ноември
l:liberta kiss
liberta_kiss21@yahoo.com
к:казна
- Само да можам да бидам
подобра од другите – така си рече Либерта и продолжи да живее како и
секогаш. Знам дека сите ќе помислите дека направила некоја добрина. Или
пак барем направила нешто лошо. Не.
Либерта имаше ангел-чувар. Тој ја чуваше од доброто. Не смееше никој да и
направи нешто добро. Да ви објаснам зошто Либерта го сакаше својот
ангел-чувар: Либерта имаше семејство, но не како и секое нормално
семејство. Таму, Либерта научи дека нема да има никаква поддршка во
животот, освен ако сама не си ја направи. Па добро? Како на 15 години
некој да те поддржува? Па зарем нема некој на 15 години да ти каже дека
светот не толку добар? И ете, тогаш се појави Ангел. Имаше 29 години и
беше грд. И сакаше да и помогне на Либерта да сфати дека не е се
црно-бело.
- Сивото преовладува – рече тој, и ја погоди Либерта во срце.
Целото срце на Либерта стана сиво. Либерта уживаше. А срцето му го даде
нему.
- Чувај го! – му рече, неможам сама да го издржувам и продолжи,
- Сега се’ ми е јасно! Ќе го заддржам ангелот...ама ќе го викам
Ангел-чувар!
И тогаш (на „тогаш“ се мисли после 7 години) Либерта се подразмисли кога
на телевизија ја виде црвената боја:
- Ангел, ама, тука има и црвена боја?
- Па има и други бои – рече Ангел – само што тие се негативни, послушај ме
мене!
И Либерта го слушаше уште 4 години. И тогаш таа го виде изгрејсонцето во
сите бои.
Беше преубаво. И Либерта ја забоде љубовта со своите заби. Ангел исчезна.
И Либерта остана сама. И Ангел беше сам, за кратко. Сепак, Либерта остана
сама.
И Либерта беше тажна. Тажна како смртта. Тажна како илузијата. Тажна како
животот.
Сосема тажна, таа реши да ги сака нештата уште повеќе. Затоа што, Либерта,
имаше премногу љубов, а штета ќе беше да не ја поклони некому.