т:темплум  


2007:октомври/ноември
општ конкурс


с:серафимовски оливер








 

в:враќање

Замина преку ноќ. Велеа дека отишол в туѓина, како што слушнале, во Франција. Си поставуваа комшиите многу прашања:„Зошто? Кога? Како?. Плетеа најразлични приказни, седнати на столбчето пред вратата на Соломон, кој ги гледаше од својот прозорец, од високо. Пуста тетка Ката, стуткана, мораше да ги слуша комшиите на секое нејзино поминување низ улицата. Цинично ќе ја прашаа дали нејзин Митко пишува од далеку, гледаа со исцуцулени вратови во дворот кога ќе влезеше поштарот со полна торба пратки. Да, ги интересираше што пратил сега Митко од туѓина.
Бев средношколец, и Митко го знаев од дете. Постар беше дваесетина години од мене. Висок, црнопурен и слабичок. Ист чичко Јованче, татко му. Се сеќавам, едено сабајле слушнав само дека Митко заминал некаде. Ќе ги начулев ушите, кога постарите зборуваа за Митко, и ќе слушнев за независна Македонија и дека бил непријателски елемент кој работел против државата Кој непријателски елемент? Па, Митко беше мирно човече кое ни на мравка не газеше. Во гласните расправии некој ќе викнеше:
-„Добро праеше стариот со таквите!- а некој ќе го удреше и тивко ќе искоментираше:
-„Што знеш ти за тоа!- и дискусијата ќе добиеше на жар. Навистина, многу работи не можев да разберам, па ќе го прашав татко ми што е работата со Митко, а тој само ќе ме погледнеше. Знаев дека погледот му кажуваше само едно: „Земми да учиш, а не Митко да те интересира„. Ќе излезев во дворот, а таму под јоргованот, дедо ми ја пушеше којзнае која по ред цигара. Ќе клекнев до него, ќе ме погалеше со старите раце и ќе ме прашаше:
-„Што дума имаш внучко?„- и ќе вдишеше длабоко од качакот.
- „Зошто Митко замина од дома?„- како од пушка ќе го испукав прашањето до дедо ми, а тој само тивко ќе ми одговореше:
-„Секој со својата мака, внучко! Секоја планина-своја тежина! Гледај книгата, внучко!„- и останував повторно без одговор.
По многу години дознав дека Митко бил член на некоја илегална организација која се залагала за независна Македонија и голем број од нејзините членови избегале од државата. Дел од нив завршиле по затворите во тогашна Југославија, а еден дел кој избегал преку граница, на многу чуден начин им завршувал животниот век. Тетка Ката, стуткана, немаше ни трга ни глас од својот Митко. Ќе дојдеше кај мајка ми на кафе и секогаш тивко ќе почнаа да зборуваат кога ќе се спомнеше Митко. Тивко и плачеше. Минуваа години. Удри и земјотресот, а Митко го немаше. Жена му Марија, го чекаше до денот кога се појави трговскиот патник од Опатија. Ги зеде децата на Митко и замина… таму, далеку во Опатија. А, машкото му беше слика во очите.

* *
*

Тоа утро беше необично. Студено, а почеток на септември. Тргнав за на работа. Се уште светеа уличните светилки. Немаше никој. Јас сам и мојата сенка. Некаде пред бакалницата на Симе, се стаписав. Во пресрет, со еден куфер во рацете, кон мене одеше тој. Митко. Се стаписав. Чудна топлина ми го исполни телово. Одеше по полека, остарен, ослабен, но тоа беше Митко кој го паметев од дете. Стоев и го гледав. Ми се доближи, го спушти куферот и силно ме прегрна. Почна да плаче. Низ солзи прошепоти:
-„ Мажиште си станал, кога ќе те жениме!„- ме стискаше силно, но и јас него. Митко се врати, ми помина мисла.
- „Враќањево мое ќе биде пекол!. Знам и од кого ќе горам…Дојди после да се видиме и да си поприкажеме!„- му потврдив со главата и продолжив кон автобуската станица. Цел ден во главата ми беше Митко. Сите ме прашуваа зошто сум толку расположен, но немав сили да им објаснувам. Важно ми беше дека Митко жив и здрав се врати дома.
Цела улица беше собрана кај тетка Ката. Лицемери и сеирџии. Сакаа да дознаат што можат повеќе и потоа да ја продадат лагата надвор за да им се исполни празната душа. Ги слушав и не сакав да поверувам дека така си го полнат малограѓанското его. Митко беше смирен. Разговараше со секого, му кажуваше како е таму…во туѓина.
Минуваше време, а Митко чувствуваше дека зад грб сите го исмејуваат. Се сетив на неговите први зборови кога прв пат се видовме отткако се врати. За пеколот кој го чекаше. Пеколот му го приредуваа неговите сестри, но и лицемерите со празни души. Му префрлаа дека е будала и што донел за сиве овие години во странство. Тажно беше Митко да го гледаш како родот негов го убива. Ката, скршена, гледаше како децата родени го јадат како пилци посилни. Ќе седеше со дедо ми и низ солзи ќе му се испуштеше како подлизурковци и мочковци за кловн го имаат. Но, таа болка печеше помалку од другата, поголемата. Неговите деца, неговата слика, Крсте. Одеше во Опатија, но отткако ќе се вратеше, душата на Митко беше скршена уште повеќе, на милион ситни стакленца. Сам, без најмилите, за него немаше живот. Тоа го повторуваше многупати.
-„Мамо, стави гравче за ручек! Не знам што е работава, ама денес грав ми се јаде! Тавче направи го, како што само ти знаеш!„- и тргна кон каналите што се копаа во близина. Тоа Митко работеше. Копаше канали. Тетка Ката, среќна сета, дојде кај мајка ми на кафе. Додека го пиеа и кажа дека Митко е на работа, а таа ставила грав да и се вари зошто на Митко денес душата му горела за тавче-гравче. Замина среќна.
Одмарав на стариот кауч кога слушнав писок од дворот на тетка Ката. Ја држеа двајца милиционери. Се стрчав по скалите и за момент се најдов на улицата. Сите комшии, злобни души, беа околу неа и ја тешеа.
-„Митко се отрул!!!„- само тоа го слушнав и нешто ме пресече. Се тргнав на страна и плачев. Да, плачев за Митко комшијата. Оној Митко, чие враќање беше пекол. Пекол од кој немаше излез. Пекол од зборот сестрински, души лицемерни… пекол од животот.

* *
*

И денес, се присеќам на Митко комшијата. На масата стои тава со грав. Не можам залак да ставам во устава. Го гледам тањирот полн, но вкусот е горчлив. Да, како душата на Митко комшијата и неговото враќање во пеколот.
 







 

ш:шамар

... Силно го удри по левиот образ. Тоа беше силен шамар. Му поцрвене, но во истовреме и тој. Го допре со раката. Беше топол и имаше чувство дека раката му гори. Ја погледна, но во нејзините очи можеше да види само омраза и гнев. Но, зошто? Немаше потреба од ваква реакција од нејзина страна, бидејќи тој со ништо немаше придонесено таа да се однесува вака. Секогаш беше колку што може коректен и нејзините чувства за него беа на прво место. Почна да вреска колку што ја држеше гласот:
- „Лигуш еден, што е, да не те боли? Да не заборави нешто?- викаше и мавташе со рацете. „Да не заборави да го свртиш и другиот образ, па да осетиш уште малку оган у тоа тиквата, деген...!„- ја поднамести косата, го погледна и тргна кон вратата, ја отвори и со сета сила ја тресна. Стоеше стаписан. Се уште го држеше образот, но не од болката, туку од зборовите кои ги слушна. Не му се веруваше. Очите му беа искоколени. Се повлече неколку чекори наназад и седна на табуретката. Ја потпре главата на рацете и во себе се запраша: „Со што ли го заслужив ова?„.

* *
*

... Беше потпрен со главата на автобуското стакло. Се возеше во непознат правец. Се качи во првиот кој му дојде. Не го погледна бројот на автобусот, бидејќи не му беше битен. Размислуваше за шамарот за кој беше убеден дека со ништо го немаше предизвикано. „Зошто?„- постојано си го поставуваше ова прашање. Но, немаше одговор на него. Почуствува дека некој го гледа цело време. Ја подигна главата и виде едно дете како го гледа. Му се насмевна и стана. Се помести неколку места наназад и се фати за држачот. Детето и понатаму го гледаше, искривувајќи го вратот. Наеднаш почуствува дека сите патници во автобусот него го гледаат. Можеби имаше се уште црвенило на образот, па затоа нивниот поглед беше вперен кон него. Се фати за него и кога застана на првата станица, се симна. Тргна по врелото сонце, го избиваше силна пот. Седна на првата клупа која му се најде на патот. „Зошто?„- повторно си го постави прашањето, но немаше никаков одговор.

* *
*

... Силно го удри по левиот образ. И овој шамар беше силен како и претходниот. Повторно го допре со раката. Целиот гореше. Истиот поглед на омраза и гнев. „Зошто?„- си го постави по којзнае кој пат прашањето, но повторно немаше одговор. Токму кога сакаше да ја праша, таа почна да вреска:
- „Да не сакаш да ме прашаш зошто ти е шамаров? Е, па откриј сам! Малку дрмни си ја главата, може и да ти текне!„- ја погледна, а таа продолжи со поголема жештина. „За жив кур не те бива! Лигуш еден, не можеш веќе ништо да ми дадеш! Да знаеш само како ме дупи тој... целиот го примам, знае како и што ми треба! Со него се чувствувам жена... само како ме ебе, да можеш од негде да не гледаш и да учиш...„- не му се веруваше што слуша. Па, зарем е тоа таа? Таа што ја сака? Зарем, тоа беше причината на овие силни шамари?.Сигурно, за да си ја отрезни главата и да види каков глупак бил. Дека требало да биде ѓубре кое ќе ја скрши од мавање и со тоа посилно ќе го цени. Зарем тоа требало да го стори? На таков ли начин да ја добие нејзината љубов и доверба. Не... тој и во најлошата ситуација, кога бил ваден од кожа не помислувал да ја опцуе, а камоли да ја удри. Се струполи на креветот и го покри лицето. Не пушти солза, иако сакаше да ги пушти да течат. Не од болката, не од слушнатото, туку од неговата заслепеност и верба во искреноста. Ја сакаше и по сето она што му го кажа. Дали беше мазохист и уживаше во болката која му ја приреди. Не... или можеби и да беше штом не изреагира на нејзините зборови. Ја погледна и ја виде злобната насмевка на нејзиното лице. Во што ли беше заљубен? Во жена или ѕвер? Како да не ја познаваше. Ја зеде малата торбичка и со сета сила ја тресна вратата. Се уште седеш стаписан на креветот и си го постави стопати поставеното прашање: „Зошто?- но немаше одговор.

* *
*

... Одеше по темната уличка. Немаше никој. Му се враќаа сликите. Дали требаше на друг начин да реагира. Немаше одговор. Се чувствуваше скршен, не од нејзините зборови, туку од неговото слепило и искрената верба во луѓето. „Зарем, мене да ми се случи ова? Ваков шамар? Зошто?„- и повторно немаше одговор. Одеднаш слушна кикотење. Тргна, кон звукот. Беше љубопитен да види што се случува. Дојде до ивицата на зградата. Го слушна женското кикотење зад аголот. Ја подаде главата и во истиот момент ја повлече. Го обли студена пот. Зад аголот беше таа, со нејзиниот... што и да и беше тој. Повторно ја подаде главата. Ја држеше цврсто за бутините. Силно влегуваше во неа. Таа силно се држеше за неговиот врат. Тивко стенкаше. Ја зафрлаше главата наназад на секое негово влегување во неа. Не му се веруваше дека може да наиде на нив и навистина да види колку добар ебач е тој. Го избриша челото. Ја подаде главата за да види како се одвива толку фалениот чин. Силно ја сврте. И се залепи лицето за фасадата од зградата. Силно пенетрираше во неа. Вресна. Се посилно и посилно. Таа си ја гризеше раката. Само слушна дека го моли да влезе посилно. Се повлече. Го почувствува шамарот. Образот му се тресеше. Го слушна силното трескање на вратата. Стоеше неколку секунди и почна силно да трча. Солзите сами лизгаа по неговото лице. Трчаше се посилно. Не ги чувствуваше нозете.

* *
*

... Тргна со раката да го удри. И ја фати и неколку секунди и ја држеше. Ја гледаше неколку секунди право во нејзините очи полни со омраза и гнев. „Зошто?„- се праша, но немаше одговор.
- „Ајде... удри ме! Што е? Немаш г’з ни да ме удриш... да знаеш колку пати ме удрил и потоа толку добро ме дупел!- и ја држеше раката и ја гледаше право во очите. И ја пушти раката и тргна кон вратата. Слушна како му довикува, но не се сврте. Ја отвори и колку што го држеше силата ја тресна.

* *
*

... Помина доста долго време откако беше сам. Ја немаше покрај себе жената или ѕверот. Имаше неколку врски, но тоа не беа врски во вистинската смисла на зборот, туку повеќе за задоволување на неговото машко, повредено, его. Се се сведуваше на неколку вечери проследени со добар секс... и толку. Не чувствуваше ништо кон ниту една од тие со кои беше. Добро ќе ги „намачкаше„, а потоа како последно машко ѓубре ќе им се насладуваше. И, нормално ќе ги отфрлеше. А, колку тој однос го мразеше. Но, во него секое чувство беше изумрено. Секакво... ниту омраза, ниту љубов.
... Ја удри силно. Овој шамар и него го заболе. Ја повлече раката. Таа го гледаше. Го допре зацрвенетиот образ. Тој го спушти погледот и се фати за раката. Немаше ниту омраза, ниту љубов во неговите очи. Го прегрна цврсто и почна да плаче.
- „Те сакам... те молам да ме сакаш...„- не реагираше на овие нејзини зборови. Се сети на шамарот кој тој го доби пред многу години. И тој сакаше силно. Сакаше... што беше тоа?. Ја турна од себе. Тргна кон вратата. Слушна како силно го моли да се врати и дека го сака. Не се сврте. Ја отвори и силно ја тресна, колку што го држеше силата.

    e:електролит конкурс
       
     
  а:актуелен конкурс   а:архива на конкурси
  р:рокови   д:досегашни конкурси
  п:праќање   н:награди
  а:автори   з:застапени автори
  р:раскази   з:застапени раскази
  н:наградени раскази   н:наградени раскази
  в:ваш избор   в:ваш избор
       
       
  д:други текстови   в:вон конкуренција
  п:праќајте ни други текстови (песни, есеи, рецензии...) кои не спаѓаат во рамките на нашиот конкурс...


 
 
     
  в:ваши предлози  
 

п:прашања































































































































































































































































 

  д:дома