т:темплум  


2007:октомври/ноември
општ конкурс


н:николовска милена








 

п:пресликување

Замина преку ноќ. Велеа дека отишол в туѓина, како што
Тој e уметник што пресликува. Во пресликувањето на реалноста, во нејзиното бавно и прецизно восоздавање на платното го наоѓа совршенството во уметноста. Не ја сака слободата на изразувањето, не ја сака фантазијата, не сака да го разубавува светот во своите дела, го сака онаков каков што го гледа и сака токму таков да се најде на неговото платно. И на некој необјаснив начин успева да го направи тоа. Ја доловува секоја линија од предметот, секој пресек во просторот, секој нејасен премин меѓу преднината и заднината, ниту една ситница не успева да му побегне на неговото извежбано око. Тој e волшебник што на платното создава нов, а сепак постоечки свет, насликан, а повторно исто толку жив и толку убав и неубав како и реалниот.
Но што се случува и до каде оди неговото совршенство во сликањето на светот денес? Стои покрај реката со платното пред себе и со четката и боите во своите раце, загледувајќи се извесно време во пејсажот пред себе и потем наведнувајќи се кон белото платно и влечејќи едноставни потези со четката, го пресликува она што на неговиот поглед му се нуди како слика. Најпрвин совршено небо се појавува на неговото платно, совршено сино, совршено бело, совршени облаци, кои се движат по платното, исто како и на небото пред него, потем совршено сонце, кое ја подало својата глава на хоризонтот и блеска жолто, црвено, портокалово...
Но ја подига тој одново главата за да види што е следното што неговата четка треба да го пресоздаде на платното и занемува од изненадување. Го нема небото над него, го нема ниту сонцето, исчезнале којзнае како од од просторот пред него. На нивното место останало само празнина, белина, како што до пред малку имаше на неговото платно. А таму, кога ќе погледнае повторно, ете ги, постојат, живеаат, сосема исто како и до предмалку во реалноста. Му се присторува ли тоа, или навистина се случува?
И сепак, продолжува да слика. Ги слика ридовите, прегрнатите дрвја што опасно се наведнале надолу како да се држат едно со друго во страв да не се стркалаат во реката, змијулестата река и скршените гранки што пловат на нејзината површина, брегот обраснат со висока и пожолтена трева, а неговата четка успева да ги пронајде дури и задреманите скакулци помеѓу густите ливчиња.
Но повторно, штом погледнува пред себе, сето тоа почнува да исчезнува; и дрвјата и реката и тревата и скакулците ги нема, ништо не останува од мирниот пејсаж пред него. Ново огромно бело платно стои пред неговите очи, како да чека да бидат истурени боите врз него. Го погледнува својот цртеж. Таму се пресликала сета природа совршено, исто онака каква што навистина е. Или, каква што беше до предмалку. Дали и го украде светот на реалноста и го оживеа на своето платно, дали е тоа она совршенство на неговото дело кон кое се стремеше? И кое, сега, можеби може да опстои само таму? И може ли четката да го наслика истото одново на новото бело платно пред него? И кој е сега всушност реалниот свет, оној што исчезна, или оној што го создаде?
Цврсто ја стегнува четката во раката и ја полека ја подигнува нанапред кон белината што го заслепува.

    e:електролит конкурс
       
     
  а:актуелен конкурс   а:архива на конкурси
  р:рокови   д:досегашни конкурси
  п:праќање   н:награди
  а:автори   з:застапени автори
  р:раскази   з:застапени раскази
  н:наградени раскази   н:наградени раскази
  в:ваш избор   в:ваш избор
       
       
  д:други текстови   в:вон конкуренција
  п:праќајте ни други текстови (песни, есеи, рецензии...) кои не спаѓаат во рамките на нашиот конкурс...


 
 
     
  в:ваши предлози  
 

п:прашања







































 

  д:дома