на сметка на тоа ќе го измисли
глувчето – ленинград. Истиот тој ленинград
ќе ги маѓепса неговите родители и ќе ги испрати на неодредено летување на
Злтните песоци, ама во тој момент мајка му беше таму – во неговото
последно сеќавање за неа – надвисната над прозорецот, просто се чудеше
каков мајтапџија е малиот – а и не е некој подвиг да е шпиунираш соседката
– милостива – во кадата .- Ако светот е животинско царство – како што
велеше таа – тогаш ова со тебе е кочина . Светот што мириса на свинско е
галерија облечена во титаниум .
Таков свет што блескаше пред очите на Смрдле, во огледалата на истурена
бензинска пумпа во Тексас додека купуваше малборо, во зајдисонцето во
очите на проколнатата домаќинка од спротива, додека му го пушеше меѓу
Трпејца и св.Наум на ливадата, во стаклената градина во соништата и
сеќавањата што звецкаат, светлукави како токата од каишот на вујко му.
Глувчето, што Стојко или Смрдле Страшилото – го нарече Ленинград, не толку
далечната 95та ќе си го смени името, според своите стратешки идеали и цели
во – измисленото глувче – иако, глуфците од соседството ќе го викаат
патлиџан-бомба – или кендимен, и за малите глуфчиња што не јадат свинско
ќе служи како замена плашило за старото плашило – мит лабараторијата.
Страшниот патлиџан – всушност алчен стаорец со сомнително минато – стоеше
на тремот од куќата и го псуеше Смрдле што му запалил светла директно у
неговите ситни лоши очиња, и, да речеме, дека, тогаш вратата се отвори,
иако не требаше ...
А всушност бабичката се крена бавно и тромаво, го погледна ластикот што и
се мафташе околу стапалото, тешко се држеше за половината и крвавото
колено, и благо се тресеше со целата снага . Полека ја отвори вратата од
куќата, иако тоа не е во сдостојба да го стори бабичка во нејзината
состојба, оти тоа беше топ-мртва бабичка. Се чинеше дека не го забележува
патлиџанот-бомба –измислен глушец, кој за неколку секунди, измамен од
сопствената среќа – врати во живот едно старо пувало, на сметка на што ќе
се соочи со – големата тајна на сите тајни во магијата! Ќе стане слон – и
никогаш повеќе не ќе може да исчезне – ке стане вечен слон, кој ќе си го
бара оправдувањето во глупави циркуски точки кои никогаш нема да засмеат
ниедно дете – барем половина од животот, и тоа прват четвртина како ниеден
друг слон слично – не ќе дише на сурла , што воопшто може и да делува
смешно но тоа, сепак, нема никој да го приметува покрај оркестарот, ќе
сере две третини повеќе од другите слонови без разлика каде се наога или
тоа, колку изеле другите – со други зборови – слон што ќе сере
неконтролирано ...
И така проструи тие денови веста во нашиот град – од зоолошката во Штип
избегал слон што неконтролирано сере низ градот ...
- А овие не го фатиле никој ... го прекина додека вртеше со очите околу,
таа, со наведната глава и напорен џоинт во тенките модри усни.
- Не го фатиле комшивке, не го фатиле ... и додека ја пали колата сигурно
и строго Смрдле повторува, скоро шепоти, како за себе ...
- Не го фатиле, мајката .