т:темплум  

 

ноември
п:
поповска александра





 

к:кога цветот ќе исплови засекогаш

Студената вода ги ладеше уште повеќе нејзините веќе оладени нозе. Дел од белата ткаенина на ноќницата, распослан на зелената површина, досегаше до малото езеро. Долниот дел од нејзиното вечерно фустанче каде беа извезени мали снегулки, лежеше потонато во водата. Таа трепереше и од време на време го чуствуваше свежиот ветар на својата бела кожа. Честопати, во ноќите на започнатото лето, не можејќи спокојно да ги затвори тешките капаци од очите, девојката го посетуваше езерото. Можеби и не наоѓаше целосен излез и бегство од своите мисли, но студената вода ја разигруваше крвта во нејзините вени. И овој пат, тивко и речиси бесшумно се искраде од својата соба. Повторно се најде на местото, не далеку од огромниот имот, каде пробуваше да измие барем мал дел од своите грешки. Со долгите прсти, постојано ја разбрануваше црната вода. Можеби и се надеваше дека на тој начин, работите кои вршеа милион убоди врз нејзината свест, би ги оставила во длабочините. Но никогаш не беше доволно длабоко. ù се допаѓаше местото каде не беше единствената со тајни. Црнилото на водата, темнината која беше впила сè, стеблата на тревата кои нишајќи сè правеа таинствени звуци, имаа некоја неизречена приказна. Исто како девојката пробуваа да го потиснат она што светлината на полната месечина го откриваше. Сребрениот круг го осветлуваше делот од телото кој не беше навлезен во вода, а воедно и оцртуваше две мали сјајни месечинки во зениците на младото лице. Навидум сè даваше привид на белина и чисто, а сепак темнината имаше преовладано во целата таа симфонија. Симфонијата создадена од вештите дланки на природата и сплетот од околности, ги имаше сите потребни чуства, емоции, немир и разиграност. Едно нешто кое пречеше и ја правеше поинаква симфонијата оваа вечер, беше чувството на каење. Големиот немир, брзо струење на крвта ја брануваше дури и природата, или пак тоа беше едноставно дел од мислите кои се оцртуваа на секој стегнат мускул на девојката. Овој пат во дланките нежно држеше круна на еден цвет. Допирот на тој за неа мал свет, а воедно и најдраг спомен од недалечното минато го ронеше ѕидот во неа. Тој ѕид,, мал храм подигнат од нејзините силни чуства, беше толку цврст а сепак една ронка нежност го рушеше на ситен песок. Розевата и кревка површина, ја држеше како највреден кристал, штотуку падната снегулка, штотуку направено меурче од пена, штотуку пробиен зрак. Плашејќи се да не уништи ни најмал дел, со краток и несигурен допир го помилува. Допирот како најнежна нота од музичко дело кое прави неред со нашите емоции при првото слушање, беше исполнет со копнеж, страст и тага. Тага која како линија со кое е довршено и го прави совршено уметничкото дело, јасно се исцртуваше на нејзинто лице. Никогаш не престана да чуствува и предосеќа нечие присуство. Но зрното вода во продорните очи, го предизвика сознанието дека ѕидот во неа, можеби и оттурнал една личност. Личност, која претставуваше мал свет одејќи во одличен склоп со она што долго време, таа го посакуваше. Силниот мирис на цветните ливчиња не успеаа ни за миг да го избришат мирисот и присуството на оној кој ù го даде. Со тешка воздишка се присеќаваше на најубавите моменти кои сега предизвикуваа болка во нејзините гради, бидејќи чуствуваше дека од силниот ѕид останува се помалку. Неколкуте голтки од чистата вода не успеаа да ја уништат грутката која остана во нејзиното грло. Ѕвездите кои беа сведоци на уште многу изгубени љубови, даваа пример за тежината што некој ја чуствува кога е одалечен од она што го посакува. Тие ја носеа темнината како огромен товар што меѓусебно се оддалечени светлосни години. Даваа пример за копнежот што се чуствувува кога само оддалеку се гледа вечниот сјај на она што е оттуѓено за нас. Да, во оној момент, кога го доби она што долги време го посакуваше , го испушти, како камен фрлен во езерото и засекогаш проголтан во таа длабочина. Стравот од чуствата кои ја преплавија, сменија сјај во нејзините очи а дури и ритамот на кој функционираше кревкото тело, го изгради тој ѕид. Ѕид, кој требаше навидум да ја спаси и сочува во еден дел, а сепак ја уништи секоја можност да биде повторно со него. Поставувајќи преграда на патот кон нејзиното срце, кое сеуште постоеше во целост со недопрена површина, таа го отргна човекот кој почна да го потпишува своето име на таа мазна површина. Цветот кој остана, поцврсто го врза и запечати споменот, а уште повеќе желбата за страст, потребата за љубов и копнежот, кои го закотвија нивното сидро. Громот кој ја разбранува големата тишина, дојде толку ненадејно во тоа ведро небо исто како преизнанието, дека нечиј отпечаток сеуште не ни почнал да бледее. Свесна на грешката која ја направи, проба да ја исправи, но скршената ваза никогаш повеќе не се залепи. Скршените парчиња, секое од нив со посебна шара, не успеаа да се залепат, спречени од неговата гордост. Достоинството кое тој, го сочува до крај, не му го отвори срцето повторно иако неговото срце речиси плачеше по она што го изгуби. Токму затоа во моментот кога свежото ветренце, посетувајќи го брегот на езерото, како чешел помина низ долгите коси на девојката, потикнувајќи и давајќи и храброст. Доби храброст да го сруши ѕидот засекогаш, но во исто време да превземе нешто околу препреката која постоеше. Препреки кои повторно би ја спречиле да ужива во сладостите кои новата љубов би ги пружиле. Со своите румени усни ги бакна нежните ливчиња и го спушти цветот во водата. Го пушти да плови засекогаш, заедно со нејзините чуства, мисли, грешки и каења. Од тој момент му даде слобода на цветот кој толку долго време го држеше стиснато до градите а најмногу во својата свест. Пополека и нежно се лизгаше по мирната и темна површина, засекогаш губејќи се од нејзиниот видик. На другиот брег од езерото, цветот доплива во рацете на едно момче. Во тој момент тој се стремеше да ù подари цвет на девојката која седеше со него. Девојката во ноќницата не го знаеше ова, а не ни имаше начин да го види настанот, кој би бил како огледало на она што таа го почуствува. Но сепак се насмевна. Повторно беше слободна безусловно да љуби.


 


 

о:огнен

Го гледаше својот одраз во големиот стаклен часовник. Внатре во црвената пластична рамка, полека и тивко отчуккуваа стерлките. Звукот одекнуваше и го отпеваше времето, кое поминуваше толку брзо. Секоја измината секунда одсекогаш добивала значење и важност, токму поради фактот дека е единствена а најважно од се, неповторлива. Тоа ги прави моментите возбудливи и секогаш не тера да го запамтиме чуството на тој момент кој знаеме дека за кратко време ќе одмине избледувајќи, оставајќи го секашно-идно минатиот момент. Помеѓу тројката и деветката, се препознаа две темни точки. Конфузни, заносни со честица која оддаваше изглед на голема рамнодушност. Очите од дамна го немаа видено својот одраз. Одраз кој не се забележува во обично утро на огледалото пред излегување. Матните очи имаа иста боја со црното моливче кое ги беше оцртано и истакнато. На белата стаклена површина, жената почна да го загледаува и открива својот вистински поглед. Поввеже од било кога и уште еднаш ја увиде нивната убавина, длабочина и таинственост. Од секогач, малиот кос свиок кој ги продлабочуваше и красеше, додаваше нота на посебната и различна убавина на оваа жена. Нејзиниот поглед никогаш не остануваше незабележан. Својата продорност зрачеше и ги довикуваше туѓите погледи. Убавината која зрачеше со природноста и таинствена насмека, често ја заробувааа во нечиј свет. Свет кој не ретко, ја тераше да ги подгризе полните усни и голтне со горчлив вкус. Живееше и љубеше страстно. Уште еднаш го поднаместицрвениот шешир. Дланката ја спушти на своите јаболчници. Мислата оја пролетуваше во нејзината глава, ја подзастана а стерлката која во тој миг се помест, ја упати кон една постара жена. Застана до неа, токму во моментот кога жената го бришеше нечистото лице на детето со сладолед во раката. Изгледаше постара да би му била мајка, а сепак топлината со која го гледаше, укажуваше на најсилната врска меѓу неа и детето.
Госпоѓата со шеширот ја праша постарата жена за времето во недела. Иако вечерта беше врнело, се очекуваше топол и неиздржливо загушлив ден. Црвениот шешир немирно се вртеше по автобусите кои од време на време застануваа. Подсеќаше на црвена плута која стои и плови во водата. Влажните улици и вирот го одрауваа црвениот рингишпил. Со прстите ги прочешлуваше кафените прамени кои избегале и останале да сведочат за силното сонце. Нечии тапи чекори ја скршија идилата од тивко мирно утро. Во целата таа музика, важен удел имаше шушкањето предизвикано од прстите кои етаа по белото плико. Момчето брзше некаде, а долгите тегет панталони со краевите ја допираа водата. Веселиот од, поигрувањето со положбата на рамената шепотеа за неговите млади години, енергија, живост и ентузијазам. Неколку пати замавана со главата да ја тргне смеѓата коса. Му паѓаше на крупните очи со боја на земја. Погледот му леташе побрзо од белите памукчиња, плодови од дрвата, кои лебдеа насекаде. Можеби тоа и беше она што темните очи под црвениот покрив го беа изгубиле. Можеби и неговата невиност и младот, ги обоија цвеќињата скриени до тротоарот, дрвото и воздухот. Можеби и тогаш се видоа боите кои опкружуваат, формите и разните облици, што ги прават нештата уникатни и единствени во обичен, пролетен ден. Госпоѓата го праша колку е часот. Итро и се насмевна и погледна во големиот часовник кој сега оцртуваше два пара задоволни очи. Не и одговори. Немаше што да се каже. Неговото трапаво одење, брзање на некое можеби сосем неважно место го обои утрото.

    e:електролит конкурс
       
     
  а:актуелен конкурс   а:архива на конкурси
  р:рокови   д:досегашни конкурси
  п:праќање   н:награди
  а:автори   з:застапени автори
  р:раскази   з:застапени раскази
  н:наградени раскази   н:наградени раскази
  в:ваш избор   в:ваш избор
       
       
  д:други текстови   в:вон конкуренција
  п:праќајте ни други текстови (песни, есеи, рецензии...) кои не спаѓаат во рамките на нашиот конкурс...


 
 
     
  в:ваши предлози  
 

п:прашања






























































































































































 

  д:дома