т:темплум |
ноември Постои едно цвеке и се вика
Дуранија, карактеристично за него е дека тоа умира од премногу љубов.
Толку е убаво што ниту еден одгледувач на цвеќе не може да му одолее.
Гледајки ја Дуранија како расне и се развива, плашејки се да не овене,
одгледувачот на цвеќе постојано ја наводнува. Дуранијата не поднесува
влажност. Нејзините лисја еден по еден почнуваат да венат.Одгледувачот е
вознемирен до таа мера што постојано ја вади и опсипува со љубов, по никој
цена не сака да ја изгуби драгоценоста на која толку се навикна,
едноставно не можеше да си го замисли животот без присуството на цвеќето
во неговиот дом. Се случи дури денес да не може да ги изврши работните
обврски на потребното ниво.Прочита во едно списание дека музиката може
инспиративно позитивно да влијае на цвеќињата. По цел ден седеше до
саксијата уживајки во бравурите на Брамс и Моцарт.Можеби му се причини, но
како да почувствува извесно подобрување.Дуранија денес беше посвежа.
Среќен и задоволен замина на работа, беше пристоен дури и со колегите кој
обично не ги поднесува. Едноставно целиот блескаше од среќа. Тоа не можеше
да го сокрие. Сите забележаа дека денес е посебно среќен. Го погледнуваа
под око, малку и се засрами, колку повеќе сакаше да се однесува
секојдневно, толку повеќе среќата се приметуваше на неговото лице. Дури
малку и се засрами. Перфектно уредно со голем жар, својствено на неговата
уредност, ја заврши работата и целиот среќен се упати во продавницата за
цвекиња. Од еден негов пријател кој одгледува Гладиоли беше дознал дека во
цвеќарницата е пристигната нова пратка на храна за Дурании, со помислата
колку ќе ја израдува, веднаш се упати таму, зеде дупла доза и со нескриена
радост и љубопитство се упати кон својот дом. Подрипнуваше по патот
размислувајки за среќните моменти што ќе му ги приреди Дуранија. Луѓето со
кои се разминуваше го погледнуваа предизвикани од неговата појава, од
необичноста на неговото движење, од неговото лице. Што им е на луѓето, се
прашуваше, зарем е толку необично да се види среќен човек.Пристигна пред
неговиот стан. Малку со страв се сеќаваше на состојбата на Дуранија во
преходните денови, и со извесна доза на нервоза ја отклучи вратата од
станот. Гореше од нетрпение. Веднаш се упати до прозорецот, до местото до
кое беше сместена неговата скапоценост. На неговата среќа и немаше крај,
Дуранијата не само што беше посвежа туку и денес мора да се признае
изгледаше некако величенствено, прекрасно, неодоливо. Веднаш потоа станот
беше исполнет со прекрасните звуци од една кантата на Чајковски, запали
цигара се вовлече во фотелјата и уживаше во ненадејната среќа што го
снајде. Не можеше да ги одвои очите од неа, постојано ту дотураше вода во
саксијата, ту од новокупените хемикалии од цвеќарницата и ги нудеше со
таков жар, како млад пубертетлија заљубен до уши во некоја негова
врсничка. Реши дури да ги измие листовите со пиво, така ќе добијат поголем
сјај, така неговата Дуранија ќе биде уште поубава. Утредента се разбуди и
забележа блага промена на листовите кој до вчера изгледаа исклучително
свежо, блага загриженост се читаше на неговото лице, веднашдотрча со
кантичката и дотури вода, постојано дотурше вода иако како пасиониран
цвеќар знаеше дека Дуранијата не поднесува огромни количини на влажност,
меѓутоа и покрај тоа сознание тој постојано дотураше вода, не можејки
самиот на себеси да си објасни зошто го прави тоа. Во овој момент беше во
емотивна криза и не можеше да помисли да биде оставен на цедило, не можеше
да ја поднесе осаменоста, не можеше да си замисли нешто да се случи со
неговата Дуранија, затоа постојано беше со и околу неа опсипувајки ја со
големо внимание и љубов.Со извесна доза на нервоза денес отиде на
работа.Постојано во мислите му беше таа. Се нервираше поради фактот што не
може во очите на колегите да остане мирен, да ја сокрие својата нервоза.
Тие понесени од неговото вчерашно расположение неколкупати се обидоа да
започнат некој разговор, но едноставно не наидоа на соработка, едноставно
денес беше мрачен како тмурните облаци полни дожд, што се насобрале околу
градот мачејки се да го испуштат својот тежок товар. Самиот на себе не
можеше да си јаобјасни нервозата што ја чувствуваше, не му се јадеше, не
можеше да пие, едноставно, скоро неосетно ги менуваше цигарата една по
една. Љубопитните колеги се интересираа за неговата состојба, но тој само
одмавнуваше со главата убедувајки ги сите дека се е во ред, и дека тој
навистина не знае што очекуваат тие од него, а како да се онесувам се
прашуваше со блага лажна насмевка, самиот свесен дека денес не може да ја
сокрие неговата нервоза.А таа денес се чувствуваше навистина лошо,
пожолтените листови свенатоста на нејзиното тело, беа докази дека нешто не
ево ред.Каде погрешив се прашуваше, можеби треба да додадам уште малку
вода, со кантичката ја доплнуваше саксијата, со мало стапче нежно го
окопуваше нејзиното подножје, константно додаваше храна, ги бришеше
нејзините листови. Се беше попусто, пушти музика надевајки се дека ќе
успее да промени нешто, ништо, никаква промена на подобро, незабележително
листовите еден по еден сневеселени венеа и почнаа да се капат.Дуранијата
благо и несвесно умираше. Денес не отиде на работа, Дуранијата беше мртва.
Одам по градот, денгубејки,
живеејки го и овој ден како и другите умирајки по малку, отепан од
сознанието за сопствената ништожност, без илузии, уморен од порази, се
обидувам да му плукнам во лице на времето во кое живеам знаејки дека тоа
не е вистински начин ниту решение да се ослободам од огромната доза на
тегобност која ја носам со себе. Така размислуваше Горчин Ветрогонски
одејки на работа, носејки ја со себе и чантичката во која секое утро
откако го ставеаше неговиот појадок, скоро механички се упатуваше на
неговото работно место во фабриката надвор од градот. Одвратни беа утрата
во градот, луѓето се уште мирисаа на своите топли постели. Нечист здив се
распослал во воздухот. Сите итаат да не задоцнат некаде. Недоспастрени
жени, недоспиени деца, нервозни мажи, понекој заостанат пијаница, луѓе
натискани во автобусите еден до друг, како мравки кој се извлекуваат од
своите дупки за да го преживеат и овој ден и да ја продолжат играта што ја
играат или ќе ја играат со години. Механизмот во главите на тие луѓе
функционираше беспрекорно. Како навиени роботи го повторуваа секојдневно
овој ритуал убедени дека така и никако поинаку не треба да биде. Горчин
Ветрогонски не мислеше така, не знаеше зошто, но сепак длабоко во себе
чувствуваше дека не е тоа животна филозофија во која може целосно да се
вклопи, постојано одбиваше да се помири со убедувањето и со едноличноста
која го притиска, живееше со некое убедување дека тој не е како другите
луѓе. Во состојба на полусон толку убаво ги поврзуваше речениците, во
главата му се раѓаа симфонии од зборови, лебедови песни, откровениа и
решение за замките во кој навлегуваше секогаш кога ќе се обидеше да ги
сподели размислите со празната хартија која зјааеше пред него повторно
убедувајки го дека ќе мора повторно, да се соочи со сопствената
недореченост. Мудростите прочитани некаде, исфилтрирани во неговиот
светоглед тогаш добиваа ново значење. Таквата психолошка состојба во која
се наоѓаше во последно време едноставно го тераше да се чувствува
предодреден од бога за некое големо дело. Сеуште не знаеше од што би се
состоело тоа /???????” но знаеше дека мора нешто да стори за да се извлече
од сивилото на животот кое се повеќе и повеќе го задушуваше. И ова утро
како и многупати пред тоа го проколнуваше животот не можејки да се помири
дека тоа е тоа, и дека нема што друго да очекува…
Отстрана гледано нему и не му
беше многу лошо, напротив имаше се што би требало да има пристоен млад
човек кој живее во провинциска средина. Неодамна вработен како млад
инжинер по технологија во големата фабрика, во време кога е привилегија да
одиш на работа, со обезбедено стамбено прашање и со девојка по мерка на
малогрѓанските стандарди, оддаваше впечаток на човек кој ги створил сите
предуслови за целосно вклопување , социјализирање и прифаќање на законите
што ги наметнува провинцијата. Апсолутно се вклопуваше во визијата што
луѓето ја имаа за него. Работата се повеќе му стануваше рутина, навика без
која животот овде би бил целосно бесмислен. Не наоѓаше некое којзнае какво
задоволство во работата, но сепак во одредени моменти знаеше да биде доста
креативен, па макар тоа да било и во изнаоѓање на начин на економичност во
користењето на енергијата при работа со мотори за работни машини. Со
неговите 27 години чувствуваше дека нема што повеќе да очекува од животот,
едноставно само треба да се опушти, полека да старее, да го полни чкембето
со мрснотија, да купи костум за на свадба, самиот да се ожени, да направи
деца, да купи викенд опрема, обавезен инвентар во секое македонско
семејство, па секоја недела скара и глумење на допадливост, не смее
комшијата да знае дека нешто не е во ред, кај мене е се полно и рамно,
дојди на ракија, поведи ја жена ти на кафе па ке видиш, патем, ја сменив
ламелата во москвичот, сега работи како саат….
Не можеше Горчин така лесно да
се предаде, не можеше да се ослободи од тоа одвратно чувство, сега го
мразеше, сега во 7. 30 наутро кога му доваѓаа во глава сите тие мисли.
Одвратно е утрото, одвратно е станувањето за работа што не сакаш да ја
работиш, одвратни се колегите што секојдневно стареат пред тебе отепани од
едноличноста, од проблемите што ги притискаат. Болно дете, пари не
стасуваат, промашени љубови, промашени животи, недоживеани страсти, преку
глава од нив, несвесност за сопствените фрустрации, комплекси, колку
повеќе сакаш да ги сокриеш толку повеќе на глава ти висат, сите знаат се
за тебе, ти знаешсе за нив, просечноста е закон, мора да си просечен,
стави си минд блокер, опушти се, што ти фали, уживај, пушти
музика...........................................
-Ех Горчине, Горчине убеди ги
луѓето во твојата супериорност, наполни го егото, пикни се во гаќите на
некоја средновечна домаќинка, скроти го чудовиштето во твоите гаќи, докажи
си дека си жив, дека постоиш, дека егзистираш, дроби демагогија со
механичари и полуписмени госпоѓи, уживај во сознанието за сопствената
беда, помисли и насмеј се на сопствената глупавштина, на незнаењето, на
лагите што ги криеш, на умешноста да го сокриеш тоа, како пак тоа да го
интерсира некого. Сите мислиме дека средината во која живееме е оптоварена
со нашиот живот и нашите постапки, сите си придаваме големо значење,
бегајки од свесноста за сопствената минијатурност во космосот. Тоа се само
дел од дилемите што си ги поставуваше Горчин Ветрогонски секогаш кога беше
тажен. Во последно време се почесто и почесто. Она што за него беше среќа
како да беше зрно изгубено во некоја густа, маглива и непреодна шума. |
e:електролит конкурс | ||||
а:актуелен конкурс | а:архива на конкурси | |||||
р:рокови | д:досегашни конкурси | |||||
п:праќање | н:награди | |||||
а:автори | з:застапени автори | |||||
р:раскази | з:застапени раскази | |||||
н:наградени раскази | н:наградени раскази | |||||
в:ваш избор | в:ваш избор | |||||
д:други текстови | в:вон конкуренција | |||||
п:праќајте ни други текстови
(песни, есеи, рецензии...) кои не спаѓаат во рамките на нашиот конкурс... |
||||||
в:ваши предлози | ||||||
п:прашања |
д:дома |