ноември
к:ковачевски марко
ш:шах игра
Сосема очигледна е
претпоставката дека нашиот живот, а “можеби смртта” зависи од тоа дали ќе
изгубиме или добиеме една партија шах.
Зарем не мислите дека во тој случај наша прва должност е да ги научиме
барем имињата на сите фигури; да се потрудиме да го избегнеме барем првиот
шах?
Зарем не мислите дека ќе гледаме со презир кон таткото и мајката кои
дозволиле нивните синови да израсната без да го разликуваат пешакот од
коњот?
Зарем не сфаќате дека позицијата е прилично комплицирана? А сепак во
основа е вистината дека животот, судбината или среќата на секој од нас
зависи од познавање на некои правила од една бескрајно тешка и многу
посложена игра од шахот. Неа ја одиграле безброј пати.
Неа ја играме сите.
Во таква игра како “соиграчи” се појавуват една префригана жена и еден
недефиниран глас. Фигурите се природна појава, а правилото на игра е она
што ние го нарекуваме закон на опстанокот. Играчот од друга страна е
невидлив. Знаеме само дека нејзината позиција е потешка. И така се игра
трепеливо и препредено, мирно и подмолно, проникливо, и сепак, на крајот
бескурпулозно.
Знаеме исто така, за жал, дека тој мудро го следи секој наш погрешен
потег, дека ништо не простува како невнимателност на авантурист и
авангардист.
Впрочем се игра допрено-мрднато.
Оној кој губи и не знае да се вклопи, шахиран е без сожаление и брзање во
тешката позициона игра.
Метафората ќе потсети можеби некого на слика која го претставува ѓаволот
како игра шах со човек на кој душата ќе му биде одземена. Заменете го тој
подмолен ѓавол со снажен ангел! Тој игра од љубов и радосно би изгубил за
да се вклучи во сликата на среќниот човеков живот.