т:темплум  


2007:октомври/ноември
жанровски конкурс


к:кузманов љуба








 

г:газдарица

Секогаш ми биле чудни, дури и ме нервираа оние луѓе кои живееа во колективни станбени згради, што живееа во станови и своите соби ги издаваа. Можеби мојата нерасположеност кон таквите луѓе беше некоја претпоставена алчност која го смалува просторот на дејствување на издавачот на соби, но го зголемува неговиот буџет. Веројатно ми се гадеше и од помислата дака некој буквално сите адути ги користи, ги користи најлесните начини за да дојде до некоја пара плус. Но мојата нерасположеност кон таквите луѓе и ситуации не повлијае врз мене кога пред околу месец изнајмив соба во еден таков стан. Кога заѕвонив се појави жена околу педесет години, добро држечка, со добра политика кон брчките, со негувани раце, и пред се со онаа боја и ритмика на гласот што те занесува кога го слушаш звукот, на гласот, кога содржината на кажаното не те засега.
Така се вселив во последната празна соба. Осми спрат, кревет, маса, стол, шкаф, прозорец со поглед на околниот рид. Ме запозна, газдарицата, со останатите двајца кираџии: С и Д. Животот им се вртеше околу триесетата. Уште веднаш се повлеков во својата соба и не сакав да создавам блиски односи со никого од нив.
Работев во еден ебан драгстор на дваесет минути пеш. Кога завршував со работа обично одев кај една девојка(студент) и пиевме. Не се ебевме. Само пиевне заедно. Навистина многу пиевме. Кога не одев кај девојката се враќав во собата и ништо нарочно не правев, не можев да читам, не можев било што, не знам што барав во тој ебен драгстор. Да го ебам не знаев што барам од животот. Кога бев во драгсторот најмногу што сакав е да не сум таму. Едвај чекав да ми заврши смената. Во собата се чувствував одвратно, затоа најчесто ја користев за спиење. Драгсторот го мразев.
Се враќав во собата една ноќ после втора смена работа и посета на девојката што ми беше другар. Беше околу три часот сабајле. Отклучив и влегов во темното претсобје. Од собата на газдарицата влегуваше плава светлина. Слушнав некио звуци. Се доближив до вратата. Ѕирнав. Призор: жесток секс меѓу газдарицата и Д. Д седеше на кревет а оваа го јаваше. Како само се ебеше старата, како дваесетиедногодишна. Старата имаше збудалувачка кондиција. Сигурно е на спид, помислив. На Д очите му беа затворени. Газдарицата го ебеше на мртво. Го растураше. Газдарицата стенкаше. Д јачеше.Газдарицата дејствуваше. Д трпеше.
Стоев во темното претсобје. Буквално бев невидлив за нив. Но при таков секс ретко кој би забележал видлив човек.Сепак, зошто беше отворена вратата? Можеби страста, нагонот дотолку ги заведила. А, можеби и не.
Д: Стани, стани ќе свршам!
Газдарицата се подигна и полека се спушти на колена. Беше искусна, дозволи спермата на Д да се спушти.
Го зеде пенисот. Го стави в уста. Почна да го пуши. Кога пенисот беше пред експлозија газдарицата ја отвори устата и дркајќи го целиот сврш го собра во устата. Не дозволи да потече. Целото семе на Д го голтна. Газдарицата и нејзиното величество- спермата.
Се упатив полека накај собата. Влегов. Имав ерекција но не можев да дркам. Ме чудеше од каде силата газдарицата да се ебе така. Набрзо заспав..
Еден ден некој затропа на мојата врата. Станав од креветот и отворив. Тоа беше газдарицата. Седна на креветот. Седнав на столот.
"Која смена си денес?"
"Не сум."
"А, слободен си."
"Аха."
"Баш спремам јагнешко на маџарски начин, миже да јадеме заедно. Важи?"
"Важи."
За време на ручекот:
"Знаеш, сама жена не може се да пристигне. Да се отиде не пазар, да се симне до продавница, да се излупи, да се спреми зеленчукот, да се направи ручек, да се измијат садовите, да се исчисти станот, да се смени сијалица, осигурач. Ти би можел да ми помагаш по малце, онака како хоби понекогаш кога не можам да превтасам, а јас би ти приготвувала нешто за јадење, знаеш готвено си е готвено, а и ќиријата ќе ти ја смалам, тебе и онака ти се потребни повеќе пари. Онака како хоби, а?"
"Важи."
Размислував како ќе го поминам денот. Да одам кај жената другар, во парк, одамна не размислувам за кино, да се сетам кои ми се пријатели, да останам в соба, не, нема што да правам, ќе излезам, но најпрво морам да серам.

    e:електролит конкурс
       
     
  а:актуелен конкурс   а:архива на конкурси
  р:рокови   д:досегашни конкурси
  п:праќање   н:награди
  а:автори   з:застапени автори
  р:раскази   з:застапени раскази
  н:наградени раскази   н:наградени раскази
  в:ваш избор   в:ваш избор
       
       
  д:други текстови   в:вон конкуренција
  п:праќајте ни други текстови (песни, есеи, рецензии...) кои не спаѓаат во рамките на нашиот конкурс...


 
 
     
  в:ваши предлози  
 

п:прашања


































































 

  д:дома