т:темплум |
ноември
Додека тој возеше накај градот
го гледав патот како се губи под нас. Цигарата што ја запалив уште кога
тргнавме ја тресев низ малиот отвор од прозорецот а пепелта се враќаше
разлетана на сите страни лепејќи се право на мене. Сакав да го скријам
нередот па ги скрстив рацете на гради и цврсто ги стегав нагоре. По некое
време почнав да ги загледувам рацете на воланот, устата која ја
потсвирнуваше песната од радиото, очите кои гледаа право и речиси не
трепкаа.Тој немаше појма за мојата непријатност и си тераше по скинатиот
пат. Кај мене во зграда зад влезната
врата стојат, Јаворка од приземје, синот на цигарџијата и Добрила, жената
што чисти. Се сретнаа на факултет, тој
брзаше на вежби, таа на студентски. Имаа време само да разменат телефони.
Еднаш излегоа заедно и додека разговараа, таа го гледаше ту во машната ту
во кондурите, го меркаше по рацете, па по рамената. Најмногу се напрегаше
кај забите. Тој ù раскажуваше нешто и кога се погледнаа, пред таа да си
помисли којзнае што, ù рече: “Дојди да те бакнам.”
Ете, се случи и тоа. Ги
претрчавме сите муабети, со сите прашања и возможни и невозможни одговори.
Сега може да си поседиме малку. Крај Вардар општината годинава изгради патека за пешаци и џогери, и до неа уште една, за бајкери и ролери. Сега сите сме покрај реката на чист воздух. Највозбудливо е во недела. Тогаш има и постари жени и мајки со деца и деца со кучиња и кучиња скитници со луѓе скитници. Седнувам на клупа и почнувам да читам, полека се раскомотувам и веќе легнувам кога вниманието полека ме напушта и се препушта на тропотот од штикли кој ми приближува одзади. Веќе е сосема блиску и почнувам да нагаѓам. Тенка ем висока, со плави очи и сама, можеби со другарка. Штиклите веќе ми се забиваат в’ уши и се вртам да видам. Гледам една госпоѓа со маж под рака како му вели дека не може веќе вака оти било крајно време нешто да се стори. |
e:електролит конкурс | ||||
а:актуелен конкурс | а:архива на конкурси | |||||
р:рокови | д:досегашни конкурси | |||||
п:праќање | н:награди | |||||
а:автори | з:застапени автори | |||||
р:раскази | з:застапени раскази | |||||
н:наградени раскази | н:наградени раскази | |||||
в:ваш избор | в:ваш избор | |||||
д:други текстови | в:вон конкуренција | |||||
п:праќајте ни други текстови
(песни, есеи, рецензии...) кои не спаѓаат во рамките на нашиот конкурс... |
||||||
в:ваши предлози | ||||||
п:прашања |
д:дома |