т:темплум  


2007:октомври/ноември
општ конкурс


j:јолдески ненад








 

п:пасивност

Ловам мува со погледот и тешко закован седам на фотелјата. Таа не ми досадува мене, не слетува врз мене, не ми брмчи во ушите. Но јас дефинитивно и досадувам неа. Сигурно сега кова план за бегство, да се тргне од мојот љубопитен поглед. Дури прави и обиди да излезе од станот и никогаш да не ме види. Но залудно. Јас ја гонам. Го следам секое нејзино движење дури и ми се причинува дека можам да го слушнам забавено замавот на крилјата. Го отстранувам од фокусот нервознот зуење и го претворам во бавна симфонија. Мислам дека таа вежба нешто. Некој вид на мувји балет. Станувам за да ја видам подобро, а таа нервозно бега. Повторно и се доближувам а таа наеднаш застанува на мојот нос. Неможам да ја видам. Ме фаќа паника. Ми се одмаздува. Сега јас сум проколнатиот а таа господарот. Ме гледа и ја заситува душата со црн мед на одмазда. Веќе не сум сам. Украдена ми е приватноста, до мене неможат да пристигнат сите вести. Бавно ја подигам левата рака а по неа и десната. Земам сила и ги судирам дланките пред мојот нос. Ги отворам и ја гледам мртва. Сега имам приватност, мртва мравка и сонлив поглед.

    e:електролит конкурс
       
     
  а:актуелен конкурс   а:архива на конкурси
  р:рокови   д:досегашни конкурси
  п:праќање   н:награди
  а:автори   з:застапени автори
  р:раскази   з:застапени раскази
  н:наградени раскази   н:наградени раскази
  в:ваш избор   в:ваш избор
       
       
  д:други текстови   в:вон конкуренција
  п:праќајте ни други текстови (песни, есеи, рецензии...) кои не спаѓаат во рамките на нашиот конкурс...


 
 
     
  в:ваши предлози  
 

п:прашања



 

  д:дома