т:темплум  


2007:октомври/ноември
жанровски конкурс


к:ковачевски марко








 

е:една партија

Шах.

Можеби подобро мислите отколку што играте?
Зошто секогаш не го играте она што го мислите?
Дозволете, но се гледа она што го играте, а не она што го мислите!
Партијата ни е во криза, заради вас.
Изгубени сте на сите полиња.
А сеуште со сила ја одржувате својата позиција.

Шах.

Вашите потези се погрешни.
Потезите што ги ветувате се секогаш подобри.
Зошто не ги исполнувате ветувањата?
Зошто тешките фигури ви стојат секогаш на едни исти места?
Што не ги размрдате малку?
Вие барем знаете дека од тешките фигури се зависи.
Познато е: тешките фигури грешат – жртви се лесните!

Уште еден шах.

Ме копка. Зошто откога ќе увидите дека играте погрешни потези и понатаму ја играте истата игра?
Зошто кога ќе забележите дека партијата ја водите лошо, не се повлекувате?


XXXXXXXXXXXXXXXXXXX ц е н з у р а


Па вие барем од оваа партија искористивте се што можеше да се искористи!
Партијата се предава – од ваша страна, тоа би било фер да го признаете.
Инаку брзо ќе бидете матирани!

    e:електролит конкурс
       
     
  а:актуелен конкурс   а:архива на конкурси
  р:рокови   д:досегашни конкурси
  п:праќање   н:награди
  а:автори   з:застапени автори
  р:раскази   з:застапени раскази
  н:наградени раскази   н:наградени раскази
  в:ваш избор   в:ваш избор
       
       
  д:други текстови   в:вон конкуренција
  п:праќајте ни други текстови (песни, есеи, рецензии...) кои не спаѓаат во рамките на нашиот конкурс...


 
 
     
  в:ваши предлози  
 

п:прашања



















 

  д:дома