ноември
м:мила умиљата
prorochica@yahoo.com
http://arheo.macedonianblog.com
e:eвангеЛина #1
Сликарот денеска го беше
напуштила вдахновеноста. Ја остави четката и стана. Се оддалечи од
сликата, ја подигна главата и се прашуваше како сега да содзаде пејсаж од
лајт мотив во кој треба да го натера портретот да се напие вода.
Пред атељето врнеше и човекот кој продаваше чадори ги имаше сите отворено
така да изгледаа како разнобојни пуслици. Сликарот се местеше да ја накапе
инспирацијата врз своето дело во моментот кога Лина одбра една таква
пуслица пред да се растопи на дождот и со трчање влезе во атељето.
Сликарот се сепна. Се сврте да види кој му ја вознемири капката
инспирација, ама ја поткачи закачалката во близина на сликата. Таа го
повлече белиот чаршав кој го покриваше платното, и ја откри сликата. На
неа ликот на Лина се обидуваше да се напие чаша вода. И тоа во еден
необичен дождлив ден.
Гледајќи во својот лик како во огледало, Лина пребледе. Изгуби здив и се
струполи на подот Во истиот миг од сликата се стркала едно клопче од
хартија. Додека Лина неподвижно лежеше на подот, тој го одвитка ливчето.
На него пишуваше: ,,Секој човек си ја носи својата среќа со себе".
Но среќата на Лина беше во десната рака. Во згрчена положба од неа висеа
едно ланче и еден привезок.
e:eвангеЛина
#2
Сликарот ја погледна Библијата
на масата. Понекогаш ја отвараше онака по рандом, си пикираше некој текст
и потоа пробуваше визуелно да си го представи. Овој пат си рече: страна
27, ред 15.
,,А вам и влакната на главата ви се изброени".
Сакаше да погледне во огледалото, но наместо тоа се сврте кон сликата.
Сега од неа го гледаше неговиот лик како пие вода. Се збуни. Евангелина се
уште лежеше на даските од атељето и во раката го држеше привезокот.
Сликарот се наведна над неа, го подигна и го прочита гласно изгравираниот
запис:
,,Многу пророци и цареви сакаат да видат што гледате вие, и не видоа; и да
чујат, што слушате и вие, и не чуја".
Му се случуваше во неговиот живот да му дојдат непознати нарачатели, да му
дадат некој текст, книга, слика или да раскажат своја визија, за тој да им
ја наслика. Но ова не спаѓаше во ситуациите кои тои ги имаше толку
,,често". Евангелина почна да се мешколи. Беше очигледно дека си ја имаше
удрено главата од падот и сега држејќи ја со двете раце се обидуваше да ја
смести во положба која најмалку ја болеше. Се поткрена и праша:
,,Ви го донесоа соопштението пред да дојдам, нели?".
Соопштението?! Сликарот малку се нечкаше, промумла, се помисли и почна да
го бара клопчето хартија кое испадна од сликата. Ама клопчето како да беше
испарило. Почна да гледа насекаде. Под масата, под столиците, дури и под
старата мапшина за шиење која не беше употребена повеќе од 70 години.
Ливчето изчезна.
Бојата на очите му се промени.
e:eвангеЛина
#3
Завршив со страната 44 од
Посланието, пред да дојдам - рече Лина.
Сликарот ја гледаше бледо. Никако не можеше да го долови ефектот на
приземјеност и како во сфамуто низ главата почнаа да му се мешаат
настаните и буквите. И бројките.
Слика, клопче, порака, привезок, бибилија, Послание. И какво ли значение
имаа броевите. Се напрегаше да се концентрира ама секој обид завршуваше
неуспешно. По некое време седна исцрпен покрај сталакот со сликата и немо
погледна низ прозорот од атељето. Дожтот беше престанал да врне и човекот
со чадорите веројатно отпатувал по следниот прв облак под небото.
И во моментот кога сакаше да ја отвори Библијата на страната 44 од
Посланието здогледа печат. Печат како печат. Стар, истрошен, пред
распаѓање. Стар, стар, ама никогаш претходно го немаше видено во своето
атеље. Пак почна да се врти лево-десно по просторијата. Почна да го обзема
некое чудно чувство.
За тоа време Лина се смести на столицата покрај сликата и рече. Тоа е
печатот со кој јас ќе ја запечатам сликата откако ќе ме досликаш. Така
мојот лик засекогаш ќе биде заробен на платното и нема да може да замине
никаде.
Сликарот го зема печатот во раката и кога Лина мислеше дека ќе остави
трага на платното, тој замавна толку силно и се погоди на сред чело. Се
слушна праскот, како кршење на чаша. Не. Како кршење на стакло. Не...
како кршење на стаклени барикади.
e:eвангеЛина
#4
Во галеријата владееше гробна
тишина кога влезе странецот. Се слушаше само ситниот дожд однадвор. Шеташе
долго и просто мачно беше да се следи како оди од слика до слика и ги
проучува од сите страни како склуптури.
Кога се одлучи, пред да плати само праша: ,,Kако се вика сликата"?
Кустосот стоеше прикован за подот на галеријата. Со леден глас рече -
,,само ова дело од целата галерија нема име. Ви се допаѓа?"
,,Да, од сите слики само оваа има 3D перцепција. Не е линеарна и можам да
ја следам патеката."
,,Патеката?"
,,Да? Зарем не ја гледате?"
Во суштина кустосот на сликата не гледаше ништо. Тоа беше само едно бело
платно врамено во рамка. Странецот плати и тргна да си оди. Но наместо кон
вратата, се упати кон прозорот. Не се ни сврте. Само бесшумно пројде низ
стаклениот портал и изчезна во проѕирните капките. Во еден необичен
дождлив ден.