т:темплум  

 

ноември
п:
павлова слободанка


г:години: 20
п:професија/интереси: студент по англиски јазик и книжевност
unwritten24@yahoo.com


б:бакнеж

Никогаш не планирав да го бакнам Антарктикот, ама еднаш и до него ја залепив устата. Го сакам. Го мразев август одсекогаш. А тогаш, некаде во средината на месецов дознав дека ќе си оди. Во 12:00 треба да тргне, а во 11:00 јас да отидам да го испратам. Тргнувам. Пред да излезам, размислувам дали да го земам апаратот. Па добро, и така имам премногу фотографии со него. Решавам дека не сакам да овековечам нешто кое ќе ми ги враќа истите негативни чувства кои денеска ги имам и за извоз. Го сакам. Мразам гужва. Влегувам во преполната соба за да се збогувам со него. Сите ми пружаат рака. Се движат бавно, одбараат зборови толку внимателно што ме тера да се чуствувам како кристална чаша на работ на некоја полица, покрај која сите поминуваат знаејќи дека ќе падне и ќе се раздроби. Сигурно се поздравив со повеќе од триесет луѓе на чии лица се’ уште неможам да се сетам. Сакам само побрзо да тргне, да се вратам дома и да плачам цел ден. А знаат ли “сите” дека се изгледа пострашно кога му се случува на некој друг. И кристалната чаша не мора да се скрши ако падне, не ја знаат подлогата на која ќе стигне по падот. Јас знам. Влегувам. Не го гледам. Знам каде е. Се приближувам до него и размислувам што треба да кажам и што треба да направам. Никогаш неможам да ги најдам вистинските зборови во вакви пригоди, па само кажувам нешто претходно слушнато од другите. Само ќе речам збогум, ќе го оставам подарокот на масата и ќе излезам надвор. Не сакав да слушам како сега “сите” го величат како којзнае каков херој само затоа што заминува. Се доближувам до него, заборавам сe’ што планирав да направам. Го гушкам. Го бакнувам прво во челото. Не се ни помрднува. Можеби се плаши дека ќе замине со изгужван костум. Изгледа не знаеше дека костумите не се гужваат само ако ја подигнеш раката. Од каде да знае. Одсекогаш носел фармерки, патики и некоја најобична маичка, некогаш еднобојна, а некогаш со натписи или некои незначајни бројки. И фризурата не му е како и обично. Нема ставено толку гел да ги држи боцките исправени подолго време. Добро, можеби брзал. Хм, ги прикрил брунчињата на челото со пудра, па тоа никогаш не му претставувало комплекс. Нема парфем!!! Не можев ни да замислам дека некогаш ќе излезе без да истури половина шишенце врз себе. Потоа го бакнувам на устата. Вкочанет е и ладен. Како усните да ги доближив до санта мраз, а целиот Антарктик се раздроби врз нив на толку ситни делчиња, што полека ги отстранувам едно по едно, а студот на нив останува. Уште малку и ќе си оди. Не ми е жал за него. Се сожалувам самата. Го сакав. Јас веќе немам кого да бакнувам наутро, а него од 12:00 па натаму ќе го бакнуваат милион ситни гнасни и лигави суштества кои дури и сонцето ги мрази и ги уништува кога ќе ги види. Помина 12:00. Веќе е заедно со нив, сокриен од сонцето. Почнаа со бакнежите. Не само на усните, туку по целото тело, толку страсно што наскоро ќе почнат да го гризаат се додека не стигнат до материјата многу потврда од нивните заби. Тогаш си ветив, никогаш повеќе нема да бакнам мртовец!

    e:електролит конкурс
       
     
  а:актуелен конкурс   а:архива на конкурси
  р:рокови   д:досегашни конкурси
  п:праќање   н:награди
  а:автори   з:застапени автори
  р:раскази   з:застапени раскази
  н:наградени раскази   н:наградени раскази
  в:ваш избор   в:ваш избор
       
       
  д:други текстови   в:вон конкуренција
  п:праќајте ни други текстови (песни, есеи, рецензии...) кои не спаѓаат во рамките на нашиот конкурс...


 
 
     
  в:ваши предлози  
 

п:прашања



































 

  д:дома