т:темплум  

 

ноември
к:
крстевски ѓорѓи


 


и:игра

Цел ден ми се присторува дека има некој зад мене. Чекорам, и чувствувам дека сум следен. Кога и да се свртам, често ненадејно, нема никој. Само некоја сенка ќе претрча по улицата.
 

 


с:сеништа

Ги мразам сеништата, тие ноќни господари на мојот дом што го нарушуваат спокојството што сум го стекнал во текот на денот. А денот, како и секој друг ден, со безброј обврски што ми го одвлекуваат вниманието; воспоставување ред во сеопштото безредие што владее со мојот живот, нешто што ми ја троши силата. Ноќта, која служи за одмор на исцрпеното тело, понекогаш, за мене претставува вистински кошмар: тивок шепот покрај увото, гласови во соседните простории, пеење во бањата, дишење зад грбот, дувкање во тилот. Ужас! Утрата се полни со изненадувања: на четката за коса наоѓам долги црни влакна кои не ми припаѓаат мене зашто одамна сум кратко потстрижен; телефонот не е на своето поранешно место; содржината на полниот пепелник е истурена во чаша со млеко; на мојата омилена играчка од детството, кукла што со години внимателно ја чувам, & недостасува едното око; на тоалетната хартија читам низи испишани бројки кои мене ништо не ми значат. Колку само пцости прелетуваат низ моите мисли! Колку само лутина се собрала во мене! Чувствувам како мојот бес се спрема да избувне како вулкан.
Ве мразам! - извик што секое утро се истргнува од моите гради. - Ве мразам!
Можам да чујам придушен кикот што доаѓа некаде од внатрешноста на ѕидовите.



 


г:гости

Се појавија од никаде, ненајавени. Рекоа дека ме познаваат и, без да ги поканам, влегоа во мојот дом. Си испоседнаа и побараа нешто за јадење и пиење. Почнаа да ми раскажуваат случки од нашите претходни средби на кои јас воопшто не можев да се сетам. Се смееја гласно на своите глупави шеги, пријателски ме тапкаа по рамото, оние поднапиените дури и ме прегрнуваа и бакнуваа трипати во образ. Потоа се испружија на креветите и почнаа гласно да ‘рчат. Стана неподносливо. Кои беа тие луѓе? Се надевав на одговор, но кога се разбудија, ми рекоа дека ќе останат неколку недели, па не би било лошо да ги подготвам гостинските соби. Кои соби, сакав да извикам, зарем не гледате дека живеам во еднособен стан. Меѓутоа, премолчев. Под изговор дека треба да купам нешто избегав оттаму. Сега барам нов дом, нов град, нов живот. Којзнае дали ќе најдам.


 


ф:филм

Вечерва се прикажува најновиот филм од нашата кинематографија. Влезот е бесплатен. Разбирливо, турканици пред вратите на киното.
Две минути по почетокот, повторно турканици пред вратите, но овојпат, сите сакаат да излезат. Редарите не им го дозволуваат тоа. Со ремени ги врзуваат сите гледачи за седиштата, на тој начин присилувајќи ги да го изгледаат филмот до самиот крај.
За да им биде уште помачно, неколку згодни девојки со гас-маски шетаат меѓу редовите и прскаат со солзавец.

    e:електролит конкурс
       
     
  а:актуелен конкурс   а:архива на конкурси
  р:рокови   д:досегашни конкурси
  п:праќање   н:награди
  а:автори   з:застапени автори
  р:раскази   з:застапени раскази
  н:наградени раскази   н:наградени раскази
  в:ваш избор   в:ваш избор
       
       
  д:други текстови   в:вон конкуренција
  п:праќајте ни други текстови (песни, есеи, рецензии...) кои не спаѓаат во рамките на нашиот конкурс...


 
 
     
  в:ваши предлози  
 

п:прашања























































 

  д:дома