т:темплум  

 

ноември
р:
радовиќ марика


maradovic@gmail.com


в:во ранецот на роза

...имаше една дебела папка; две тетратки во А4 формат; Храна и Вино специјално издание: Посно, Здраво и Диетално од 15ти ноември 2006; Граматика на македонскиот јазик од Блаже Конески и Мали Нешта- прилог во Време. Роза требаше да се подготвува за испит, но реши да направи салата пред да почне со учење. Минуваше низ една мала криза на идентитет. Роза е роза е роза е роза, кажа Штајн. А кучка е кучка е кучка е кучка- и кажа Жарко кога сакаше да се направи паметен и да го цитира Хемингвеј. Него Хемингвеј би го презирал, помисли Роза, затоашто се занимава со говење и јога, наместо со поправање автомобили на пример. И тоа Роза му го кажа додека играа Макао, му кажа, ти си педер! А Жарко и кажа, па и Штајн била педер, па женски ја сакаат! И тогаш Роза кажа, морам да учам, имам испит по македонски јазик. Кај мајка ти. И тогаш тој и кажа, кучка е кучка е кучка е кучка! Се фатија, Роза направи салата (ја „залеа“, а не „полеа“, со маслиново масло), му раскина, сакаше да додаде лук, но не знаеше да разликува лук од кромид, особено не во есен. Се запраша, дали навистина, кромид е кромид е кромид е кромид? И ако кромид е кромид е кромид е кромид, тогаш за кого бијат камбаните? И дали е Роза- роза, или е Роза- кучка? И дали е кромидот- лук? Зборовите и граматиката вечни? Луѓето менливи, минливи, мрзливи, миризливи, минијатурни, маскирани, маникирррр...

    e:електролит конкурс
       
     
  а:актуелен конкурс   а:архива на конкурси
  р:рокови   д:досегашни конкурси
  п:праќање   н:награди
  а:автори   з:застапени автори
  р:раскази   з:застапени раскази
  н:наградени раскази   н:наградени раскази
  в:ваш избор   в:ваш избор
       
       
  д:други текстови   в:вон конкуренција
  п:праќајте ни други текстови (песни, есеи, рецензии...) кои не спаѓаат во рамките на нашиот конкурс...


 
 
     
  в:ваши предлози  
 

п:прашања


 

  д:дома