т:темплум  

 

ноември
т:
трајковска теодора



tedy_cannibal@yahoo.com
г:години: 17
и:интереси и професија: комплетно поврзани со музиката



 

а:ангелот на тагата

Летам... Празна и осамена. Не прашувајте ме зошто, тоа и самата не го знам. Се изгубив себе си летајќи и лутајќи. Вечно прожнеана со тоа поразувачко, вонземско чувство. Осудена да летам над вашите животи засекогаш, извивајќи ги своите црни кашмирски крила. Тоа сум јас, црниот Анѓел... Не плашете се. Јас не носам зло. Јас сум Анѓелот на тагата.
Не можам да се сетам на причината, зашто секојдневно ми се кине дел од душата во неповрат. Откога помнам, пред почетокот на времето, летам вака бегајќи од животот, плашејќи се од стравот, плачејќи со Вас... И повторно летам гасејќи ја жедта со горки солзи. Можам да осетам како полека се слеваат кон испуканите усни, оставајќи траг што пече на нежните образи.
Знам дека и порано сум седела склопчена на овој пуст езерски брег, во нем бестежински самрак, одмарајќки ги крилата. Во воздухот се чувствуваше дека сум засекогаш проклета. Имаше нешто морничаво во тој мук, дури и тишината ме одбиваше. Се мешаше со аурата на очајот секаде околу мене. Полека ме притискаше, како што болката во грлото достигнуваше кулминација, терајќи ме да пролијам солзи. Ни водата не сакаше да се бранува, ни ветрот не ги разниша гранките, сонцето полека почна да ме облива со мрак. Се` ја поприми мојата аура на тагата. Молчев, со повиени крила, повторно голтајќи ги солзите од кои се` се суши, гушејќи го плачот и криците. Мојот плач надалеку би се чул во оваа тишина, преку усните на сите оние кои оваа ноќ патат. Но, нема да и помогне на мојата болна душа. Затоа и се кријам вака прогонета. Немојте веќе да ме привикувате ни праќате, вечно да летам за да ги гледам тие агонии, измачени лица, беспотребно изгубен смисол на животот, својот нем врисок... Ослободете ме, ве преколнувам во името на вашата среќа! Бегајте, спасете ја СВОЈАТА радост! Оставете ме на мир, барем да цвилам сама. Осаменоста е мојот благослов.
Јас стојам, а светот се врти околу мене. Јас летам во круг и ве гледам како стагнирате. Никогаш нема да дознаам дали би постоел животот без мене, кога јас толку совршено ја познавам изолираноста. Стојам пред тебе, ти кој мислиш дека сфати што е животот и вриштам да те свестам иако неможеш да ме видиш. Го осеќаш моето присуство и го слушаш мојот вресок со сопствениот глас. Но, метаморфоза на звукот и емоциите и вресокот се претвора во самосожалување.
Летам... В круг. Околу својата оска... Не е тоа никаков маѓепсан круг. Тоа е вечниот пат на вашиот живот. Стоејќи во центарот и посматрајќи го сиот негов тек, повторно можам само да плачам. Тогаш моето постоење ми се чини единствено логично во се` што на овој свет постои. И секогаш ќе биде единствено тагата, дур некој не ги спознае границите вон кругот...

    e:електролит конкурс
       
     
  а:актуелен конкурс   а:архива на конкурси
  р:рокови   д:досегашни конкурси
  п:праќање   н:награди
  а:автори   з:застапени автори
  р:раскази   з:застапени раскази
  н:наградени раскази   н:наградени раскази
  в:ваш избор   в:ваш избор
       
       
  д:други текстови   в:вон конкуренција
  п:праќајте ни други текстови (песни, есеи, рецензии...) кои не спаѓаат во рамките на нашиот конкурс...


 
 
     
  в:ваши предлози  
 

п:прашања































 

  д:дома