2007:октомври/ноември
општ
конкурс
ј:јанев марко
г:години:19
п:професија/интереси:
прва година на Факултетот за ликовни уметности, отсек сликарство
и:интереси:
се што е во областа на уметноста, инспириран сум од Буковски и најгрдите
човечки особини
п:пигус
Ноќта беше мрачна. Без ѕвезди,
со тмурен воздух кој ја наведнуваше главата на секој граѓанин. Светлото од
една куќа ги поткрена сите глави и го осветли градот. Дури и некои слепи
го приметија тоа..... и некои глуви. За брзо
време дворот пред куќата беше преполн со граѓаните. Нивните темни испиени
лица со насмевка го чекаа појавувањето на чудото. Сите разочарано си
отидоа кон своите '“домови” кога мајката го крена чудото. Обично дете со
плави очи. Уште едно безнадежно пораѓање, си помислија тие.
Ноќта беше мрачна. Без ѕвезди, со тмурен воздух кој ја наведнуваше главата
на секој граѓанин. Светлото од една куќа ги поткрена сите глави, и го
осветли градот. Дури и некои слепи го приметија тоа.....
и некои глуви. За брзо време дворот пред куќата беше преполн со
граѓаните. Нивните темни испиени лица со насмевка го чекаа појавувањето на
чудото. Овој пат беше подруго сите го чувствуваа тоа. Слепите, сакатите и
останатите се влечее по земјата да го видат од близу чудото. Малку
изгледаше чудно но секако дека беше чудо. Дебело, со кратки нозе, мало
опавче, издолжена муцка и шилести уши. ПРАСЕ. Тивко пекаше а народот му се
поклонуваше. Уште како мал растеше со венци околу вратот и свети носии, со
секакви влечуги по себе кои беа среќни зашто го пратат избраниот. ”ПОРК
ПОРК ПИГ ПИГ” проповедаше месијата, а народот го запишуваше сето тоа.
Нашиот спасител “Пигус е меѓу нас и ке не извади од темнината”, збореше
народот. Тоа беше вистина. Секоја наказа од градот па и подалеку беше
излечена. Нивните деформирани фаци беа покриени со насмеани свински маски
од картон. Тие свети производи се продаваа често, а при самата обработка
беа благословувани од самиот спасител. Неговите дела и неговата слава ги
бодеа очите на владата. Мора да дознала од некаде. Светиот Пигус се
посомнева во Муда, но не сакаше да открие. На јавниот доручек, Пигус ги
собра најблиските влекачи и им наговести “ПОРК ПОРК ПИГ ПИГ”. Сите ронеа
солзи кога го слушнаа тоа. Другиот ден Муда го баци Пигус а стражарите го
фатија и заклаа. За кратко време со салати околу телото и јаболка во
устата, Пигус беше испечен. Ѓраганите немаа што друго па секој по малку си
отчепи парче месо, додека лицето на нивниот спасител со јаболка во устата
зачудено ги гледаше.
ф:фамилија
дебилија
Тројца дебили и една згодна
не-буква ги запознав на моето крстарење низ земјата ЦХ. Решив да се симнам
од бродот и да поминам некое време со нив. Беа тоа прекрасни денови. А вие
упорно мислите дека јас раскажувам за луѓе-дебили. Не, не овие дебили
немаат ништо поврзано со луѓе, тие се едноставно дебили. На пример нашето
запознавање е најдебилно. Здраво јас сум Марко, Дебил, јас сум Марко,
Дебил, Марко, Дебил, Марко, Згодна не буква. Нивните тела: тројцата дебили
имаа само цицки, стомаци и задници. Со цицките се движеа, поздравуваа и
“работеа”. Со стомаците само јадеа, а со задниците зборуваа. Додека овие
дебили постоеја вака нивната Згодна не-буква изгледаше овака. Прекрасно
мирисаше, имаше и она задник, цицки и стомак но нејзините беа умерени. Ако
ме прашате на што најмногу ми личи, не сум сигурен, но би ја споредил со
некој вид на женски род. За да ги разликуваме дебилите и покрај тоа што
нема разлика мегу нив ќе ги именуваме со бројки. Најстариот е Дебил1,
помладиот кој е глава на цела фамилија а со тоа и најголем дебил ке биде
Дебил2 и најмалиот кој ги следи стапките на број2 (БРАВО ТАКА ТРЕБА) ке
биде Дебил3. Згодната не-буква да не биде без ич ќе ја викаме само “С”,
тоа е доволно. Нивниот почеток, начин на живот и нивната функција во
животот.
Почеток :
Самиот почеток не се знае но како што истражував дознав дека никнале од
никаде, па затоа споредните улоги околу нив кои се најнебитни ги сметаат
за суштества од пеколот. Но јас не би рекол така бидејки ако се деца на
Луцифер(а) би биле лукави како и самиот он, но таа способност ја немаат.
Ако се божји деца би биле исполнети со знаење, топлина, би виселе на крст
и ред други особини. Така да навистина не знам од каде се. НО, тука е
гордоста на фамилијата Дебилија, Дебил2 кој ке студира и ке истражува за
своето потекло, незнаејки дека нема нешта како нив.
живот :
Не би го нарекол ова живот но немам соодветен збор, така да нека биде
“живот”.
Дебил2 и Дебил3 од цел свој “живот” зборат само неколку години бидејки по
“случајна грешка” едниот ќе си го изеде својот дел, па ќе го изеде и на
другиот. Кога велам дел не мислам на делче туку на оброк за четворица.
Останатите од фамилијата функционираат просечно но доволно за да се
наречат дебили.
Начинот на живот:
Начинот на живот е доста комплициран. Нормално да се стане од спиење рано
попладне, да се посети тоалетот и најбитното кое сите го чекаат да се
испразни цела цистерна храна, па повторно во тоалет. Каков интересен
живот, просто им завидувам. Функцијата ако ја има воопшто е да им сметаат
на останатите, да ги нервираат сите во околината и да бидат центар на
вниманието, кога се зборува за измет нормално. Тоа што сметаат на другите,
и ги нервираат не значи дека грешат. Па тие се безгрешни, а не знам зашто
останатите не ги поднесуваат. За разлика од другите јас си поминував многу
интересно. Секогаш кога ќе се видиме се случуваше нешто ново. Или едниот е
во ЊЦ, а другиот јаде или обратно. Никогаш не сум ги сретнал како прават
исти работи. Нормално свесни се за монотонијата и затоа ја рушат на секој
можен начин.
Интересно е тоа што имаат чудна сличност со нас лугето. Како што растеме
ние така и созреваме, па така и они како им се дуат се повеќе и повеќе
стомаците стануваат се повеќе и повеќе дебили. Гледате развитокот е
присутен низ целиот универзум. Си направив уште една споредба мегу нас и
они. човек учи додека е жив, дебилот јаде додека не пукне.
н:ние и нашето
Ние сурфаме по брановите на
животот, ја јадеме смртта, па затоа гавраните плачат. Ние возиме низ
тунелот со огромна брзина, но на крајот ГОЛЕМАТА УСТА ја игра својата
улога. Не распнаа на почетокот на календарот, не распнуваат и сега. Ние не
избравме душа со ограда бидејки не се плашиме од лопови. Нашите души се
безконечни дворови со најразлични плодови. Ги поставивме оградите поради
извитопереното општество. Но нашите искривени ликови сеуште и се смеат на
смртта и на сите световни стравови.
ж:„Живко“
Здраво се викам живко. А
ти?Мило ми е што се запознавме. Сакаш да прошетаме да поразговараме?Мило
ми е што прифати. Вчера имав прекрасен ден. Од сабајле го чистев креветот
на дедо ми бидејки е стар и болен и не е способен да отиде до тоалет.
Другиот дел од денот го поминав со него лежејки, му помагав да си ги
намести протезите и протезата за левата нога. Легна да одмори малце, по
извесно време приметив дека починал. Рипнав од креветот и истрчав надвор
да се јавам во амбуланта. Времето беше прекрасно, толку многу врнеше и
грмеше што лекарите одбија да дојдат, така да јас морав нешто да сторам.
Бидејки не можев исто да се грижам за неговиот и мојот леш, го завиткав во
чаршав и го ставив под кревет. Малку се налутив кога видов дека ги зел
протезите со себе, затоа што морав да го вадам од под кревет, да го
одмотувам, да му ги извадам протезите и пак да го замотам и да го вратам
под креветот. Го направив тоа, си ги наместив протезите, се облеков во
негов костим и еве ме сега посреќен од било кога.
d:dead
things
Ken't enimor
* Стискањето на брадата ми нанесе болка, ми ја укочи вилицата. Цевката ја
префрлив на слепочница. Не беше тоа обична цевка, беше кратка, полна со
ѓаволчиња кои ги плукаше без срам. Глупачата ме плукна и ми остави трајни
последици, мислам дека потрајни нема. Не знам
само што заврши побрзо?!
Звукот на истрелот или мојот кадар во филмот.
* Маја, Саша, Тони, Дона и уште некои беа имињата што денес ги
запознав. Каква корист од нив? Само полнење на исушениот ум со непотребни
информации. Уф како би ги заборавил сите што предизвикуваат било какви
чувства во мене. Како би им ги откорнал фаците по кои ги памтам. Без
милост би им ги растргнал нивните животи во мене. Без милост.
* Ние свињите постојано го регенерираме нашиот мозок. Прво го топиме во
салото, па го исфрламе, и потоа повторно го внесуваме во нас.
* Навлезени во сенката ги пребледуваме лицата, уживаме во сушењето на
мозокот и во неуспехот на пороците. Сурфаме по ѓубриња и се храниме со
трачерска смеа.
* Јас сум крадецот. Крадецот кој ги украде сите одвратни особини и се
создаде себеси.
* Мртовец кој чека да се роди, за да умре славно и стане легенда.
* Кога би избирал начин на самоубиство, би избрал да се викам Перо.
* Цело време ги трошев зборовите на глупости, кога заќутевме останав
празен со една мисла. Што сега да кажам?
* Во расправијата помеѓу две чавки победи погласната. Не затоа што е
повеќе гласна, туку затоа што другата победи во својата глава.
* Би набројувал гомна цел живот. Но зашто би трошел време кога тие немаат
разлики. Исто име, исти особини, исто смрдат, ист изглед.
Би се издвоил само себе, бидејки ширам неподнослива смрдеа.
* Напишав две-три реченици, и одма се пресоблеков во писател. Запалив
цигара и уживав.
* Не ми е јасно ова;
како покрај сите најдобри пријатели и луди ноќи, единствени до крај
пријатели ми се главоболката и мамурлакот, кои не ме оставиле ниеднаш на
цедило досега.
Еби ме
* Еби ми ја главоболката која ми го исполнува секојдневието, и еби ми го
секојдневието исполнето со главоболка. Еби ми ја левата рака зашто не
визира, а десната зашто не сака да црта. Еби ги двете зашто се способни
само да дркаат зависи од која страна е курвата. Еби ми ги нормалните
родители и помалата сестра која плови мртва во закржлавените јајца на
татко ми. Еби ми ја главата во која почива зрно мозок. Еби го последниот
здив и врати го назад да ги поминам овие гомна уште еднаш.
* Се плашиме да избереме страна, па затоа остануваме со кур во рака на
средина.
* Душата задоволно ме напушти, надевајќи се дека ќе се реинканира во
подобро тело.
* ЈАДАТ ГОМНА, едноставно сите... ЈАДАТ ГОМНА. Едноставно во магла сме и
бараме излез, бараме начин за секојдневието. Бараш пријатели, бараш курви,
бараш се за да си ги исполниш потребите. Изгубени сме и слепи, а маглата
ги гризе очите и го суши грлото, немаш право на помош.... мораш сам.
* Сакатиот дух се закачил за слепото тело, и тргнале по мрачните патеки.
На телото му тежел духот, а духот немал сили да се додржи за неговите
рамења. Се договориле да се разделат, надевајки се дека ќе се сретнат
повторно, но со повеќе сили за да се издржат.
Телото: збогум мој сакат водичу.
Духот: збогум мој слеп водичу.
Моментот кога се разделија, исчезнаа незнаејќи каде, и смртно се покајаа.
* Целото тело ми трепереше кога дозна дека е мртво. Не дека му падна криво
зашто е такво, туку зашто цело време мислеше дека е живо.